AICA Македонија го одржува годишниот симпозиум и дискусија на тема:
„Архивирањето како изведување на критичка пракса“
l 20 ноември 2025 (четврток)
l Музеј на современа уметност – Скопје
l 17:00 часот
AICA Македонија (Меѓународно здружение на ликовни критичари) го одржува својот годишен симпозиум на 20 ноември 2025 година во Музејот на современа уметност – Скопје. Во рамки на настанот ќе бидат доделени наградите „Ладислав Баришиќ“ за истажувачки проект и „Борис Петковски“ во три категории и тоа за трајни вредности, за кураторски текст и за истраѓувачки тескт; ќе се промовира изданието „Присуство: Истражувачки текстови на добитниците на наградата ‘Ладислав Баришиќ’“;а и ќе се одржи дискусија со фокус на критичките практики на архивирање.
► Тематска дискусија:
„Архивирањето како изведување на критичка пракса“
Модератор: Билјана Тануровска Ќулавковски
Говорници: Зоран Петровски, Слободанка Стевчевска (OПA), Владимир Јанчевски
Дискусијата ќе се фокусира на тоа како архивите — меѓу кои и музејските колекции — кога се активираат преку уметнички, активистички и кураторски процеси, можат да воспостават нови системи на вредности, солидарност и сеќавање. Потпирајќи се на согледувањето на Чарлс Меруедер за архивата како модерен апарат преку кој се пишува историјата и се воспоставува авторитет, панелот ќе истражи како уметничките практики и независните иницијативи го оспоруваат овој авторитет преку повторно читање и преосмислување на архивата – како простор за создавање нови односи, колективни процеси и нови контексти на значење.
Архивата ќе биде разгледувана како жив, критички и трансформативен простор, место каде личните приказни се среќаваат со колективното сеќавање и стануваат поле за отпор, дијалог и заедничка продукција на знаење.
► Програма на симпозиумот:
1. Воведна реч на претседателот на AICA Македонија
2. Доделување на наградата „Ладислав Баришиќ“
3. Промоција на книгата: „Присуство – истражувачки текстови на добитниците на наградата ‘Ладислав Баришиќ’“
4. Дискусија „Архивирањето како изведување на критичка пракса“
Модератор: Билјана Тануровска Ќулавкова
Говорници: Зоран Петровски, Слободанка Стевчевска (OПA), Владимир Јанчевски
5. Предлози за нови членови на AICA Македонија
6. Промовирање на наградата „Борис Петковски“ и прогласување на добитниците
7. Коктел дружење
Настанот е отворен за јавност.

























