логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

„Ние сите сме сами во ова“

Автори/уметници: Христина Иваноска и Јане Чаловски
Комесар: Маја Наделкоска-Брзанова, в.д. директор на НУ Национална галерија на Македонија.
Куратори: Башак Шенова (Basak Senova) и Маја Чанкуловска-Михајловска



Влијателниот Вaлтер Бенjамин, чија луцидна теоретска мисла е сеуште актуелна, ќе каже: - Да се артикулира минатото историски, не значи да се признае на "начин на кој навистина се случило". Тоа значи да се придржуваме до меморијата која ќе блесне во момент на опасност. Историскиот материјализам тежнее да ја задржи онаа слика од минатото, која неочекувано му се појавува на човекот кога тој ќе се издвои од историјата во момент на опасност. Опасноста влијае, како и врз содржината на традицијата, како и врз оние кои ја восприемаат. Затоа, во секоја ера мора да се направи обид да се оттргне традицијата од конформизмот кој стреми да ја надвладее.


Оттука, во контекст на пошироката тема на претстојното издание на Венециското Биенале 2015 насловено „Сите иднини на светот“, која се осврнува токму на Бенjаминовото толкување на делото на Пол Кле и неговиот Ангелус Новус (како претстава на ангелот на историјата и неговото реинтерпретирање денес), делото „Ние сите сме сами во ова“ ги поставува прашањата за одговорноста на поединецот, апликативни врз локалниот, но и врз „состојбата на работите“ и „изгледот на нештата“ (според кураторот Okwui Enwezor) во поширокиот глобален контекст.


„Ние сите сме сами во ова“ на уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски кои соработуваат уште од 2000 година, е мултидициплинарен ликовен зафат кој ја тематизира претставата за вербата, како емотивна и интелектуална состојба, и своевидна современа социо-политичка аномалија. Проектот е пред се истражувачки и создаван во повеќе етапи, и произлегува од силен интерес кон идејата за реактивирање, или пак реанимирање, на нови релации кои произлегуваат од реконтекстуализирање на сликарското дело на анонимниот автор од црквата од XII век „Свети Ѓорѓи“ од Курбиново (видена како предзнак за идејата на истражувачки центар) во дијалог со современите концепти за истражувачка, концептуална и концепт-базирана уметност. 


Во овој проект Иваноска и Чаловски и нивните тематски определби – иконографијата и јазикот, архивираното и недокументираното, научното наспорти вернакуларното - изворното познавање на нештата, се во самата срж на проектот и го прават несекојдневно визуелно и интелектуално искуство за гледачот кое јасно комуницира со својот современо концептуализиран ликовен јазик. Двајцата уметници во своите изложени дела се занимаваат со вербата (или немањето верба како современа аномалија?), која не се задржува на религиозното верување, туку на преиспитување на сопствените вредности и своите верувања. Се појавува прашањето како и во што можеме да веруваме денес и каква е улогата на уметноста во однос на вербата? Цртежите и објектите на Чаловски на пример, кои се базираат врз записи на американскиот уметник Пол Тек претендираат да ја претстават личната борба на уметникот низ три аспекти: продукцијата на сопствените дела, задржувањето на вербата во делата, и прилагодување на очекувањата за тоа како ќе бидат прифатени, третирани и разбрани истите од публиката.


Сепак, делото на Иваноска и Чаловски е особено актуелно и отворено по однос на прашањата кои освен што се функционални во светот на уметничката експертиза и практика, се прошируваат надвор од границите на истата, во реалниот живот. Во контекст на поширокиот проект на Венециското Биенале, каде идејата за изложбата се поставува во вид на сцена, во рамки на која ќе бидат истражувани историски и аисториски тематски проекти, ова дело претставува историска траекторија од гласови, која без разлика дали е низ говорот на зографот од Курбиново, или оној на Симон Веил, Лиз Иригаре или Пол Тек, низ референтен ликовен јазик ги третира причините, потребите и конвенциите (како и начините на кои поединецот пристапува за да ги избегне истите) за верувањето адресирано до уметнички, активистички, социјални, колективни, но и индивидуални засегнатости.


Самата инсталација е налик на простор во кој архитектонски и математички е отсликана димензијата на црквата во сразмер 1:2. Трите ѕида од инсталацијата кореспондираат со јужниот, источниот и северниот ѕид на црквата (западниот е изоставен бидејки го симболизира влезот во инсталацијата). Истите се изработени од дрвена конструкција која наликува на функционален модел/ прототип за простор кој е ослободен од постоечка ѕидна конструкција. Трите ѕида се употребени за насликување на првото дело -  ѕиден цртеж во минималистичката форма кој го отсликува фрескописот во црквата. Овој цртеж е изведен во современа технологија која сепак е информирана од стариот начин на цртање на основите во црквата, со малтерна основа, а потоа апликација на пигмент. 


Во ѕидниот цртеж се инкорпорирани поединечни дела на двајцата автори во форма на текст-базирани цртежи, конструкции, објекти. Хартиените конструкции  на Иваноска се создадени директно во дијалог со списите на Симон Веил (Simone Weil, 1909-1943) која e француски филозоф од еврејско потекло, христијански мистик и политичка активистка, и Лис Иригаре (Luce Irigaray, 1930-), француска феминистка, филозоф и културен теоретичар од белгијско потекло. Нивните гласови се испреплетени и прочистени, сведени до знак, симбол на една внатрешна борба. Симон Веил ја преиспитува својата вера во Бога сметајќи дека е тоа лична определба и пат низ кој се оди сам и заради кој не ѝ е потребна поддршката од католичката црква ниту крштевањето, како институционален чин, за да ja осигура нејзината светост. Делата на Лис Иригаре на некој начин ја објаснуваат емоционалната и необјаснива (љубовна) релација со Бог кои ги надополнуваат исказите на Симон Веил. Во нејзиниот текст  “La Mystérique” од нејзината книга Speculum de l’autre femme (1974), таа ја преиспитува посветеноста на жената кон Бога, прашувајќи се: Но ако човек не е повикан, како да се справи со ова, дури и да поседува страст за вакви потфати?


Цртежите и објектите на Чаловски се однесуваат на поетиката во размислувањата и преписките на американскиот уметник Пол Тек (Paul Thek, 1933-1988) како и на ликовниот јазик добиен преку физичко отстранување на сликите од иконите. Пол Тек, кон кој Чаловски негува долгогодишен интерес, е значаен по неговите спиритуални дела создадени во седумдесетите години од минатиот век во Европа, и неговиот однос кон учењето на мистикот Мастер Екарт. Тек е заслужен за етаблирање на она што денес го нарекуваме инсталациска уметност и временски-детерминирана уметничка практика и отфрлање на воспоставените постулати на „одржливост“ на делото во контектст на институционалната рамка. Додека неговите дела се славени, истовремени истите се и исфрлани од музеите кои не можеле или пак не сакале да најдат начин истите да опстанат. Чаловски има создадено серија на цртежи и писма кои се базирани на најдени и досега необјавени лични белешки на Пол Тек. Белешките се откриени во колекцијата на Егидио Марзона (Egidio Marzzona), во Берлин, во 2013 година.


Споредбено со Тек, Зографот во Курбиново не ги усвојува во целост основите на византиската естетика, која е доминантна во визуелниот јазик на живописите во православните цркви, туку создава нов стил кој влече свои корени и од старомакедонската орнаментика на словенските кирилски ракописи. Заради анонимноста на авторот и непостоење на друга црква на територијата на Македонија живописана во истиот стил, идентитетот на зографот може до некаде да се деконструира само врз основа на овој споменик, па некои историчари ќе забележат дека тој бил многу култивиран и суптилен со префинет дух, но во исто време спонтан, импулсивен и непредвидлив. Токму оваа негова двојност меѓу крајната префинетост и максималната експресивност е пресликана во неговиот израз во кој доминира експресијата изразена преку самата линија, нагласената издолженост на телата која им дава елеганција и префинетост, и богатството на облеката, а особено драперијата која е разгранета како да била под под силовит налет на ветер и осамосталена во својата колоритна дефинираност. Она што тој ќе го создаде за некои експерти ќе претставува последно цутење на тој драгоцен 12 век од кој ќе се изроди една нова уметност.


Пресликувањето на живописаните ѕидови, каде местата на постоечките сочувани фрески се претставени само со златна боја, од една страна му дава ново световно значење на просторот, но од друга страна анулирајќи ја визуелноста на сликата која го одвлекува вниманието, не наведува да се замислиме колку само било значајно тоа сојузништво на црквата и зографот, т.е. институцијата и уметникот. На црквата и треба визуелниот јазик преку кој се претставуваат клучни сцени и личности од светите книги за да им ја доближи религијата на верниците, а зографот е оној кој изнаоѓа начин да се изрази себе си дури и во овој каконизиран простор на вертикали и хоризонтали. 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…
Ноември 01, 2025
SimeonStefkovski.LJubanci

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост, гнев, страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Тоа се чувства заради кои боледуваат – и духот, и душата, и телото – а нивниот крај секогаш е тажен, истоштувачки и…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2249
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 2368
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 914
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

И покрај својата огромна големина, слоновите се плашат да не направат штета

Окт 01, 2025 Друго од култура 1158
TviTER968
Кога слон треба да се превезе со авион од една земја во друга – неговата кафезна кутија е…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная