логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Вчера, во знакот на културна прослава, беше свечено отворена ретроспективната изложба на познатата уметница Анета Светиева. Настанот се одржа во галеријата Даут пашин амам, каде што присуствуваа бројни ентузијасти, критичари, колеги и пријатели.

На изложбата беа претставени бројни дела од сите фази на нејзината уметничка кариера, што ги опфаќаат нејзините најважни и најиновативни проекти. Гостите имаа можност да го дофатат светот на нејзината уметност и нејзината инспирација и развој низ годините. Оваа ретроспективна изложба не само што претставува можност за длабоко запознавање со нејзината уметничка приказна, туку и поттик за понатамошни креативни подвизи. Настанот го проследи живиот дијалог со нејзиното целовито и комплексно творештво, кое одразува богата приказна за слоевитоста на животот и уметноста.
Изложбата е дел од големата заложба за претставување на нејзиниот опус, кој ја пречека во својата полнота, благодарение на долгогодишната соработка и доверба во одржувањето на овој проект од страна на Националната галерија на Македонија.

Директорката на Националната галерија, Маја Неделкоска Брзанова, ја истакна важноста на оваа изложба како заокружување на мисијата да се презентира богатството од уметнички дела што ја отсликуваат автентичната македонска идентичност и вредности. Таа ги нагласи напорите вложени од страна на институцијата и поддршката од организациите што помогнаа во реализацијата на овој проект. Во својот говор, таа ја потенцира личната посветеност и искреноста во творештвото на Светиева, чие дело се гради врз длабоки митолошки, етнолошки и духовни теми.

Покрај тоа, кураторката Викторија Васева Димеска ја изрази благодарноста за честа да биде дел од овој проект. Таа ги нагласи трудот и посветеноста што ги вложија сите учествувачи за да се долови суштината на експозицијата. Во својата изјава, таа зборуваше за комплексната природа на делата, што ја истражуваат слоевитоста на човековите емоции, страдања, радости, љубов и страст, како и симболиката што ја носат митските и археолошките форми.

Тие дела не само што се инспирирани од традицијата и верувањето на македонскиот народ, туку и создаваат магична слика за човековите најскапоцени аспекти и непрекинливата врска со митологијата,откривајќи го духовниот свет што без прекин ги допира нашите животни и духовни прашања.
Се надеваме дека оваа изложба ќе ја поттикне јавноста да се потопи во магијата на уметноста, истражувајќи го богатството на нејзините митолошки приказни и лични траги што ги пресекуваат границите на времето и просторот.

Како личност која долги години директно е вклучена и го следи развојот на националниот уметничкиот потенцијал, државната секретарка при Министерството за култура и туризам Марија Ѓоргова, ја сподели радоста и честа за долгогодишното пријателство со Светиева како личност, уметник и професор. Во името на министерството истакна дека Проектот е особено значаен бидејќи ја следи монографијата за Светиева, која беше издадена во 2023 година, и во целост ја зацврстува трајната вредност на нејзиното творештво. Со ова, долгогодишното истражување и следење на богатата уметничка кариера на една од најважните македонски скулпторки добива своја довршна форма.

На вчерашното отворање на ретроспективната изложба на Анета Светиева во Даут пашин амам, како исклучително важен културен настан, придружени топли зборови и честитки кон уметницата упати и претседателката Гордана Сиљановска Дафкова. Истакна дека мала земја, како нашата, со скромни ресурси може со гордост да застане пред човечките и интелектуалните потенцијали на нашиот народ, особено во доменот на културата и културното наследство. Да се биде современик на творештвото на Светиева е особено задоволство. Со задоволство ја констатира родовата застапеност во организацискиот тим на проектот во целост и го истакна значењето на Националната галерија на македонската културна мапа.

Атмосферата беше одлична, а благодарение на присутните критичари, уметници и поддржувачи, јавноста доби автентичен поглед во светот на уметноста на Светиева.

Ретроспективната изложба ќе биде отворена за јавноста во Даут пашиниот амам до крајот на август 2025. Оваа изложба е дел од програмата на Националната галерија за сеопфатно презентирање на македонските современи уметници кои ја кројат нашата ликовна сцена.

Национална галерија на Република Северна Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

30/05/2025 - петок

Св. апостол Андроник; Светиот маченик Солохон; Св. Стефан, патријарх Цариградски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная