логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


П ризнавам, колумнава ја споделив „пред рака“ со некои мои пријатели-читатели. Имаше два вида реакции: едните мислеа дека боли, а другите дека нема да биде разбрана затоа што е поапстрактна и подлабока. На првите им реков дека и треба да боли, а на вторите дека оваа е наменета за луѓе што лесно ќе се препознаат. За другите, да го цитирам проф. Димитров, кој знаеше да каже: „Тие што нема да ме разберат, наместо да се жалат, треба да се засрамат и да фатат нешто да прочитаат“. Е, овде станува збор за (пре)прочитување на Чеслав Милош. Не дека не ги споменуваме неговиот „Заробен ум“ и кетманизмот, туку затоа што тоа го правиме најчесто за да покажеме дека сме начитани, а не за да живееме некетмански. Фразата за бесмртноста на некои личности и/или нивните дела е толку честа. Но во свет во кој зборовите одамна ја загубија смислата, таа се користи без размислување како комплимент или како доказ за сопствениот интелектуализам, но вистинското прашање е дали ги живееме пораките на умните, кои ги премостиле вековите и просторите... За каков прогрес може да се зборува ако Сократ, Орвел, Ганди, Арент или Милош, над чие духовното наследство се „крстат“ сите лицемери, сé уште се осамени џинови? Какво е ова општество кога сé уште најголем револуционерен чин е говорењето на вистината, и тоа по висока лична цена? Овие прашања сум ги поставувала многупати, но сега инспирацијата дојде од електронски коментар под една статија, оставен од колешка, која ми кажува дека (за разлика од мене) е член на наставно-научниот совет на факултетот и дека била меѓу воздржаните при неодамнешниот неизбор на асистентка (за што пишував минатата недела). Скриена зад анонимноста, таа напишала таков кетмански „бисер“, кој не можев а да не го споделам; тој зборува не само за неа туку за системот на извртени вредности во кој живееме и веруваме дека сме интелектуалци. Таа ми порачува (цитирам): „Местото во наставно-научниот совет се заслужува, но не се добива со плукање по државата, институциите и колегите“. Ако е тоа вистина, оставам да размислите како таа го заслужила, но останува и спокојна што не сум меѓу „заслужните“.

За оние што подзаборавиле или никогаш не го читале „Заробениот ум“, ќе се навратам кратко на поимот „кетман“, кој толку добро ги опишува денешните интелектуалци. Тоа се личности што не само што се помирени со состојбите туку се и горди на својата вештина да ги потиснат и скријат своите вистински погледи на светот и на нештата, при тоа да ги доведат во заблуда сите околу себе, а со цел да остваруваат привилегии. Овие, пак, се состојат (колку прозаично, нели?) во задржување или унапредување на социјалната позиција, стекнување материјални и други добивки, па дури и место во наставнички совет. Според Милош, кетманот има способност да живее со сопствената контрадикција – да зборува едно, а да верува во друго, адаптирајќи се доброволно на секое ново (па и најглупаво) барање што доаѓа од „горе“. Но тој/таа длабоко верува дека ги измамил/а тие што се на позиција на моќ, па негува самоперцепција за слободен мислител и критички интелектуалец. Всушност, образложението е дека тој/таа е слободна личност, која самостојно донела одлука да се покори пред диктатите на општеството или на моќните во него, затоа што „и онака не може ништо да стори“. Кетманот верува дека е доволно итар да остане свој и умен, а сепак да ужива во комфорна позиција во однос на естаблишментот. Тој не е неук за да не ја види стварноста, ја освоил т.н. внатрешна слобода, ама одлучил да не го споделува тоа, затоа што е мудар и рационален. Затоа, сосема е кетмански да се приспособиш на духот на солидарноста, кој владее во една професорска каста, и да останеш воздржан, а насамо или со блиските ќе ламентираш над загубените принципи, етика и правичност.

Напишав дека намерата ми е да се осврнам на „денешните интелектуалци“, но ако подобро размислам, ова никако не е нов феномен. Да не е така, зарем овие ретки големи и слободни умови воопшто и би ги издвојувале? Сепак, ценам дека никој не смее да се вади на историскиот континуитет, туку мора да се сврти околу себе, ама и да погледне длабоко во себе. Кетмански лажно е да се тврди дека никој од нас не бил во ситуација да се гризне за јазик или да каже нешто што се очекува од него, без оглед дали станува збор за политичка коректност или за нешто што може да го ослободи од непријатности ако (случајно) не му носи полза. Интелектуалците се тие што отсекогаш биле фасцинирани од власта, тие кои и даваат легитимација или понекогаш се обидуваат да покажат како таа треба да се извршува. Професорите не само што не се исклучок туку се и најголеми ентузијасти во воспоставувањето и одржувањето на системот на општествена хипокризија, но и на интелектуално заглупавување. Тие се модел за Милошевиот „професионален кетман“, кој резонира вака: „Со оглед на тоа што се наоѓам во околности над кои немам контрола и бидејќи имам само еден живот, а и тој минува, треба да настојувам да дадам сé од себе. Јас сум корал на дното на морето. Над мене беснеат бури и пловат огромни бродови; сиот мој напор е концентриран на држење за карпата, зашто во спротивно би бил однесен од брановите и би исчезнал, без да оставам трага зад себе. Ако сум научник, учествувам на конгреси на кои презентирам трудови во согласност со партиската линија, но во лабораторијата работам според стриктно научни методи – и во тоа е целта на мојот живот“.

Современиов миг, сепак, е уникатен! Кетманизмот, односно системот заснован на лага, автоцензура, додворување и покорување, достигнува совршеност. Тој преживува низ мимикрија без преседан, затоа што слободата и потрагата по среќата и вистината се загарантирани со највисоките акти. Интелектуалците не само што го прават она што се очекува од нив туку почнаа да веруваат во општественото и во сопственото лицемерство. Кругот е затворен, умот е целосно заробен! Парадоксално, ама денес кетманизмот е пожелен, па дури и за почит. Се вели, интелектуалците настојуваат да го разберат светот, да направат тој да функционира на најдобар можен начин, и сето тоа да го артикулираат и да им го пренесат тоа разбирање на другите. Општеството обезбедува услови за таа нивна дејност, но, како што вели Чомски, тука е постојаната тензија помеѓу задачата доверена од општеството и личната морална одговорност. Базично, задачата се состои во поддршка на постојниот систем (затоа, колешката што го разбрала тоа ме опоменува дека сум „плукала по државата и институциите“), додека моралната одговорност го подразбира обратното, особено кога институционализираната моќ води до дехуманизација, неправда и отуѓување. Затоа, секое општество настојува да ги контролира интелектуалците и да ги елиминира оние што се премногу посветени на својата морална одговорност, кои се одбележани како деструктивци и дисиденти. Современото општество, кое располага со досега невидена техничка, технолошка и информатичка способност, е општество без алтернативи. Минатата година, по повод стогодишнината од раѓањето на Милош, Тони Џуд пишуваше за заробените умови, тогаш и сега, односно таму (Исток) и ваму (Запад). Тој зборува за неспособноста на интелектуалците низ светот да замислат алтернативи, кои живеат во свет закотвен во „бесмртната мисла“ на Маргарет Тачер - „тхере ис но алтернативе“ (т.н. ТИНА-принцип, „не постои друга алтернатива“). Милошевата пресуда е жива и 101 година од неговото раѓање: „главна карактеристика на сервилниот интелектуалец е стравот да размислува со своја глава“. За разлика од интелектуалците до времето на сталинизмот, кои проблемот на контрадикциите меѓу декларираното и стварното го решавале со свесно впуштање во глумење пред јавноста, денес сé почесто се прашувам дали остана место за глума. Што ако не глумат и ако сето ова е резултат на вистинско уверување? Застрашувачки!

Деновиве, Томаж Мастнак се праша што тоа не е во ред со нас и со нашето гледање на кризата. Слично како и Џуд, тој цени дека дел од објаснувањето лежи во нашата мисловна и имагинативна тромост и развластеност. Неоконзервативната/неолибералната интелектуална офанзива и ширењето на нивниот јазик, реторика, претстави, заедно со дефанзивата на левицата и колапсот на имагинариумот, доведоа до тоа – без оглед на политичката боја – веќе да не можеме ниту да замислиме ниту да претставиме дека би можеле да имаме инаква економија, политика, општество.

Авторката е универзитетска професорка
  
   
Автор: Билјана Ванковска 

 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=101011853226&id=13&prilog=0&setIzdanie=22402

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1458
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1785
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 1661
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој...

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

18/05/2024 - сабота

Светата великомаченичка Ирина; Светите Мартин и Ираклиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

„Благословено да е Името Господово“ –восклик на победа во маките твоио Јове свети, кои во радости се претворија,бидејќи душата твоја...

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Твоето срце миомирисно семе Христово постана,О, Ирино света девственичке,од него Господ за себе мноштво народ подигна,душата ти, палмина гранка на...

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Девице света, Пелагио Христова,вистината го озари умот твој и исполни срцето,со неа се излечи душата твоја,радувај се сега во небесните...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная