логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 TviTER939

Повик на Митрополитот Повардарски г. Агатангелкон македонскиот православен народ

На 05. 10. 2025 година, на денот кога Светата Македонска православна црква - Охридска архиепископија го чествува празникот на Сите Македонски Светители, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес ќе се одржи традиционалниот Семакедонски православен христијански собор.

Семакедонскиот црковно-народен собор, почнувајќи од 1998 година, веќе дваесет и седум години по ред се одржува во првата недела од месец октомври, кога нашата Света Македонска православна црква го има востановено овој македонски црковен празник на кој се одбележува споменот на Сите Македонски Светители од сите епохи и векови. На овој благочестив ден за нашиот македонски народ, на едно место, во огромен број, масовно се собираат православните христијани од сите македонски градови од цела етничка Македонија, како и од сета поблиска или подалечна дијаспора. Првата недела од месец октомври не е случајно избрана. Во далечната 1958 година, од 4 до 6 октомври, во катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Света Софија“ во Охрид се има одржано Вториот Црковно-народен Собор, на кој е донесена Одлуката за возобновување на Славната Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Токму во чест и спомен на овој исклучителен историски настан Светиот Архиерејски Синод на нашата Света Македонска Црква го има востановено чествувањето на овој Семакедонски празник.

Македонските христијани, на овој величествен национален празник, со огромна радост во своите срца се сеќаваат на нашето славно и свето минато. На овој ден ги славиме големите духовни дела и достигнувања на македонските небесни застапници. На празникот на Сите Македонски Светители, македонскиот народ се потсетува и угледува на своите од Бога и од Црквата прославени и просветени предци. Тогаш Македонската Црква им благодари и им се поклонува на нашите славни сонародници кои за време на нивните животи, преку подвизи и разни себеодрекувања Христа Бога достојно Го прославиле во своите срца. Од Апостол Павле, па наваму, преку првата европска христијанка Света Лидија Македонка, преку Светите Седмочисленици, преку Светите отци наши од преродбенскиот период, па сè до Светиот Гаврил Епископот Велички од поново време, на земјата македонска се раѓале и живееле духовни великани кои надалеку го прославиле македонското име. Тие нам ни имаат оставено во наследство огромни спасоносни примери, кои ние во ова тешко и неизвесно време со силна вера и надеж во Господа имаме можност да ги примениме и надоградиме во нашите животи. На овој ден македонскиот народ го изразува и зацврснува своето единство и единомислие во православната вера. На овој начин сплотени, ние истовремено ја покажуваме и својата посветеност кон традиционалните христијански и евангелски вредности, кои во текот на илјадници години го чувале, го граделе и умудрувале овој народ. Христијанските вредности се основна нитка од нашиот македонски национален идентитет, тие се неизоставен дел од она што сме биле, што сме сега и што во иднина ќе бидеме. Затоа е важно да му го дадеме и да го истакнеме вистинското значење на овој Семакедонски Собор кој со својата накана и со својата содржина има за цел да го обедини македонскиот народ, кој со смирена молитва и преку правилен и доблесен живот вечно ќе го сведочи и ќе го чува Бога во нашите македонски срца.

Се повикува целиот македонски православен народ масовно да земе учество и да го збогати со своето присуство Семакедонскиот православен христијански собор, кој на 05. 10. 2025 година ќе се одржи во Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Велес;

- Пречек на Архиереите и почеток на Светата Архиерејска литургија - 08. 45 часот;

- Чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, во сослужение на Архиереите на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и на бројно македонско православно свештенство;

 

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

27/09/2025 - сабота

Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст); Св.царица Плакила; Преп. маченик Макариј Солунски; Преп. Марија Тарсиска;(пост на масло)
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември   2025

Тропар на воздвижение на Чесниот Крст 27 септември/14 септември 2025

Спаси ги, Господи, луѓето Твоии благослови го Твоето наследство,победа на Православниот благоверен народ нашнад непријателите давајќи му,и со Крстот Твој...

Тропар на св. Христов свешт. Корнилиј стотник  26 септември/13 септември  2025

Тропар на св. Христов свешт. Корнилиј стотник 26 септември/13 септември 2025

Господи Боже наш, ти сираци не ги оставаш,оние кои по ликот Твој чезнеат.Христос, о свети Корнилие во познание те приведе...

Тропар на св. Христов свешт-мч Автоном 25 септември/ 12 септември 2025

Тропар на св. Христов свешт-мч Автоном 25 септември/ 12 септември 2025

Светињата ја раздаваше на светите,свештеномачениче Божји Автономе,народот во познание на Бога го приведуваше.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная