логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПИСМОТО НА ЕПИСКОП ПАЛАДИЈ ДО ГОЛЕМЕЦОТ ЛАВС

Ја пофалувам твојата желба. Вистина, ти заслужуваш моево писмо да го започнам со пофалба: бидејќи додека сите итаат по суетните работи, од кои немаат никаква корист, ти собираш книги и љубиш да учиш. Единствено на Бога сесветиот не Му е потребно да учи, оти Он е самобитен, и пред Него нема друг, а за сите други созданија учењето им е потребно, бидејќи се создадени. Првите ангелски чинови за учител ја имаат Севишната Троица; другите се учат од првите, а третите од вторите, и така со ред до последните. Оние кои се посовршени во знаењето и добродетелта ги поучуваат тие што се несовршени во знаењето. Впрочем, оние кои мислат дека не им се потребни учители, страдаат од болеста незнаење, која, пак, е мајка на гордоста, и затоа не им се покоруваат на оние кои ги учат со љубов. На таквите луѓе на патот на пропаста им претходат ѓаволите, кои поради гордоста отпаднаа од небесниот живот и летаат по воздухот, бидејќи и тие ги отфрлија небесните учители. Но, учењето не се состои во зборови и слогови оти таквото учење го имаат понекогаш и најлошите луѓе, туку во добрите особености на карактерот: добродушноста, бестрашјшста, храброста, негневливоста и смелоста, која, пак, и зборовите ги раѓа како огнен пламен. Кога не би било така тогаш Големиот Учител не би им рекол на Своите ученици: поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце (Мат. 11, 29). Он Своите апостоли ги учеше не на накитена говорливост, туку на благиот карактер, и никого не изобличуваше освен оние кои го мразат учењето и учителите. Затоа душата која се подвизува спрред Христа треба или самата потполно да гоизучи она штоне го знае,или другите јасно да ги учи на она што го научилги Ако. пак, таа не го прави ниту едното ниту другото, тогаш таа страда од лудило. Бидејки заситеноста од учењето и презирањето на учењето, по кое постојано копнее богољубивата душа, е почетокот на отпадништвото. Ти испраќам поздрав, и што е најглавно, Бог нека ти го подари познанието Христово.

ВОВЕДОТ НА ПИСАТЕЛОТ ВО ЖИВОПИСОТ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ

Мнозина зад себе оставија многу множество различни списи, кои се однесуваат на различни епохи. Некои пишуваа според вишното вдахновение и богодадената благодат, за поука и окрепување на оние кои со искрена намера следуваат на учењето на Спасителот. Други, пак, пишуваа залудени од човекоугодничката и лоша намера за охрабрување на суетните. Трети, пак, повторно пишуваа зафатени од некое лудило и дејноста на добромрзителот ѓаволот, и во својата гордост и гнев планираа пропаст на лесномислените луѓе и лага на непорочната вселенска Црква, и со таквото пишување ги наведоа душите на безумните на одвратност кон чесниот и свет живот. Така мене смирениот ми се стори добро, поради надежта во Христос, и почитувајќи ја заповедта на твојата великодушност, ти голем љубителу на науката, најнапред да ти раскажам се што се однесува на мене и на напредокот на мојата душа во добродетелта Божја, започнувајќи од мојата младост.
Тоа беше триесет и третата година од мојот живот со браќата и од осаменичкиот живот, односно дваесеттата од моето епископство, и педесет и третата од моето раѓање, кога се решив поради духовна корист, на тебе кој тоа го сакаш, да ти ги опишам делата на светите отци и светите жени, како на оние кои самиот ги бев видел, така и на оние за кои слушав од најверодостојните лица, со кои живеев во Египетската пустина, и Ливија, и Тиваида, и Сиена, во чија близина се таканаречените Тавенисиоти, потоа во Месопотамија, Палестина и Сирија, и во западните краишта, Рим и Кампанија и нивната околина. Мојата желба е во оваа книга да ти изложам потполно и точно се од почетокот. Оваа книга да ти биде прекрасен и душекорисен потсетник и непрекинат лек на вистината. и со неа да ја одгонуваш секоја дремливост која во душата се јавува од неразумната страст, секој сомнеж во верата, секоја неодлучност и ситничарство во работите, секоја опуштност и малодушност во карактерот, гневот, неразумното бунило и бесмислениот страв. И уште, та со неа да ја избегнеш суетата на овој распадлив свет, и со постојаната желба да напредуваш во надежта на Бога и во делот на побожноста, станувајќи водач на себеси, и на своите другари, и на своите потчинети, и на благочестивите цареви. Сите христољупци итаат преку вакви-те славни дела да се соединат со Бога. Ти треба секој ден да го очекуваш заминувањето на твојата душа од телото, како што е пишано: Сакам да умрам и да бидам со Христа (Филип. 1, 23); и: Уреди ги работите надвор од куќата, сврши ги на нивата своја (Изрек. 24, 27). Бидејќи оној што постојано се сеќава на смртта како нешто неминовно што мора да дојде и не ќе задоцни, таквиот не ќе падне со голем пад, како што е напишано: Во сите твои работи спомнувај си за твојот крај, и никогаш нема да згрешиш (Мудр. Сир. 7, 39). Немој да ги забораваш сите овие мои напомени, ниту да ги презираш простотата и неукрасеноста на мојот стил, бидејќи да се зборува накитено не е работа на божественото учење, туку да се убеди душата со причини на вистината, како што е кажано: Отворај ја устата своја за слава Божја... и праведно суди (Изрек. 31, 8.9); и уште: Не потценувај го говорот на старците, зашто и тие се учеле од своите родители (Мудр. Сир. 8,11).
Следувајќи на ова правило, вистинољубив Божји човеку, јас се состанував со мнозина светители. И самиот, не од празна љубопитност, патував по триесет дена, па и два пати по толку. Зборувам како пред Господа, јас на моите патувања пешки ја пропатував целата римска земја и радосно ги поднесував сите маки по патот, штом ќе сретнев богољубив човек и ќе добиев од него нешто што го немав. Бидејќи кога и блажениот апостол Павле, кој е многу пати подобар од мене и од целиот свет, и мнозина ги надминуваше со својот начин на живеење, со знаењето и духовниот разум, го презеде патувањето од Тарс во Јудеја, за да ги види Петар, Јован и Јаков, за што самиот пишува со еден вид на пофалба, ги спомнува своите напори со желба да ги поттикне оние кои го поминуваат животот во мрзливост и неработа, и вели: Отидов во Ерусалим за да се видам со Петра (Гал. 1, 18). Значи, кога и тој не се задоволи само со тоа што го слушнал за добродетелта на Петар, туку самиот копнееше лично да се состане со Него, толку повеќе требаше тоа да го направам јас, кој сум должник на десет илјади таланти (алузија на Матеј 18, 24), не затоа што би можел да направам некое добро на светиите. туку да користам за себе грешниот. Бидејќи и оние кои ги опишуваа животите на отците, Авраам, Исаак, Мојсеј и Илија и другите, тоа го правеа не за да ги прослават, туку за да им користат на читателите.
Знаејќи го тоа, верен и чесен Христов слуго, Лавс, и потсетувајќи се себеси, поднесувај го трпеливо нашево дрдорење, чија намера е да го сочува побожното расположение на твојата душа која е изложена на видливите и невидливите бури на злото, и која може да ги ужива мирот и тишината единствено преку постојаната молитва и духовното самообработување. Оти мнозина од особено богобојажливите браќа, допаѓајќи си се самите на себе поради своите подвижнички трудови и милостини, и фалејќи се со својата безбрачност и потполна невиност, и надевајќи се во изучувањето на божествените зборови и делата на ревноста, сепак не го достигнаа бестрастието. Немајќи духовно расудување, и под изговор на побожноста, тие станаа жртви на болеста која се појавува во делата на празната љубопитност, од која, пак, се раѓа зла дејност, која ја искоренува добрата дејственост - мајката на духовното самообработување.
Затоа те молам, биди јунак во секоја мудрост и немој да натрупуваш богатство. Ти веќе доброволно така постапи, бидејќи го намали своето богатство разделувајќи го на несреќниците. Со таквата работа ти и послужи на добродетелта. Ти не се предаде на некаква моментна одушевеност и неразумна предвремена одлука, или на желба да им угодиш на луѓето, и својата слободна волја не ја ограничи со заклетва, како што тоа го направија некои, кои со суетното натпреварување во непиење и нејадење ја заробија својата слободна волја со судбоносна заклетва и жално подлегнаа или кон љубовта кон овој свет и униние, или во телесни болести, или во желбата за некакво уживање, и така ја нарушија заклетвата. Впрочем, ако разумно јадеш и разумно се воздржуваш, никогаш не ќе згрешиш, оти разумот во нас е божествен и тој го изгонува од нас тоа што е штетно, а го прима корисното. Бидејќи, според зборовите на апостолот, законот не е поставен за праведникот (1. Тим. 1, 9). Бидејќи подобро е разумно да се пие вино, отколку со гордост да се пие вода. Те молам, погледни на оние што разумно и побожно пијат вино, кои, пак, се свети луѓе; и оние кои непромислено и со гордост пијат вода, а се несвети и расипани луѓе. И повеќе немој да ја омаловажуваш или фалиш храната, туку да ја сметаш за блажена или жалосна душата на оние кои добро или лошо ја употребуваат. Во стари времиња Јосиф пиеше вино кај Египќаните, но не му наштети на својот разум, оти својата душа ја држеше под контрола. Питагора, Диоген и Платон, пак, пиеја вода, а исто така и манихејците и другите таканаречени философи, но со нескротливоста на своите мисли тие дојдоа до таква суета, така што не знаеја ниту за Бога Творецот и ги обожуваа мртвите идоли. Блажениот апостол Петар и другите негови ученици, употребуваа по малку вино, та затоа Јудејците му приговараа на нивниот учител, Господ и Спасителот на сите луѓе, велејќи: Зошто учениците Јованови и на фарисеите постат, а Твоите ученици не постат (Марко 2, 18). Во друга прилика, пак, неверниците ги нападнаа учените, и им префрлаа велејќи: Зошто вашиот Учител јаде и пие со митници и грешници (Мат. 2, 18). Јасно е дека тие не би нападнале само поради лебот и водата, туку тоа го направиле поради јадењето и виното. И повторно, кога тие сосема неразумно го осудуваа пиењето на вино, а го фалеа пиењето (само) на вода, Спасителот им рекол: Оти дојде Јован, кој не јаде, ниту пие, - и сосема е јасно: не јаде месо и не пие вино, бидејќи без друга храна тој не би можел да живее - а велат: ,Бес има.' Дојде Синот Човечки, Кој и јаде и пие, и велат: еве човек ненаситен и пијаница, пријател на митниците и Грешниците' (Мат. 11, 18-19) -бидејќи тој и јаде и пие.
Тогаш што да правиме? Да не одиме по оние што осудуваат, ниту по оние што пофалуваат, туку или со Јован да постиме разумно, та макар и да ни велат: ѓаволот е во вас; или со Исуса мудро да пиеме вино, ако тоа му е потребно на нашето тело, та макар и да ни велат: еве луѓе јадачи и пијаници. Оти вистина, ниту јадењето е нешто, ниту воздржувањето е нешто, туку верата која преку љубовта се пројавува во делата. Бидејќи кога  верата го следи секое дело, тогаш оној кој поради верата јаде и пие - не подлежи на суд, а се што не е според верата, грев е (Рим. 14, 23). Но, кога некој од сластољупците или од онше кои во нешто грешат, рече: јас имам вера, или, потпирајќи се на верата, прави нешто според неразумната желба или според расипаната совест, тогаш тој греши. Бидејќи Спасителот заповеда: По нивните плодови ќе ги познаете (Мат. 7,16). Родот, пак, на оние што живеат според божествениот разум и духовната мудрост, како што вели апостолот, е следново: љубовта, радоста и мирот, трпението. благоста, добрината, верата, кроткоста, воздржувањето, чис-тотата (Гал. 5,22-23). Бидејќи и блажениот Павле вели: Родот на Духот е ова и ова. А дека, пак, оној кој се грижи да здобие такви родови нема неразумно или безвремено или нецелисходно да јаде месо, или да пие вино, или да трпи во себе нечиста совест, покажува повторно истиот блажен апостол Павле, велејќи: Секој што се бори, од се се воздржува (1. Кор. 9, 25). Ваквиот човек, кога телото му е здраво, се воздржува од масни јадења, а кога тоа е болно, или е во мака, или во тешкотии, или во неволји, тогаш тој ќе ги употреби јадењата или пиењата како лекови за излекување, и ќе се воздржува од се што и наштетува на душата: од гнев, завист, суета, униние, озборување и неразумно промислување, и притоа ќе му благодари на Господа.
Откако веќе доволно зборував за ова, јас на твојата вистинољубива душа ќе и предложам уште една поука. Колку што е можно избегнувај ги средбите со луѓе чие присуство не ти дава корист и кои на недоличен начин ја украсуваат својата кожа, та макар и да се православни; а за еретиците, пак, и да не зборувам. Тие ќе ти наштетат со своето лицемерие, та дури и кога изгледаат многу стари, со побелена коса и збрчкано чело. Бидејќи, да претпоставиме дека тие не можат ниту малку да ти наштетат поради благородството на твојот карактер, сепак, трпејќи го тоа божемно малечко зло, ти можеш да се надуеш и да се возгордееш, и да ги исмееш, а тоа, пак, ќе ти штети. Но најдобро е да пријдеш до осветлениот прозорец и да бараш средби со светите луѓе и жени, та со нивна помош да бидеш способен јасно да го видиш своето сопствено срце и да го прочиташ како некоја ситно пишувана книга, и по патот на споредбата да ја најдеш во себе и својата мрзливост и својата грижливост. Многу работи сведочат за нивнатаблагост: бојата на нивните лица, која доаѓа од начинот на нивниот живот, и изгледот на нивната облека, и простодушноста на нивниот карактер, и скромноста на нивните зборови, и нивната смиреност во однесувањето, и неизвештаченоста на нивното изразување, и облагодатеноста на нивната душа, и мудроста на нивните мисли. И Господ ќе ја засили твојата кроткост и на сите оние кои следуваат на целта на побожноста, та макар и да се случи да се наоѓаш во униние или во некоја друга неволја. Бидејќи, како што вели мудроста: Облеката, држењето и начинот на одот покажуваат каков е човекот (Прем. Сир. 19,27).
Впрочем, започнувајќи со изложувањето на животот на светите отци, јас не ќе пропуштам да ги споменам ниту оние по градовите, ниту оние по селата, ниту оние во пештерите, ниту оние во пустините, а ќе ги додадам и оние кои се наоѓаат во општожитијата. Бидејќи главниот предмет на нашето истражување не е местото каде што тие живееле, туку начинот на дејственоста на нивната слободна волја, преку која со помошта Христова живееја ангелски живот.

 

 

Издавач:

ЃаконијА

Скопје, 2002

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел

Преведе: ѓакон Игор Никовски

vozdvizenie.jpg

 

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2082
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2100
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 541
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная