логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Странски дела ќе ги засенат домашните книги
Автори, актуелни на светските топ-листи ќе бидат најмногу застапени на саемските штандови, а домашното творештво ќе биде претставено со стари изданија

 

Малку домашни и многу нови преведени книги ќе бидат застапени на годинашниот 20. Меѓународен саем на книгата, кој свечено ќе биде отворен вечерва, во 19.30 часот во „Метрополис-арената“ на Скопското сајмиште. Со стотици романи, раскази, психолошки книги, историски дела, монографии, книги за деца ќе настапат шеесетина домашни издавачи, кои ќе бидат распоредени на простор од 4.000 квадратни метри. Централното место повторно ќе го имаат „Матица македонска“, „Култура“, „Просветно дело“, „Три“, „Табернакул“, а помалите книгоиздателства ќе се распоредат по краевите на халата. Меѓународниот белег на големата манифестација ќе и' го дадат десетина балкански издавачи.Книгоиздателствата се надеваат дека читателите годинава најмногу ќе ги придобијат со преводите на дела од европски и од американски автори. „Или-Или“ како новитети ќе ги понудат „Чиста анархија“ од Вуди Ален, „Колекционер“ од Џон Фаулс, „Катедрала“ од Рејмонд Карвер.Се надевам дека со нашиот избор ќе ги задоволиме вкусовите на читателите. Простор ќе им дадеме и на домашни автори-дебитанти, кои ги охрабруваме да создаваат, зашто нивните дела се значајни за развојот на македонската книжевност - вели Ненад Стевовиќ од „Или-Или“.

БЕЗ САЛА ЗА ПРОМОЦИИ

Со преводи ќе настапат и од „Феникс“, кои освен романескна литература, ќе понудат и книги за деца како „Книга за природата“, „Најпознатите светски откритија“, „Бајки“ од браќата Грим.На читателите ќе им ја понудиме светската книжевна мисла. Саемот е културен настан, на кој го презентираме тоа што се случува во творештвото - вели Христо Петревски од „Феникс“. Книгоиздателството „Ми-Ан“ ќе се претстави со енциклопедии за историјата, културата и за уметноста. На нивниот штанд, меѓу другите, ќе бидат изложени и „Македонски деветнаесетти век 1800-1902“ и „Македонски среден век“, кои беа објавени деновиве.

- Енциклопедиите се дела што ја содржат меморијата за нашето историско, културно, мисловно и духовно постоење. Тие се доказ и за зрелоста на нашата научна мисла. Затоа сосема заслужено треба да дојдат до читателите - вели Јован Павловски од „Ми-Ан“. Годинава на Саемот на книгата нема да има сала за промоции. Издавачите се договориле промоциите да ги одржуваат на своите штандови.Причината за таквата одлука била што во претходните изданија на манифестацијата само малкумина читатели доаѓале на организираните промоции.Салата за промоции се покажа како промашување. Саемот, како настан, самиот за себе е една голема промоција. Непотребно е луѓето да се водат во просторија каде што ќе им се зборува за книга што веќе ја гледаат на штандовите - вели Глигор Стојковски од книгоиздателството „Култура“. На нивниот штанд ќе бидат изложени и дваесет нови романи од странски автори чие творештво е на светските листи со најчитани дела.

НЕМА ДА ИМА НИТУ КАТАЛОГ

На 20. Саем ќе нема ниту каталог за изданијата изложени на штандовите. Книгоиздателствата процениле дека парите што ќе ги дадат за печатење на каталогот ќе им бидат залудно потрошени, бидејќи досега посетителите не се интересирале за тоа издание.За авторите, издавачите, подготвувачите на изданијата годинава се предвидени двојно повеќе награди и признанија отколку лани. Здружението на издавачи и книжари на Македонија првпат ќе врачи награда за наш најдобар и најстар жив писател. Ќе ги доделат и вообичаените награди, за најдобро издание помеѓу двата саема, за најпродавана книга, за најдобар библиотекар и за најдобар книжар.Награди ќе дели и Конзорциумот на издавачи. Ќе бидат врачени признанија за најдобро уреден штанд, за најдобра саемска презентација и промоција и за најдобар странски издавач. Работното време на саемот ќе биде од 10 до 20 часот. Билет ќе чини 30 денари. Привилегирани ќе бидат студентите и учениците, кои за влез ќе плаќаат 20 денари.

Светска промоција на „Скриена Македонија“ од Делисо

Македонското издание на книгата „Скриена Македонија“ од американскиот патописец Кристофер Делисо ќе биде промовирано во сите саемски дена на штандот на „Матица македонска“. По тој повод ќе бидат промовирани видеоспот за Македонија, рекламни материјали за нашата земја, а ќе гостуваат и дипломати, кои ќе зборуваат за книгата. Од издавачката куќа најавија дека тоа ќе биде подготовка за презентација на Македонија на големиот саем на книгата што во октомври ќе се одржи во Франкфурт.

Тоше Огњанов-Дневник



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…
Ноември 01, 2025
SimeonStefkovski.LJubanci

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост, гнев, страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Тоа се чувства заради кои боледуваат – и духот, и душата, и телото – а нивниот крај секогаш е тажен, истоштувачки и…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2468
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 2611
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1220
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

И покрај својата огромна големина, слоновите се плашат да не направат штета

Окт 01, 2025 Друго од култура 1432
TviTER968
Кога слон треба да се превезе со авион од една земја во друга – неговата кафезна кутија е…

Беседи

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

16/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (пост со масло)

Светиот маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула; Светиот свештеномаченик Лукијан; Светиот маченик Димитриј, принц руски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная