логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

 

Пишува: Ана Јовковска

29 декември 2020 г. околу 9 часот наутро.  Праќам прашања за интервју на Јелена Јованова Периќ. Нашата позната актерка веќе неколку години живее во Хрватска. Истиот ден околу пладне Хрватска ја погодува силен земјотрес од 6.2 степени. Со бебето в раце и срцето „во петици“, Јелена ми одговара дека е добра, но многу вознемирена и дека ќе ѝ требаат неколку дена да си дојде на себе за да може да го направиме интервјуто. Во следните 24 часа Хрватска ја тресат уште неколу (релативно силни) земјотреси. Јелена ми пишува дека е премногу стресно да се остане во Загреб и дека со сопругот и нивното седуммесечно бебе тргнуваат за Сплит. Неколку дена потоа ги добивам одговорите за интервјуто и сфаќам дека Јелена е многу променета од минатите пати кога ја интервјуирав (пред осум години за ТВ емисијата „Пулс“ и пред пет години за списанието „Портрет“). Денес, за Хибрид.мк, Јелена е поуспешна, позрела, посамоуверена, повљубена и со неколку слоја на искуства и болки што животот ѝ ги сервираше низ процесот на растење. Нејзината силна љубов кон актерството доби конкуренција – синот Јаков кој пред седум месци ѝ го подари идентитетот на мајка.    

 

АЈ: Ќе почнам од минатиот земјотрес… пролетта во Хрватска, па ќе се надоврзам на новиот кој се случи пред пет-шест дена, на 29 декември, со епицентар во Петриње. Најпрво, ве потсетува на стравот и стресот што ги доживеавте бремена и за да не ја разводнувам емоцијата ве цитирам: „Душата во петици, а Јаков стуткан и вознемирен под срце! Сè уште ми одзвонува во уши тоа утро кога над глава ни одлета кровот, кога цел ден се тресев како да сум гола закопана под снег. Кога облечена под маса со сите можни душеци и перници над неа спиев со денови. Додека фасади се одронуваа надвор, додека вирусот си ораше и копаше човек не застана да помогне на човек“. Кои емоционални длабочини ги додаде ова искуство на вашето духовно конто?

JJ: 22 март, прилично округла во седмиот месец на бременоста. Нè разбуди тресење и татнеж. Сум го гушнала стомакот небаре ќе го спасам ако сѐ се сруши. Кровот ни одлета над глава. Дури се одронуваа ќерамиди трчавме надвор. Не дочека вториот удар. Пред нас се сруши фасада што ни ја уништи колата. А, надвор Корона!!! Како да не беше тоа малку, па почна да паѓа снег. Апокалипса, си реков. Да беше холивудски филм ќе си кажев: Еј, ја претеравте! Сѐ одеднаш ова не би можело да се случи во реалноста. Ќе згрешев. Тешко дека ќе заборавам на жените кои се породуваа во кола, Ана. На инкубаторите полни со најранливите бебиња кога надвор ги дочекуваа непознати лица бидејќи мајките поради корона-протоколот ни не можеа да бидат во родилиштето со нив…

Деновите потоа, додека со страв спиев под маса, по стотти пат во главата ми дојде – Живот овде и сега! Соживот со луѓето, оти створени сме да си се имаме едни со други! Но, таа лекција брзо ја забораваме, за жал…

Фото: Кире Галевски


Нè разбуди тресење и татнеж. Сум го гушнала стомакот небаре ќе го спасам ако сѐ се сруши. Кровот ни одлета над глава. Дури се одронуваа ќерамиди трчавме надвор. Пред нас се сруши фасада што ни ја уништи колата. А, надвор Корона!!! Како да не беше тоа малку, па почна да паѓа снег. Апокалипса, си реков. Да беше холивудски филм ќе си кажев: Еј, ја претеравте!

Минатата недела (29 декември) се погрижи „дебело да ме потсети“ на истото. Овој пат уште појако! Сокриени под истата маса со моето бебе Јаков, кој плачеше бидејќи го чувствуваше нашиот страв, се тресевме како никогаш да нема да престане и како да ќе нема утре. Нервите ми рекоа збогум. Се тресев со денови и сè уште мислам дека тлото под нозето ми се изместува. Чудни распони од емоции, Ана. Како да ги немав, а плачев. Згаснаа човечки животи. Луѓе останаа без домови. Има ли нешто посурово од мајка покрај своето мртво чедо? Од плачот кој неутешно ечи! Болно, многу! Добрината не остана закопана, напротив, се истури цела лавина од љубов и грижа едни за други. Ако нешто освестивме во 2020-та тогаш тоа е солидарноста! Многу лекции ни даде старата година. Се надевам ќе ги научиме. Не знам каква ќе е 2021-ва и не ме интересира! Денес сум овде, жива и здрава. Се надевам така ќе остане.


 
Фото: Јована Зука


Кога се случи земјотресот, сокриени под маса со моето бебе Јаков, кој плачеше бидејќи го чувствуваше нашиот страв, се тресевме како никогаш да нема да престане и како да ќе нема утре. Нервите ми рекоа збогум. Се тресев со денови и сè уште мислам дека тлото под нозето ми се изместува. Чудни распони од емоции…

АЈ: Страшно и тажно, но, како што велите – животот оди понатаму… А, нашата последна средба во живо беше кога го правевме претходното интервју пред пет години. Тогаш главен фокус на разговорот ни беше вашата улога во филмот „Во земјата на крвта и медот“ на Анџелина Џоли, како и филмот „Устав на Република Хрватска“ во режија на Рајко Грлиќ. Оттогаш до сега ви се случија многу театарски и филмски ангажмани, реклами и ТВ серии, многу насловни страници, но и најзначјаната промена на идентитетот – улогата на мајка во чии чевли влеговте пред неполни седум месеци. Како се чувствувате во новиот идентитет? На што брзо се навикнавте, а што сè уште не ви е комотно?

JJ: Не постои курс за мајчинство. Лекциите ги учиме во од. Секој ден е адаптација на нешто ново. Соочување со сопствените „тригери“ кои можат да те извадат од чевли исто така. Мајчинството како и бракот е чин на балансирање. Безусловната љубов која до тогаш само си мислел дека ја познаваш те разоружува тотално, ти го храни светото и емпатичното и нема поубаво нешто од тоа. Од друга страна несигурностите се црв во мислите. Дали го правам вистинскиот избор за неговите потреби? Дали истиот може да биде подобар? Не сум комотна во сопственото преиспитување и не знам дали истото некогаш ќе престане.


Фото: Томе Насков


Не постои курс за мајчинство. Лекциите ги учиме во од. Мајчинството е слатка робија.

АЈ:  „Мајчинството е слатка робија“! е реченицата која ме погоди директно во срцето кога ве слушнав како ја изјавувате. Што конкретно тоа значи?

JJ: Безусловна пожртвуваност. Приоритет на потреби кои најчесто не се твоите. Будност со отворени четири очи 24/7. Ми се оладил ручекот – не е проблем. Туширање – можеби не морам денес (се смее). Кафето – ќе го испијам после доењето. Победата конечно стигна -детето заспало! Одиш во кујна да ги средиш последиците од атомските бомби, а кафето пак извисило. Утре ќе станам порано и ќе имам време за себе! Истата вечер нема ни да заспиеш со затворени две очи, а сабајлето бебето полно со енергија го чека својот репертоар, па на кафето не ни помислуваш. Овој исечок не е ни третина од прилогот за борбата помеѓу родителот и бебето во која секогаш победува бебето. И после секоја битка, уморна, но најисполнета заспиваш со насмевка на лицето. Нема послатка робија од мајчинската.
 

АЈ: Колку познато ми звучи ова (се смее)… Од мајчинските се префрлуваме на професионалните битки. Пандемијата ги клекна на колена голем број професии. Актерството е една од нив. Сепак, и покрај вонредните услови во пандемијата, како и покрај тоа што имате мало бебе „се пуштивте“ активно  на пазарот на трудот снимајќи ја петтата сезона на ТВ серијата „Преспав“. Новото нормално за продукцијата „Охо“ со којашто работите значеше одлична организација на снимањата од безбедносен здравствен аспект, но и „прикриен грч во желудник кој е за очекување во овие вонредни услови“. Што најмногу ја плашеше Jeлена од Драчево?

JJ: Јелена од Драчево се плаши за сопственото здравје и здравјето на тетка ѝ од Ресен. Се плаши дека никогаш веќе нема да може да патува, а има штикли што Европа ја немаат видено. Ја избезумува карантинот без средени нокти, шминка и диско. Затворена дома со Ула!? Намален број на гости – намалени шанси за брак. Ова последново највеќе (се смее).


Фото: Дејан Димески

АЈ: Значи, на екранот се обидовте ситуацијата со пандемијата да ја превртите со хумор и да влеете оптимизам кај гледачите. Што промени кај вас лично Ковид-19 кризата?

JJ: Промената не е завршена и што допрва ќе имплементира во нас е непознато. Додека светот стравува од вирусните нуспојави, мене повеќе почнаа да ме плашат оние психолошките. Осаменоста доаѓа за наплата кога не ја сфаќавме како озбилна. Ние не сме на прагот, ние влеговме во глобална депресија.

 

Фото: Матеа Смоличиќ

АЈ: Како би ја опишале осаменоста? И во кои ситуации се чувствувате осамено?

JJ: Осаменоста е болна. Сме се сретнале. Последен пат на подолга стаза се дружевме кога се преселив во Хрватска. Кога ми фалеше физичкото присуство на моите најблиски. Кога ми фалеше мојот круг на луѓе. За среќа, создадов пријатели и овде,  па сега сум уште побогата. Од време на време ја среќавам и во ситуацијата на пандемијава што нè затекна. Не сум човек за интернет апликации, виртуелни кафиња, онлајн претстави и изложби. Морам да опипам! Во спротивно како да го немам.

 

Story HR magazin arhiva

АЈ: Географијата е немоќна пред домот на срцето. Што беше пресудно да се одлучите за живот во Хрватска? И што ви понуди Загреб на професионален план?

JJ: Загреб како дете го мразев. Растев со приказни дека моите родители биле најсреќни кога живееле таму, па, за мене градот беше крадец на нивната среќа. Го бришев од менталната мапа за подоцна во животот да ми се случи токму спротивното. И не жалам. Архитектура, култура, друштвени настани со содржини за секого, здравство и администрација коишто живеат на подобар респиратор од нашиот, близина на море и многу други работи, но пред сѐ Стјепан! Ништо од ова немаше да ме плени ако не беше Стјепан. Сега со Јаков, сидрото дефинитивно е спуштено. На професионален план Загреб ми понуди и вработување во Керемпух што го одбив. Дали одлуката била вистинска времето ќе покаже. Работев на две серии, направив и мјузикал, а снимав и два филма. Поголема вистина во моментов е онаа дека јас не сум професионално ориентирана кон Загреб. За среќа, не ми недостига работа затоа и фокусот не ми е овде.

Story HR magazin arhiva


Стјепан е максимално посветен родител и партнер! На радоста ѝ нема крај кога гледам како нивниот однос се развива. Во тие моменти одново се заљубувам во него.

АЈ: Пред неколку години за вашиот сопруг ми рековте: „Она што најмногу ме врза и ме плени кај Стјепан, покрај неговиот карактер, се слободата и вниманието што ми ги дава. Растеме заедно, но не преблизу и никогаш во сенка еден на друг. Како дабот и кипарисот и обратно“. Дали е сè уште така? И кои нови аспекти на љубовта и партнерството ги откривате денес откако во вашиот меур има и трето човече – малиот Јаков?

JJ: Стјепан е максимално посветен родител и партнер! На радоста ѝ нема крај кога гледам како нивниот однос се развива. Во тие моменти одново се заљубувам во него. Ни порасна и одговорноста. Не само онаа кон Јаков туку и онаа кон нас самите. Партнерскиот пакт е уште посилен и со поголема смисла.

Фото: Зоран Шурбевски

АЈ: Силни се притисоците врз мајките кога е во прашање одлуката за побрзо враќање на патеката на професијата. Јас тоа го направив две недели по моето породување, но, можноста да работам од дома, додека моето бебе спиеше до мене или во другата соба, подразбираше да не мора физички да се одвојувам од новороденчето. Првото излегување од дома за работен ангажман од неколку часа ми беше кога бебето имаше шест месеци. Вашиот син Јаков немаше ни четири месеци кога се вративте на работа, на снимања кои траат… За таа одлука ќе речете: „Дури снимав се чувствував комлетна. Во радарот на некои мајки враќањето на работа помина со поддршка, а кај некои помина со обвинувања. Мајка на мајка знае да е тешка, што многу ме изненади“. Ова прашање има два аспекти. Најпрво ве прашувам колку товар на своја сметка плаќате – непреспиени ноќи, хроничен замор, жртва да се даде максимум на сите полиња? И каква поддршка и логистика имате за да го организирате динамичното и интензивно секојдневие?

JJ: Ја сакам својата професија. Тоа што станав мајка не значи дека престанав да бидам актерка! Се чувствував доволно спремна и силна за да почнам со работа. Непреспиените ноќи постоеа и пред да почнам со снимање, а ги има и сега. Ништо ново не беа за мене. Неизмерна помош ми беше мајка ми. Вечно сум и благодарна! Се разбира и на продукцијата која направи сѐ да се чувствувам сигурно и спремно.

Фото: Дејан Димески


Ако не сум добра за себе, нема да бидам добра за детето. Најстрашно од сѐ е што осудувањата доаѓаат од жени. Алергична станав на мајките со фашистички став особено по прашањето за доење. Страшно е колкав притисок мајка знае да направи на мајка!

AJ: Другиот аспект од прашањето е во однос на битката со прангиите на традицијата и конзервативните очекувања од околината и општеството? Од една страна се пораките кои треба да ги поттикнат жените да бидат смели да го живеат сонот на својот живот, од друга страна се родовите сопки во општеството во кое е ужасно тешко да се биде успешна жена и успешна мајка. Ако си одлична во професијата, се претпоставува дека не си доволно посветена на децата или на домот. Ако, пак, си добра во приватната сфера, тогаш како може да „те има“ на јавната сцена?! Сите овие стапици се отрови за женската психа. Како се справувате со грижата на совеста? И кој е вашиот одговор на оние кои се против концептот на „working moms“?

JJ: Не се справувам никако зашто немам таква грижа на совест. Ако не сум добра за себе, нема да бидам добра за детето. Најстрашно од сѐ е што осудувањата доаѓаат од жени. Алергична станав на мајките со фашистички став особено по прашањето за доење. Страшно е колкав притисок мајка знае да направи на мајка. Ова се само дел од таквите изјави: Се измолзуваш? Како си дозволуваш?; Не може да имаш вовлечени брадавици или да немаш млеко, тоа значи дека не доволно долго и често бебето ти е на дојкa; Е, да, полесно е да му дадеш адаптирано млеко, сигурно не сакаш да се мачиш да доиш; Не разбирам како тоа ќе работиш, а не поминале девет месеци од породувањето… Судиме, безобразно и безчувствително! Дојам, се издојувам и таквите коментари најчесто ги затворам со – „Не е битно како, битно е да е нахранато. Мајката не е само млеко”!


АЈ: Неколку теми се особено важни да се детабуизираат – абортусот како право на избор, постпородилната депресија, сè повеќе проширена меѓу жените, и мастектомија која отвора етички прашања. Гласот на актерките и јавните личности е значаен за уривање на менталните граници и за подигнување на јавната свест за овие сериозни прашања кои се на точката на топење меѓу медицината и етиката. Кој е вашиот став?

JJ: Жената во опресивните општествени услови сè уште нема слобода на избор! Законодавците, црквата… како уште да се борат да докажат дека женската потчинетост е посакувана на небото и потребна на земјата. Тоа е стапица на патријархатот. За жал, таквата стапица знае и жена да постави за жена. Има една сентенца во „Врба” на Милчо Манчевски – “Моја матка”. Пробива во уши и срце! Јас сум од оние што стојат позади неа.

Фото: Емил Јовановски

АЈ: Кои жени ви се светли примери?

JJ: Мајка ми, моите другарки, ти Ана Јовковска, Радмила Живановиќ, Симон де Бовоар, Чимаманда Нгози Адичи, Роза Паркс, Ањес Варда, првите суфражетки, некои мои колешки и многу други кои знаат да ми ја разбрануваат мислата. Во ова инертно време таквата состојба стана раритет.

AJ: Благодарам Јелена за овој комплимент! A, што ве прави ранлива?

JJ: Неуспехот, љубовта, неразбраноста, работата, а и пријателството… Знам да затреперам на неколку фронта. Како поминува времето, така на тоа веќе не гледам како на слабост. На свет доаѓаме без оклоп, отворени и ранливи. Контактот со сопствената ранливост и суптилност треба да се прегрне. Ранливоста не значи само мрачен спектар на емоции. Таа е спремност да се ангажираме емотивно, да се изложиме без разлика на резултатот. Ранливоста е храброст. Со неа може и да се расте!


Фото: Томе Насков


Контактот со сопствената ранливост и суптилност треба да се прегрне. Ранливоста не значи само мрачен спектар на емоции. Таа е спремност да се ангажираме емотивно, да се изложиме без разлика на резултатот. Ранливоста е храброст. Со неа може и да се расте!

АЈ: На кои актерски проекти сте посебно горда?

JJ: Горда сум на секој проект и позади секој еден стојам непоколебливо. Нормално, некои од нив допринесоа за поголеми промени, и сопствени и друштвени. „Демонот од Дебар Маало” во режија на Слободан Унковски ми ја започна кариерата. Со претставите на Нела Витошевиќ и Васил Христов создавав карактерни екстензии на сцена и приватно. „На терапија” ни го стави прстот на чело. И денес жени знаат да ми се заблагодарат за ликот на Милена со кој решиле сопствени дилеми. Голема работа беше и тоа што го имав Никола Ристановски за партнер со кој имав неизговорлива разбирливост што ретко се доживува. Хрватската серија „Тајни” ми го промени ветрот во животното едрење. „Чикаго”, првиот лиценциран Бродвеј мјузикал, оформи една поинаква ментална и физичка дисциплина кај секој од нас. „Преспав” ми донесе неизмерна радост да ги радувам гледачите! Работата со секој различен режисер на „Преспав” донесе рушење на моите креативни граници и за тоа сум им неизмерно благодарна.


Фото: Емил Петров

АЈ: Што во последно време ја предизвикува вашата прекрасна, заразна насмевка?

JJ: Јаков, сопствената глупост и Стјепан.

АЈ: Како ви изгледа еден исполнет ден после кој заспивате со мирна совест и убав сон?

JJ: Љубов. Прошетка. Музика. Книга. Филм. Тишина. Кога секоја од овие есенции ќе го добие својот простор. Кога со секоја од нив ќе научам и нешто ново. Кога сум присутна таму и само таму во дадениот момент. Кога тишината ќе го направи својот сублимат. Кога мирно ќе го успијам Јаков кој пред да заспие ќе ме погледне како да сака да ми каже: „Те гледам мамо како се трудиш и го даваш најдоброто од себе. Супер ти оди!” Тогаш слободно можам да капитулирам со сон.

 

АЈ:  Што си посакувате во новата 2021 година?

JJ: Да сме живи, здрави и спокојни!

 

https://hybrid.mk/jelena-jovanova-perik-ranlivosta-e-hrabrost/?fbclid=IwAR0NC08VFnOKyiQRya-K_ygD71e5cJQJm0PfDWBRHGm-qwGCNIxb8zd54eU

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…
Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »