логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 ДЕЛ ЧЕТВРТИ

(Продолжение)

5. НЕГОВОТО ΒΡΒΗΟ АПОСТОЛСКО ДЕЛО ВО ЗАПАДНА ΕΒΡΟΠΑ. - Уште во почетокот, на своето доаѓање на Запад, Архиепископ Јован си поставил задача да испитува и открива имиња на малку познати Божји угодници, кои во првите векови на христијанството проповедале за Господа Исуса Христа меѓу европските народи. За некои од нив на Исток се знаело нешто, додека на Западот имињата ма бројни подвижници и проповедници биле сосем заборавени. Ова се должи на големите промени, кои настанале од 11-от век наваму.
За да ја оствари својата цел, овој неуморен Владика имал чести мисионерски патувања низ Европа. Тој посетувал гробови, па и храмови, каде што се чувале чудотворни мошти на светители; успеал да открие и нивни житија, како и  икони. Сите овие знаци биле доказ дека овие продолжители на апостолското дело меѓу европските народи во почетокот биле почитувани и внесени во Православниот календар, но отпосле имињата им биле изоставени во Календарот и заменети со други; па така, за месното население овие свети луѓе останале непознати.
Благодарение на вложениот труд, придружен со ретка упорност, ревносниот Владика успеал да открие и осветли десетици ликови на заборавени светители. Во нивна чест тој одржувал и Свети Богослужби, со што успеал да ја врати древната православна традиција кај не мал број верници од месното население.
Прв светителски лик, осветлен од него, бил ликот на Свети Ансгариј. Пред архијереите на Задграничната Црква прво било претставено житието на овој докажан проповедник, подвижник и чудотворец, а потоа Архиепископ Јован предложил името на овој Божји угодник да биде внесено во Православниот календар и тоа име да се слави, како што се слават и сите други во Православната Црква. Предлогот бил прифатен и оттогаш овој светител повторно се слави (3-ти февруари, ст. стил). Не е за одминување фактот дека овој Христов проповедник бил современик на сесловенските првоучители и просветители, Свети Методиј и Свети Кирил, како и тоа дека неговото рамноапостолско дело било од исто значење со она на Светите Браќа. Имено, Свети Ансгариј бил прв просветител во верата Христова на народот во Данска и во Шведска, а се упокоил во Господа 865-тата година.
На Епископското советување (1952 г.), одржано во Женева под претседателство на Архиепископ
Јован, бил предложен на архијереите од Претседавачот и Список со имиња на дваесетина светители, кои во древноста, со својата проповед меѓу европските народи, вршеле и извршиле апостолско дело. Списокот ги содржи имињата на: Свети Потин, кој бил испратен од познатиот Свети Поликарп да проповеда за Христа во древна Галија (денешна Франција); како Епископ во градот Лион, овој светител пострадал за Христа во 177. година. Во истиот град тогаш маченички го завршиле својот земен живот и поголем број христијани, т.н. Лионски маченици; меѓу овие, откриени се имињата на Свети Александар, Свети Епиподиј и Света Блондина.
Понатаму се споменуваат: Свети Иринеј Лионски, кој пострадал за Господа Исуса Христа во 202-та година; Свети маченик Виктор, бил Епископ во градот Марсеј; Свети Хонориј, основач на значајниот Лерински манастир (во близината на градот Марсеј); значајноста на манастирот била во тоа, што од него произлегле повеќе големи подвижници и црковни писатели. Еден од писателите бил и Свети Викентиј Лерински, кој е познат по својата неголема, но значајна творба за Светото Предание. Според него, Преданието по важност е еднакво со Светото Писмо. Меѓу другото, тој вели дека под Црковно Предание се разбира она, кое секаде, секогаш и од сите се верувало и се верува. Тоа значи: За вистинска вера во Христа да се признава само она, што ни е предадено од Светите апостоли, кон кое се придржувале Светите оци, како и сите вистински црковни пастири и учители. На крајот изведува заклучок: „Она што ни оставиле Све¬тите оци како правило на верата, треба секому да биде пред очите, за да се претпазиме од сите лукавства, новововедени од еретиците." (Архиепископ Јован се придржувал кон ова „правило" и затоа бил за православно толкување на Христовото учење!).
Понатаму во Списокот се редат: Света Геновева, заштитница на Париз; Свети Герман Париски, Свети Клод, Свети Луп Тројски, Света Клотилда, Свети Илариј Поатиски, именуван „Атанасиј на Западот", зашто со голема ревност се борел против аријанската ерес; Свети маченик Фелицијан, Свети Герман Оксерски, Свети Колумбан, Свети Гал, Свети Фридолин, Свети Патрикиј, просветител на Ирска.
---------------
Со акцијата за откривање на славни имиња на заборавени светители, Архиепископ Јован покажал дека тој е застапник на онаа чиста апостолска вера, проповедувана и ширена од првите Христови ученици и од сите нивни продолжители во древноста и сегашноста. Затоа, оние што правилно ја сфатиле неговата мисија и него го нарекле „Апостол на Западот". Во која смисла? Во таа што тој, како едномисленик на своите претшественици, самиот бил инспириран од нивните подвизи и дела, а и на другите укажувал дека не е доволно само да се знае за овие Божји угодници, туку треба и да се оди по нивниот животен пат.
Навистина, апостолскиот труд на овој Архијереј бил награден со тоа што почнала да се враќа православно-христијанската традиција кај бројни верни¬ци на овие простори; благодарение нему, инославни Европејци почнале да се враќаат кон верата Православна, вера на нивните прадедовци; со оваа појава биле создадени услови за образување црковни општини во духот на Светото Православие. Најпрвин такви биле организирани во Франција, а потоа - и во Холандија. За овие верници Архиепископ Јован богослужел на француски; односно - на холандски, како што практикувал порано во Битола да служи и на грчки, потоа  во Кина на грчки и кинески, а најпосле - во Сан Франциско и на англиски јазик. Со ова се потврдува неговиот вселенски дух, што многу негови собраќа - Архијереи го немале.
Па така, замислата на овој Архипастир да организира помесни цркви во Западна Европа почнала да се остварува; со тоа бил крунисан неговиот апостолски потфат и труд. Добар почеток, достоен за продолжување!

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

vozdvizenie.jpg

Борис Кр. Бошковски
СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ
(1896. - 1966.)
Животот, дејноста и чудесата на Свети Јован (Максимович), Скопје 2001

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан

Издава
Свети Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква

 СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (6)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (5)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (4)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (3)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (2)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (1)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (12)

 СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (13)

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2082
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2100
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 541
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная