логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ХА, ХА, ХА 
 

  
  
Научниците не можат да се сложат дали смеата е во целост човечка привилегија или, пак, истата особина ја имаат и некои други животински видови, како на пример шимпанзата и делфините. Но дури и да е само наша, никој не може со сигурност да каже како настанала. А смеењето е една од најбитните човечки активности, бидејќи во него се крие семето на секоја побуна
   
   
  
М инатата седмица имав чест да бидам дел од едно поголемо филмаџиско друштво, собрано на кафеанска маса околу легендарниот Тери Џонс (еден од творците на „Летачкиот циркус на Монти Пајтон“ и режисер на култните филмови „Брајановото житие“ и „Смисла на животот“). Атмосферата беше по малку деликатна: иако господинот Џонс веќе со децении ниту е член на пајтоновската дружина ниту, пак, се занимава со комедија (туку напротив, режира многу сериозни историски ТВ-документарци), сепак сите ние се ѕверевме во него небаре наредната секунда човекот да ќе се качи на маса и среде сите тие чаши и чинии ќе зачекори со славниот чекор на Министерството за смешно одење.

Напнатата атмосфера на невозвратени очекувања траеше и траеше, и ќе потраеше до крајот на вечерта доколку од крајот на масата срамежливо не одекнеше гласот на еден босански режисер, кој сосема неповикано ја прекина учтивата тишина со прашањето: „Еј, рајо: знаете ли дека Чак Норис е единствениот човек на светот што има Куран со посвета од авторот?“.

И тука тишината се распрсна на ситни ѕвечкави парченца, а среде бранот смеа што уследи јас низ кикот се запрашав - кој анонимен гениј ли ги смислува овие ремек-дела од вицови. Навистина, кој ли е тој незнаен јунак, седнат во некое сараевско поткровје, ќебапчилница или маалска биртија, што има време, талент и енергија наполно волонтерски и без никаков надомест, ниту за пари ниту за слава, од чисто човекољубие или пак мизантропија, со ништо предизвикан и од никого прозван, да измисли ваков бисер: муслимански виц за тврдиот тексашки републиканец Норис Чак?

Но мојата интелектуална љубопитност набргу беше прекината од извикот на босанскиот колега: „Удри јаче, Норис Чаче!“, по што под масата падна целото кафеанско друштво, со исклучок на господинот Џонс, кому никој не собра сила ниту, пак, храброст да му ја преведе оваа трудбеничко-пролетерска парола.

Ете, инспириран од таа весела вечер, јас во денешнава колумна ќе фрлам на хартија збор-два за смеата.

Научниците не можат да се сложат дали смеата е во целост човечка привилегија или, пак, истата особина ја имаат и некои други животински видови, како на пример шимпанзата и делфините. Но дури и да е само наша, никој не може со сигурност да каже како настанала. Ете колку е лимитирано нашето знаење: знаеме од кое едноклеточно животинче сме постанале, знаеме како сме излегле од вода на копно, знаеме кога сме се качиле и сме се симнале од гранка, знаеме зошто сме се исправиле, како сме останале без крзно, која мака нé натерала да го откриеме оганот и да го измислиме тркалото, кој глад нé натерал да почнеме да ловиме, кој ли луд нагон нé натерал да почнеме да се убиваме – сé живо знаеме, ама не знаеме како и кога сме почнале да се смееме! А смеењето е една од најбитните човечки активности, бидејќи во него се крие семето на секоја побуна.

Сите оние што на времето уживаа гледајќи го Шон Конери во „Името на розата“ веројатно се сеќаваат на предметот околу кој беше конструиран заплетот на приказната на Умберто Еко: потрага по загубеното античко дело „За комедијата“, коешто Светата инквизиција се трудеше да го избрише од човечкото сеќавање – бидејќи, според католичките теолози, гласната смеа прави луѓето да се опуштат, да се осилат и да престанат да се плашат од Бога. И тоа е една од ретките работи, за кои јас и теолозите се согласуваме: дејството на смеата е лековито за духот и стимулирачко за мозокот - на болниот таа му дава храброст, на сиромавиот му дава волја за живот, а и кај најпонизниот слуга го урива стравот од господарот. Палатите на моќниците се затресуваат од звукот на смеата, па оттаму не случајно забраната на хуморот е меѓу првите забрани што тираните ги спроведуваат и на кои ја базираат својата тиранија. Но попуст е нивниот труд – како да го запреш поданикот на кој стомакот му се бранува, рацете му се грчат, а усните му се искривуваат од прикриен кикот?

Случајно или не, Луј Шеснаесетти кон гилотината зачекорил следен од смеата на бунтовничката толпа, последната фотографија на Мусолини го прикажува Ил Дуче обесен среде чета насмеани партизани, а цела дузина азиски и африкански народи својата независност ја дочекаа испраќајќи ги со потсмев своите дотогашни колонизатори.

Историчарите велат дека хуморот бил последниот бастион на слободата во времето на Третиот рајх. Неодамна излезе од печат цела книга на „илегални“ вицови, коишто со шепот се прераскажувале во тоа време, а поради кои можело глава да се загуби. Успеав да запомнам еден од посмелите: „Прашање: Доколку со авион летаат Хитлер, Гебелс и Геринг, а пропелерите откажат и авионот падне – кој ќе се спаси? Одговор: Германија!“.

Илјадници слични примери имало и во земјите зад Железната завеса во времето на Студената војна. Мене најдраг ми е оној од времето на Прашката пролет: „Прашање: Точно ли е дека народот на Чехословачка ја повика братската Црвена армија да дојде и да му помогне? Одговор: Точно е, само што барањето беше упатено во 1938 година, а позитивно се реши дури во летото 1968-та“.

Саркастичната смеа вирее и во демократските општества. Еден од најпопуларните вицови на сметка на Џорџ Дабл-Ју Буш беше оној за тројцата Бразилци: „Буш го запрашал Чејни колку војници дента загинале во Ирак, а Чејни му одговорил: Тројца Бразилци (Три Бразилианс) – по што Буш паднал во несвест! Кога го освестиле, во паника запрашал колку милиони има во еден бразилион“.

Осилото на вицот не стивнува ниту со промената на власта. Летово во Хрватска слушнав вешто срочен виц за новиот американски претседател: „На стариот загрепски Циго му дошло време за умирање, па решил да им го подели имотот на своите два сина: бицикљо иде једноме, прикољиц другоме, а барак – обама!“.

Многубројни се примерите на политички хумор на балканските простори во изминатите турбулентни две децении, но како апсолутен шампион ќе остане запаметена (во тоа време суперскандалозната) насловна страница на сплитски „Ферал трибјун“, која ги прикажува претседателите Милошевиќ и Туѓман голи во љубовна прегратка, со натпис: „За ова ли се боревме?“.

А што се однесува до нас, Македонците, не може да се каже дека сме ептен продуктивни на тој план: кај нас досетките на тема секс и алкохол сé уште се многу побројни во однос на политички ангажираните вицови. Но и среде така инертни средини има храбри исклучоци: еве на пример актуелната министерка за внатрешни работи, којашто во едно свое интервју раскажуваше вицови - за полицајци!

Не ми се смејте, стварно беа смешни!

Авторот е режисер и сценарист   
   
Автор: Вујче од Америка: Дарко Митревски

Извор: Нова Македонија



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1460
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1787
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 1663
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој...

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

18/05/2024 - сабота

Светата великомаченичка Ирина; Светите Мартин и Ираклиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

„Благословено да е Името Господово“ –восклик на победа во маките твоио Јове свети, кои во радости се претворија,бидејќи душата твоја...

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Твоето срце миомирисно семе Христово постана,О, Ирино света девственичке,од него Господ за себе мноштво народ подигна,душата ти, палмина гранка на...

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Девице света, Пелагио Христова,вистината го озари умот твој и исполни срцето,со неа се излечи душата твоја,радувај се сега во небесните...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная