логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ ЃОРЃИ ЈАНИНСКИ, СВЕТИ СПИРИДОН, СВЕТА ТЕОДОРА, СВЕТИ ЈАСОН И СВЕТИ СОСИПАТАР НА ОСТРОВ КРФ - ГРЦИЈА ОД 30 СЕПТЕМВРИ ДО 2 ОКТОМВРИ 2011 ГОДИНА 

 

 
Скопската епархија, со благослов на Негово Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на свети Ѓорѓи Јанински - Јанина, света Теодора и свети Спиридон на островот Крф - ГРЦИЈА.


 1 ДЕН (30.09.2011 петок): Состанок со групата во 04.00 часот пред храмот Пресвета Богородица, спроти МАНУ, па заминување кон Грција. Пристигнувањето во Јанина е предвидено околу 10.00 часот каде најпрвин ќе биде посетен храмот посветен на Свети Ѓорѓи Јанински каде ќе можат поклониците да се поклонат на моштите од светителот. Следи продолжување на патот кон островот Крф, пристигнувањето на Крф е предвидено во попладневните часови, а потоа следи сместување во хотел.
2 ДЕН (01.10.2011 сабота): Будење во 07.30 часот и појадок во хотелот, а потоа ќе биде организирана  посета на манастирот Пресвета Богородица - Палеокастрица,  црквата на Свети Јасон и Свети Сосипатар, црквата Канони, црквата на Света Теодора и црквата на Свети Спиридон. По оваа следи разглед на градот Крф по слободен избор до 20.30 часот, а потоа заминување во хотел.
3 ДЕН (02.10.2011 НЕДЕЛА): Будење во 07.30 часот и појадок во хотелот, а потоа заминување за Игуменица и продолжување на патот за Македонија попатно ќе биде посетен манастирот Панагија Мавритиса во близина на Гревена, а потоа заминување за Скопје, пристигнувањето во Скопје се планира во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.700 ДЕНАРИ, ОНИЕ ПАТНИЦИ КОИ ПОСЕДУВААТ СТАР - СИН ПАСОШ ТРЕБА ДОПОЛНИТЕЛНО ДА СЕ ЈАВАТ КАЈ ОРГАНИЗАТОРОТ. ОНИЕ КОИ ПОСЕДУВААТ БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ ПОТРЕБНА Е САМО КОПИЈА ОД ПАСОШ СТР. 1 И 2.
 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: Патничкото осигурување, автобуски превоз, сместување во хотел на база 2 Н/П, бродски превоз со платени такси во пристаниште на релација Игуменица - Крф - Игуменица и трансвер на горе споменатите локалитети.
Последен рок за пријавување е 27 септември 2011 година до кога ќе треба да се уплати и да се достави копија од пасош.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ секој ден по 13.00 часот на тел. 070 582 588 или на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ili Skype: mopavlovic
Поклониците кои ќе сакаат да понесат дар за гореспоменатите светители, можат да го направат тоа, но во согласност со православната традиција.  
Исто така, доколку некој сака да понесе од дома некоја икона или сличен предмет, за да го положи врз моштите, истото може да го направи и потоа предметот да го врати дома, благословен од светителите.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная