логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 Универзитетските професори имаат законска обврска постојано да го полнат системот со книги, дипломски, магистерски, докторски и со семинарски трудови, за системот да може потоа да одредува оригиналност на текстот, односно да утврди во колкав процент некоја содржина се повторува. Но досега не уловил плагијати и плагијатори    

   
Софтверската програма не е добро уредена, сметаат професорите  

ТРИ ГОДИНИ БЕЗ КОНКРЕТНИ РЕЗУЛТАТИ

Пред три години Министерството за образование и наука претстави систем, кој беше замислено да открива плагијати и да му стави, како што најавуваа надлежните, крај на плагијаторството во земјава. Универзитетските професори имаат законска обврска постојано да го полнат системот со книги, дипломски, магистерски, докторски и со семинарски трудови, за системот да може потоа да одредува оригиналност на текстот, односно да утврди во колкав процент некоја содржина се повторува.
Професорите што ги контактиравме велат дека овој систем не е функционален како што би требало да биде и дека не ја дава реалната слика за плагијаторство. Во Министерството во текот на вчерашниот ден не одговорија колку вкупно документи има во системот и во колку случаи има совпаѓање на содржината.  

Во февруари оттаму информираа дека во базата има вкупно 3.033 документи, од кои 291 дело имаат дури 51 отсто совпаѓање на содржината, односно толкав процент бил препишан.

Барање да се укине

Проф. д-р Живорад Томовски од Природно-математичкиот факултет вели дека сите трудови на студентите се даваат на проверка во софтверот на Министерството. Но, според него, тоа не ја дава реалната слика, оти програмата не е добро уредена.

- Овој систем креира споредба на реченици и зборови. На пример, имате докторат на Факултетот за физичка култура, во кој се среќаваат термини како „движење“, „трчање“. Истите термини ги има и во физиката, која нели е посебна наука. И се случува токму тие зборови да ги даде како препишани, што е апсурдно. Кај нас на факултетот има долга традиција за тоа, како се утврдува дали конкретно дело е плагијат, каква е тежината на делото. Тоа го утврдува рецензентска комисија. Можеби некаде постои систем за сѐ да се открие, но овој нашиот софтвер, кој е создаден, не е добар. Токму затоа баравме од надлежните во Министерството да се поништи и работите да си течат по старо, преку рецензентската комисија и менторот на кандидатот - смета професорот Томовски.

Дополнителен проблем, според него, е и тоа што не се знае во колкав процент во трудот е дозволено да се цитира, за да може истиот труд да не се смета за плагијат.

- Ако преземете нечиј текст, а не наведете од каде ви е и чиј е, тоа дава причини за сомневање дека се работи за препишување - додава професорот.

Систем без резултати

Проф. д-р Татјана Каракамишева, професорка на правниот факултет „Јустинијан Први“, вели дека се знае која е целта што треба да се постигне со тој софтвер, но на крајот тој не дава никакви резултати.
- Јас ја исполнувам законската обврска, ги внесувам трудовите во системот, оти базата мора да се полни. Но скептична сум дека ова може да даде резултати. Може да се случи некој да преведе текст од некоја книга на англиски јазик и да си го напише тоа со свои зборови и да го смета за свој личен труд. Овде се поставува прашањето дали нашиот софтвер е доволно софистициран за да може да ги лови овие појави?
Не е. Во некои развиени држави има ваков систем, кој, на пример, го бои со црвено текстот што е плагијат, со жолто текстот што е парафразиран, а со зелена боја се обојува текстот што е авторски, на кандидатот. Со нашиот систем сме на првично ниво и треба да помине време тој да се надгради и да стане уште пософистициран за да биде ефикасен - смета Каракамишева.

Рецензентите одлучуваат

Дека е потребен ваков филтер низ кој ќе минуваат трудовите се согласни речиси сите универзитетски професори. Но конкретно на Филозофскиот факултет, одговорните се потпираат на членовите на рецензентските комисии, кои расправаат и одлучуваат за тоа што е препис, а што не, што треба кандидатот да исфрли, да додаде и слично.

- Нема дилема дека ваков софтвер е потребен. Но сметам дека е сѐ уште рано да сумираме резултати. Тој мора да се надградува, оти засега системот дава реченици што се поистоветуваат со други. Засега рецензентската комисија е таа што го чита трудот во работна верзија, сугерира што да се додаде, а што да се исфрли, значи, не оставаме сѐ на системот на плагијати. Не е дека не му веруваме, туку и во нашиот правилник за работа стои дека комисијата разгледува и одобрува трудови. Инаку, практиката покажува дека кога некој препишува, тоа веднаш се гледа, се дознава и не проаѓа - информира професорот Никола Жежов, кој е продекан за настава на Филозофскиот факултет.  


--------------------------------------------------------------------------------

Во светот „паѓаат“ министри

И додека ние се потпираме на софтверот, кој патем сѐ уште нема уловено ниту еден плагијатор, во Европа и во светот министри и премиери поднесуваат оставки од функциите по обелоденувањата дека ги препишале докторските трудови.
Така, пред околу две години германскиот министер за одбрана Теодор Гутенберг поднесе оставка откако призна дека препишал дел од својата докторска дисертација. Пред неколку месеци имаше обвинување за препишан докторски труд за уште еден министер од кабинетот на Ангела Меркел - министерката за образование Анете Шаван, која патем нема намера да поднесе оставка, туку најави тужба за Универзитетот во Диселдорф.
Сличен скандал пред извесно време ја потресе и Романија, кога научната комисија потврди дека докторската дисертација на премиерот Виктор Понта е плагијат. Тој тогаш обвини дека станува збор за политичка хајка против него. И германскиот европратеник со грчко потекло Јоргос Шацимаркакис во мај 2011-та го потресе плагијаторски скандал. „Ди велт“ објави дека тој во својот докторат користел делови од туѓи трудови.

 Извор: Нова Македонија

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1259
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1583
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

Тропар на св.Христови Апостоли Иродион, Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј8 април / 21 април 2024

 Вие кои верата во Бога Единиот на вселенатаја проповедавте, Апостоли со мноштво венци закитени,маченици, пророци, проповедници и учителиИродионе, Агаве и...

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная