УКИМ одбележува 70 години од почетокот на наставата по руски јазик

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 70 години од почетокот на наставата по руски јазик. Јубилејот го организира Рускиот центар, кој од минатата година е во составот на УКИМ, со тридневна меѓународна конференција на тема „Рускиот јазик, литература и култура во Република Македонија: минато, сегашност и иднина“.
Ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски на отворањето на конференцијата рече дека во учебната 1946/47 година на тогаш новооснованиот Филозофски факултет почнал да работи Лекторатот по руски јазик за потребите на славистичките и на другите групи, а подоцна, рече, тој бил никулец од кој се формирала Катедрата за славистика.
Посочи на активностите со кои УКИМ ја негува русистиката, меѓу кои е отворањето на првиот Руски центар во Република Македонија во јануари 2016 година, кој е четврти во составот на Универзитетот, по Италијанскиот, Турскиот и Кинескиот центар.
– На 21 октомври минатата година се одржа и првиот час од бесплатните курсеви по руски јазик организирани од Рускиот центар. На отворениот конкурс беа пријавени повеќе од илјада кандидати, што за нас беше пријатно изненадување. И покрај огромниот број пријавени кандидати, се успеа да се најде и простор и време за да се отпочнат и завршат сите курсеви предвидени со програмата. Во февруари и јули оваа година им беа доделени и сертификатите по руски јазик на курсистите, рече Јанкуловски.
Директорот на Рускиот центар Велимир Стојковски истакна дека три датуми/години се важни во континуитетот на развојот на русистиката на Скопскиот универзитет и во Република Македонија: 1947 – кога почнал да работи Лекторатот по руски јазик; 1965 – кога Универзитетот го добил првиот лектор од матичната земја, тогаш СССР, и 2016 – кога на УКИМ се отвори Рускиот центар со поддршка на Фондацијата „Руски мир“ и Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.
– Во изминатите години развојот на русистиката не беше праволиниски процес и тој се менуваше под влијание на пошироките случувања. Но без оглед што нејзиниот развој беше проследен со различни периоди и околности, таа секогаш се одржуваше благодарејќи на пожртdе залага за понатамашно негување и унапредување на, како што рече, нашата традиционално одлична културна соработка.
Во светот денес 170 милиони луѓе зборуваат руски јазик, околу 350 милиони го разбираат, а надвор од својата земја живеат повеќе од 30 милиони на кои рускиот им е мајчин јазик.
Извор:









Бог нé создаде на еден начин, можеме да ја почувствуваме љубовта во срцата, а не илузии изградени преку слава или пари, како што сторив во мојот живот, не можам да ги земам со мене. Јас можам да ги земам со себе само спомените кои беа зајакнати со љубов.
Би сакала да студирам дизајн (визуелен дизајн). Отсекогаш ме интересирал дизајнот, а кај визуелниот дизајн има повеќе работа на компјутер, што мене баш ми одговара поради моите ограничени способности. Најлесно ми е да учам и да работам на компјутер. Се надевам дека некој факултет ќе ми овозможи ваков начин на студирање – вели Викторија, која боледува од ретка болест која мускулите ги претвора во коски.





- Кога ни ја донесоа пералната и шпоретот не им верував на очите, плачев. Некој тукутака да ти даде нешто. Никој не ми дал нешто во животот. Благодарност огромна до госпоѓата што ни донира, тоа што не сака ни името да ѝ се каже значи дека ова го прави од срце и душа - вели Душко.Најмалото синче Лазе, кој е второодделенец, ни раскажа дека сака да оди на училиште...
Откако децата заминаа, таа плачеше речиси еден час. Од тој ден таа престана да им предава на децата. Наместо тоа, почна да ги учи. Таа особено му обрнуваше внимание на Марко. Како работеше со него, така тој живнуваше. Колку повеќе го поттикнуваше, побргу напредуваше. На крајот на годината Марко стана еден од најдобрите ученици во одделението. Според тоа што не ја кажа вистината дека подеднакво ги сака сите деца, Марко стана нејзин најомилен ученик.


























