логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Igor.sv.Petka.jpg

Искачување на Голем Кораб, на Ден на Независноста на Македонија

Igor.sv.Petka.jpg

На 7ми Септември, Сабота, во 12.00 часот, во хотел ВИП, Скопје, се одржа средба на  Националната Алијанса за ретки болести од Бугарија и Здружението на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици – Македонија. Претставниците од Бугарија – Владимир Томов, претседател на Националната Алијанса за ретки болести од Бугарија, Тодор Мангаров, претседател на Здружението за Пулмонарна Хипертензија од Бугарија и Вања Тотева исто од Пулмонарна Хипертензија ја искажаа својата поддршка кон Македонските пациенти со ретки болести. На средбата се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат пациентите, за можностите за лекување, за соработка помеѓу здруженијата, се разменаа искуства во поглед на решенија и можности за поддршка и соработка на поле на подобрување на квалитет на живот на пациенти и семејства кои се соочуваат со ретки болести.

Владимир Томов, претседател на Националната Алијанса за ретки болести од Бугарија, изјави:

„Патот кој треба да се изоди кон обезбедување на терапија за сите пациенти со ретки болести воопшто не е лесен, ниту за една држава, ниту за пациентите, но е нешто кое е од исклучително значење за да се подобрат и спасат човечки животи. Ние како Алијанса, уште од 2008ма година ги поддржуваме пацентите во Македонија. Нашата соработка започна со средба на Гоше пациенти и семејства во Охрид во 2008та година и до денес ние заеднички дискутираме, бараме решенија и заеднички делуваме на поле на подигнување на јавната свест за ретките болести и подобрување на квалитетот на животот на пациентите и семејствата кои се соочуваат со ретки болести. Се надеваме дека како што се решаваат проблемите на ова поле во Европа и на Балканот, дека наскоро и во Македонија ќе се донесе долгорочно решение за обезбедувње на третман на пациентите со ретки болести. Драго ни е што сме тука и што имаме можност да соработуваме.“

Весна Алексовска, претседател на Здружението на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици, изјави:

„Во Живот со Предизвици, во моментот членуваат пеесетина пациенти и родители поврзани со неколку различни ретки болести како: Гоше, Пулмонарна Хипертензија, Хередитарен Ангиоедем, Фенилкетонурија, Алажил Синдром, Прадер Вили Синдром, Ленокс Гастаут Синдром, Тирозинемија, Конгенитална Мускулна Дистрофија, Конгенитална Катаракта, Неурофибрамитозис тип 1, Адреномиелоневропатија, Карнитин палмитолитрансфераза 2 недостаток, Агромегалија, Епидермолис Булоса, Пемфигус вулгарис мукотанеоза. По донесувањето на програмата за ретки болести во Македонија од страна на Министертвото за Здравство во 2009та година, во програмата за лекување беа обезбедени само средства за лекување на Мукополисахаридоза (3 пациенти, сега 2). Пред месец дена Минситерството за Здравство превзеде обврска и за едно дете со Гоше, во критична состојба. На донација преку Гензим, Санофи денес се лекуваат 5 пациенти со болест на Гоше, тип 1. Сите други пациенти со ретки болести се без обезбеден третман и се надеваме дека Министерството за Здравство идната година ќе го зголеми буџетот за Програмата за Ретки Болести со цел да се обезбедат средства за лекување на пациентите со ретки болести. Овие пациенти имаат право на нормален живот кој терапијата може да го овозможи.“
Igor.sv.Petka.jpg

На средбата присуствуваа и претставници од ХЕМОЛОГ, НОРА, и ЗПК Кораб, како поддршка на пациентите со ретки болести кои немаат обезбеден третман. Драги Лулевиќ од ХЕМОЛОГ изјави:

„Денес за пациентите со хемофилија третманот е обезбеден и овие пациенти се згрижени и имаат можност да водат нормален живот. Ние како пациенти знаеме што значи да има и да нема обезбеден третман и затоа ги поддржуваме пациентите со ретки болести и се надеваме дека и за нив ќе претстои светла иднина во поглед на обезбедување лекување, бидејќи секој човечки живот е вреден и значаен.“
Igor.sv.Petka.jpg
На 8ми Септември, недела, Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ се приклучи кон искачувањето на Голем Кораб на 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија, во организација на Планинарскиот Клуб „Кораб“ под мотото „До врвот, за подобар живот!“.  Во има не пациентите со ретки болести, кои немаат третман, пеесетина луѓе го искачија највисокиот врв во Македонија - ГОЛЕМ КОРАБ (2754 мнв). „Живот со предизвици“ им благодари на сите учесници кои ја поддршаа нашата цел – подобрување на животот на пациентите со ретки болести и подигнување на јавната свест во однос на ретките болести. Освен волонтери врвот го искачија и пациенти со Пулмонарна Хипертензија од Бугарија, кои несебично ја изразија својата поддршка:

„Искачувањето на Кораб беше предизвик кој со задоволство го прифативме во име на пациентите со ретки болести. Македонија е прекрасна земја и навистина е важно да се направат вистински чекори кон подобрување на третманот за пациентите со ретки болести. Секој заслужува шанса за подобар живот.“

Весна Алексовска, претседател на Живот со Предизвици и воедно пациент со ретка болест – Гоше, тип 1, го искачи врвот со цел да покаже дека пациентите со ретки болести можат да бидат како и сите други здрави луѓе кога имаат можност за лекување:

„Како пациент со Гоше, не можев секогаш да бидам активна и енергична, поради проблемите кои ги предизвикува оваа болест. Благодарение на обезбедена терапија преку донација од ИКАП хуманитарната програма на Гензим, Санофи, веќе 4 години примам терапија и сите проблеми кои ги имав се наполно исчезнати и можам да водам нормален живот, да основам семејство, да работам и да придонесувам кон развој на општеството. Со донација денес се лекуваат уште 4 пациенти со Гоше. Го искачив Голем Кораб за да покажам дека пациентите можат да бидат многу повеќе од пациенти, со терапија секој од пациентите може да биде активен граѓанин на Р. Македонија. Го честитам празникот на Денот на Независноста и ги повикувам одговорните државни институции во Македонија да ги згрижат пациентите со ретки болести. И ние заслужуваме да добиеме шанса за нормален живот. Се надевам дека идната година и други пациенти ќе ја имаат можноста да освојуваат планински врвови.“

Оваа активност се реализира во име на пациентите со ретки болести кои немаат третман и не можат да се приклучат кон ваков спортски предизвик, и со цел подигнување на јавната свест за ретките болести и подобрување на квалитетот на животот на пациентите и семејствата кои се соочуваат со ретки болести. Им благодариме на сите учесници кои се приклучија кон нашата цел и со ентузијазам ја поддржаа организацијата на оваа активност.

Igor.sv.Petka.jpg

Igor.sv.Petka.jpg
Планинарскиот клуб Кораб, по 22ри пат ја организираше традиционалната меѓународна планинарска акција ИСКАЧУВАЊЕ НА ГОЛЕМ КОРАБ (2754 мнв), на 8ми Септември, 2013год, недела. Патеката на искачувањето беше со должина 18.160 метри во двете насоки. Истата беше маркирана и обезбедувана од водачите на ЗПК Кораб, а на самата патека имаше три пункта за помош и превенција. Стартната позиција започна на висина од 1280 метри надморска височина. Им благодариме на ЗПК Кораб што ја поддржаа нашата активност и што ни помогнаа да застанеме на врвот на Кораб и да го развееме нашето знаме во име на пациентите со ретки болести.

Благодарение на многубројните волонтери и поддршката од други здруженија, од медиумите, спонзорите, од Детската Клиника во Скопје на чело со директорката Аспазија Софијанова, Комисијата за ретки болести, сопругата на амбасадорот на САД – Г-ѓа Мери Џо Волерс и многу други, Живот со Предизвици ќе продолжи со своите активности за подигнување на јавната свест за ретките болести и кон остварување на нашата цел – обезбедување на третман за пациентите со ретки болести во Македонија и подобрување на квалитетот на животот на пациентите и семејствата кои се соочуваат со живот со ретки болести.

Весна Алексовска, Претседател на Живот со Предизвици
070 705 446, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Инфо:
Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ е основано за помош и поддршка на пациенти и семејства. Заедно сакаме да креираме подобар живот за пациентите со ретки болести.
Shoqata e qytetarëve për sëmundje të rralla "Jeta me Sfida" u themelua me qëllim për të ndihmuar dhe mbështetur pacientët dhe familjet. Së bashku ne mund të krijojmë një jetë më të mirë për pacientët me sëmundje të rralla.
The association of citizens for rare diseases “Life With Challenges” is founded for support and help of patients and families. Together we want to create a better life for patients with rare diseases.
Придружете ни се / Bashkohu me ne / Join us:
http://challenges.mk/
https://www.facebook.com/LifeWithChallengesi
https://www.facebook.com/groups/312483895490987/
http://www.youtube.com/user/lifewithchallenges?feature=mhee



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 17, 2025
Festival.Simeon

ЈУБИЛЕЈ НА МУЗИКАТА - X ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ПОЛИХИМНИА 2025

Од 11.04 - 15.04. 2025 год. во Скопје по десетти пат се одржа Интернационалниот фестивал на класична музика Полихимниа 2025. Единствен од ваков вид во нашата земја и оригинален по својата содржина и оваа година фестивалот се обиде да ги обедини најдобрите…
Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Авг 29, 2024 Литература 945
TviTER231
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2497
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

Беседи

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

01/05/2025 - четврток

Преподобен Јован; Светиот маченик Јован Нови Јанински; Светите маченици Виктор, Зотик, Зинон, Акиндин и Северијан; Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април 2025

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април  2025

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април 2025

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим  28 април/15 април  2025

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим 28 април/15 април 2025

Патот кон Бога преку вашите стапалки е посведочено апостоли свети Христови,сотрудници на Павла, помошници на Петра великите,молете се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная