Преподобен Андреј Рубљов

Првите податоци за неговиот живот се поврзани со Троицко-Сергиевата лавра, која најверојатно била негово прво училиште. Неговото световно име не е познато, а во „Преданието за светите иконописци“ е наречен Радоњешки: «Преподобен отец Андреј Радоњешки, иконописец, наречен Рубљов, насликал многу свети икони, сите чудотворни»


Владата и одговорните институции, вклучително и Националниот конзерваторски центар - Скопје, поддржани од средства од Министерството за култура, во изминатите пет години ја имаат во своите приоритети заштитата на оваа црква. Овој клучен напор кулминираше со спроведување на конзерваторски проект за ѕидно сликање.
Спасителот е претставен како седи на рацете Симеонови, но не како обично новороденче, туку како четириесетдневен цар на престолот. Христос со Својата десна рака го благословува Симеон, кој е наведнат над Него, а во левата има свиток со којшто го разрешува од гревовите. На иконата на Сретение Спасителот со лицето не е свртен кон Мајката, туку кон Симеон, и таквата положба на Христовата глава укажува на особеноста на Неговото служење, која се препознава и тогаш,
Иконата на празникот е повеќе или помалку достоверно изобразување на Протоевангелието, со композиција слична на Рождеството на нашиот Господ Исус Христос, за кое раѓањето на Марија претставувало подготовка. Ана е прилегната на кревет, слично како што самата Марија е прилегната на иконите од Христовото Рождество. Под Ана, детето Марија го измиваат бабици, исто како што детето Христос Го мие Саломија на иконата од Неговото раѓање.






















