СТАРЕЦ ЕФРЕМ КАТУНАКИСКИ
– Радоста на Исусовата молитва

Колку само мирјани (световни луѓе) ја изговараат умно-срдечната молитва. Колку мирјани на изглед се обични световни луѓе, а во својата длабочина и суштина се монаси. Она што е најважно, затоа што има голема сила и големо значење, е пред полноќ, барем половина час, или околу девет и пол – десет часот навечер, кога ќе ги завршиш сите свои обврски, да седнеш и да ја изговараш Исусовата молитва.
Но, внимавај: токму во тој час или ќе заѕвони телефонот, или ќе те совлада поспаност, или ќе те нападнат богохулни помисли. Во тој момент ништо од тоа не смее да те вознемири. Исклучи го телефонот. Заврши ги сите свои работи и посвети се само на Исусовата молитва.
Само половина час, ништо повеќе. Седни и изговарај ја оваа молитвичка. Збор по збор. Со разбирање:
„Господи Исусе Христе, помилуј ме.“
„Господи Исусе Христе, помилуј ме.“
Така моли се, со копнеж, со смирена молба, со солзи во срцето:
„Господи Исусе Христе, помилуј ме.“
И по краток временски период, во зависност од твојата чистота и ревност, ќе спознаеш и ќе пронајдеш:
Првото што ќе го пронајдеш е радоста.
Радоста ќе ти даде поттик, волја и ќе ти помогне почесто да ја изговараш молитвата. А молитвата ќе донесе уште повеќе и уште поголема радост.
Поголемата радост ќе те поттикнува уште почесто да ја изговараш Исусовата молитва. Така, радоста ја раѓа Исусовата молитва, а Исусовата молитва ја раѓа радоста.
И ќе стигнеш до онаа точка кога ќе кажеш:
„Јас сум најсреќниот човек на светот.“ ☦️
14.06.2026
fb


























