логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Лондон, 20 април (МИА) - Во лондонската кино сала „Принц Чарлс“ во строгиот центар на британскиот главен град од 23 април до 7 мај ќе се одржи Вториот фестивал на македонскиот филм.

Организатор на оваа културна манифестација за презентирање на достигнувањата на филмската уметност во Македонија, како и за запознавањето на британската публика со македонската култура и со поновите и постарите филмски остварувања, е културната група „Круг“ од Лондон.

Годинашниов фестивал, јави дописникот на МИА од Лондон, се отвора со филмот за трагично загинатиот македонски пејач Тоше Проески во кој словенечкиот режисер Бостијан Слатеншек ја пренесува страствената и бескрајна љубов на Тоше за музиката и за песната.

На програмата се и филмовите „Контакт“ на Сергеј Станојковски, потоа два постари филмови - „Среќна нова 49“ на режисерот Столе Попов и „Солунските атентатори“ на поранешниот југословенски и српски режисер Жика Митровиќ, снимен во 1961 година. Истата вечер ќе биде прикажан и документарниот филм „Вода и оган“ на Киро Урдин.

Една вечер на Фестивалот му е посветена на режисерот Антонио Митриќевски, кога Лондонцани ќе можат да ги видат играниот филм „Преку езерото“ и документарецот „Љубовта на Кочо Топеничаров“. Вечерта како специјален гостин се очекува да присуствува авторот на двата филма Митриќевски.

Фестивалот годинава завршува со филмот „Прав“ на Милчо Манчевски. Овој филм на најпознатиот македонски филмски режисер ќе биде прикажан во салата БАФТА на Британската академија за филмска и телевизиска уметност во која секоја година се доделуваат најпрестижните награди за филм и телевизија во Велика Британија, што се означуваат како британски „Оскари“.

Филмот на Манчевски од 2001 година ќе биде прикажан во рамките на добротворната вечера организирана за прибирање прилози за истражувања во леукемијата на која ќе се изврши презентација и аукција на дела на современите македонски уметници. ти/рп/13:24



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

27/04/2024 - петок

Велигденски пости; ( пост на масло)

Лазарова сабота; Свети Мартин Исповедник папа Римски; Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј; Светиот маченик Ардалион Глумец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная