логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Самостојна изложба на Верица Ковачевска
„Кога водата ќе секне (When Water Runs Dry)”
16 октомври 2025 (четврток) | Чифте амам | 20:00 часот

На 16 октомври 2025 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, во објектот Чифте амам на Националната галерија на Република Северна Македонија ќе биде отворена самостојната изложба на уметницата Верица Ковачевска со наслов „Кога водата ќе секне (When Water Runs Dry)”, во кураторство на д-р Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија.

Изложбата претставува ретроспективно-продуцирана целина по повод 20 години творештво на Ковачевска и опфаќа осум мултимедијални инсталации – видео, звук, просторни инсталации, цртежи и партиципативни проекти – распределени низ поединечните простории на Чифте амам. Водата е поставена како централна метафора и наративна нишка низ изложбата – како знак на живот и обновување, но и на исчезнување, меморија и загуба. Делата отвораат прашања за архитектонското наследство, урбаните трансформации, колективното сеќавање и екологијата на просторот, испреплетувајќи ги личните наративи со општествените контексти.

Верица Ковачевска (1982, Скопје / живее и работи во Цирих, Швајцарија) е мултимедијална уметница чија практика се одликува со истражувачки пристап, работа со јавен простор и активно вклучување на публиката. Нејзините дела биле претставени на бројни групни и самостојни изложби, како и на фестивали, меѓу кои: Музеј Тингели (Базел), Музеј на современата уметност (Скопје), Хелмхаус (Цирих), Музеј на современата уметност (Роскилде), Фондација Мерц (Торино), Манифеста 11 (Цирих), 4. Московско биенале и Урбан Фестивал 10 (Загреб). Ковачевска има диплома по визуелни уметности со театар и изведба од Универзитетот во Плимут и магистратура по уметности, култура и образование од Универзитетот во Кембриџ. Добитничка е на бројни награди, грантови и резиденции. Од 2023 година е докторант на Универзитетот HafenCity (Хамбург), каде што работи на пресекот меѓу уметничкото истражување, попреченоста и јавниот простор.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 11.11.2025.

Kovac(h)evska.jpg



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

05/12/2025 - петок

Божикен пост; (строг пост)

Св.Калист Царигрдски; св.мч-ка Кикилија

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. епископ Амфилохиј Икониски 6 декември/23 ноември   2025

Тропар на св. епископ Амфилохиј Икониски 6 декември/23 ноември 2025

Пустината тивко очистувајќи го срцето твое, о свети Амфилохие,те припреми да бидеш изведен на Божја служба,тебе кој со ангелот се...

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски  и неговиот сотрудник Игнатиј 5 декември/22 ноември   2025

Тропар на св. патријарх Калист Цариградски и неговиот сотрудник Игнатиј 5 декември/22 ноември 2025

О вие мажи обручени за љубовта Божја,о вие тихуватели кои го запознавте гласот на срцето,Калисте и Игнатие отци наши преподобни,молете...

Тропар на воведение на Пресвета Богородица  4 декември/21 ноември (04.12.2025)

Тропар на воведение на Пресвета Богородица 4 декември/21 ноември (04.12.2025)

 Денес е почетокот на Божјата милости на проповедта за спасение на луѓето.Во храмот Божји јасно Дева се јавуваи Христа на...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная