
Ако безумник те навредува, не те навредува човек, туку ѓаволот; човекот по природа е разумен.
Ако озлобен човек те прогонува, не те прогонува човек, туку ѓаволот; човекот по природа е благ.
Ѓаволот те поттикнува на долги расправии и бесплодни разговори, а од доброто дело бега.
Направи добро дело во името Христово, и ѓаволот ќе побегне; а тогаш ќе имаш работа со луѓето, со вистинските луѓе: побожни, разумни и благи.
Но, сè што правиш, прави го во името Господово.
Свети Владика Николај Велимировиќ
12.09.2026


























