логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Еволуцијата на јазикот е како еволуцијата на биологијата – се случува постепено, генерација по генерација, па затоа и не постои точка на „кршење“ помеѓу еден јазик и следниот јазик што се развил од истиот. Така, секој од доленаведените јазици има нешто посбено, нешто античко, што го прави различен од другите, пишува авторката Лени Селингер во текстот споделен на угледниот сајт посетуван од милиони корисници годишно, The Culture Trip (во превод: „Културно патување“) во 2018 година.

3.angeli.so.truba

Во нејзината листа на 10 најстари јазици кои се зборуваат и ден-денес, таа ги вброи:


Хебрејски

Хебрејскиот јазик е интересен случај, откако престанал да се користи околу 400. година од нашата ера и оттогаш е зачуван како литургиски јазик што го користат Евреите ширум светот. Сепак, со подемот на Зионизмот во 19. и 20. век, хебрејскиот јазик оживеа и стана официјален јазик на Израел. Иако модерната верзија на јазикот се разликува од библиската, оние лица чиј мајчин јазик е хебрејскиот, можат да сфатат се што пишува во Стариот тестамент и сите поврзани текстови.


Баскијски

Linguists have postulated over the decades about what it could be related to, but none of the theories have been able to hold water. The only thing that’s clear is that it existed in that area before the arrival of the Romance languages—that is, before the Romans got there with the Latin that would eventually develop into French and Spanish.

Баскијскиот јазик е „ултимативна лингвистичка мистерија“. Мајчин јазик е на Баскијците што живеат во Шпанија и Франција, но нема никаква поврзаност со кој било латински јазик (францускиот и шпанскиот јазик важат за латински јазици) или генерално со кој било друг јазик што се зборува низ светот. Последниве децении лингивистите се обидуваа да пронајдат некаква поврзаност со друг јазик, но ниту една од теориите засега „не држи вода“. Едиствено може да се потврди само дека баскијскиот јазик постоел пред пристигнувањето на латинските јазици – односно, пред да дојдат Римјаните на овие територии со латинското писмо, кое со тек на времето се развило во француски и шпански јазик.


Тамил

Тамилскиот (или само Тамил) јазик е зборуван од 78 милиони луѓе ширум светот, официјален јазик во Тамил Наду и службен јазик во Шри Ланка и Сингапур. Ова е едиствен пример за класичен јазик што „преживеал“ до модерната ера, а доаѓа од дравидското семејство на јазици. Истражувачите дошле до пронајдоци кои вклучуваат натписи на тамилски јазик датирајќи од 3. век п.н.е, а оттогаш е во континуирана употреба. За разлика од стариот индоевропски јазик санскрит кој прекинал да се употреува околу 600. година п.н.е и станал литургиски јазик, тамилскиот јазик продолжил да се надоградува и денес е 20. најзборуван јазик во светот.


Литвански

Повеќето јазици што се зборуваат на европската територија припаѓаат на индо-европското семјество на јазици, но започнале да се „отцепуваат“ околу 3500. година п.н.е. Почнале да се менуваат, што придонело до „раѓањето“ на многуте јазици како германскиот, италијанскиот, англискиот… полека но сигурно губејќи ги заедничките лигнвистички карактеристики. Сепак, еден европски јазик што припаѓа на балтичката гранка од индо-европското јазично семејство, ги зачувал  повеќето карактеристики на она што лингвистите го наркуваат Прото-Индо-Европски (ПИЕ / PIE),  јазик за кој се претпоставува дека го зборувале и пред 3500 години п.н.е. Литванскиот јазик ги има зачувано повеќето звуци и граматички правила од прото-индо-европскиот јазик за разлика од кои било други негови лингвистички братучеди, па затоа и може да се нарече еден од најстарите јазици во светот кој се зборува и денес.


Фарси

Доколку не сте слушнале за фарскиот јазик, станува збор за јазик што се употребува во Иран, Авганистан и Таџикистан, а распостранет е и на други места. Сигурно сте слушнале за персискиот, што е всушност истиот јазик, но под друго име. Фарскиот јазик има директно потекло од стариот персиски јазик, што бил зборуван и познат како јазикот на Персиската Империја. Модерните Персијци го презеле околу 800. година во нашата ера, а она што го прави различен од другите јазици е фактот дека оттогаш овој јазик претрпел малку промени. Луѓето што говорат персиски денес би можеле да земат натпис од 900. година од нашата ера и да го прочитаат со значително помалку потешкотии за разлика од лице што зборува на англиски јазик, се обиде да прочита нешто од Шекспир (16. век).


Исландски

Исланскиот е уште еден индо-европски јазик, овој пат од северно германската гранка (за споредба, англискиот е исто така германски јазик, но од западно германската гранка). Иако повеќето германски јазици ги имаат изгубено карактеристиките што другите индо-европски јазици ги имаат, исландскиот јазик еволуирал многу конзервативно, а тоа придонело до нивно зачувување. Ниту данското раководење со државата од 14. до 20. век немало значително влијание на говорот, што значи дека исланскиот јазик останал непроменет од моментот кога нордиските доселеници го донеле говорот кога се преселиле на тоа копно, а лицата што зборуваат исландски јазик без потешкотии можат да читаат натписи на ислански стари со векови.


Фински

Финскиот јазик можеби не бил пишуван се до 16. век, но како и секој друг јазик, има постара историја од „официјалниот“ датум. Овој јазик е дел од фино-угричката јазична фамилија, во која припаѓаат и естонскиот, унгарскиот и други јазици кои се зборуваат од малцинства низ Сибир. Освен тоа, финскиот јазик вбројува многу позајмени зборови од други јазични фамилии што низ вековите биле адаптирани во фински. Во повеќето случаи, финскиот јазик ја зачувува оригиналната изворна форма на позајмените зборови, како на пример за зборот мајка – аити (aiti) доаѓа од готскиот јазик, кој одамна не се зборува. Зборот кунингас (kuningas) што значи крал, доаѓа од старогерманскиот збор kuningaz и истиот повеќе не постои во ниту еден германски јазик.


Грузиски

Кавкаскиот регион е вистински бунар за лингвисти што бараат „тешки“ јазици. Главните јазици од трите јужни кавкаски држави, Ерменија, Азербеџан и Грузија доаѓаат од три сосема различни јазични семејства – индо-европско, турско и картвелско (или јужнокавкаско). Грузискиот јазик е најголемиот картвелски јазик и единствен кавкаски јазик со античка литературна традиција. Неговата уникатна азбука е исто така многу стара – се верува дека е адаптирана од арамејскиот јазик уште во третиот век. Постојат четири карвелски или јужнокавкаски јазици и сите се зборуваат во малцинства низ Грузија, а исто како и баскијскиот јазик, не се поврзани со ниту еден друг јазик низ светот.

Ирско-галски


Иако ирско-галскиот јазик во денешно време е мајчин јазик само на мало ирско малцинство, има навистина долга историја. Овој јазик е член на келтската јазична гранка од индо-европските јазици, а се зборува на територијата на денешна Велика Британија и Ирска многу порано пред пристигнувањето на германското влијание. Од ирско-галскиот јазик се развил и шкотско-галскиот и манкс (јазик што се зборува на островот Ман), но вистинската причина поради што се наоѓа на оваа листа е фактот дека најстарата народна литература во западна Европа е испишана токму на овој јазик. Додека остатокот од Европа зборувал на свој јазик и пишувал на латински, Ирците решиле дека сакаат да пишуваат на нивен јазик.

3.angeli.so.truba

Македонски

Словенското јазично семејство, кое го вклучува рускиот, српскиот, полскиот, чешкиот и други јазици, е релативно „младо“ споредбено со другите јазици. Познатите браќа Кирил и Методиј го стандардизирале стариот словенски јазик, создавајќи го она што денес е познато како црковен старословенски јазик. Во 9. век сесловенските браќа го однеле јазикот со нив, кога отпатувале на север на мисијата за преобразување на словенското население во христијанско. Македонскиот јазик (заедно со сличниот бугарски) е најблискиот јазик на старословенскиот јазик.

 

Извор:

https://vocentar.com/bugarite-besni-makedonskiot-jazik-se-najde-na-lista-na-10-najstari-jaziczi-vo-svetot-koi-se-zboruvaat-i-denes/

 

 22риноември 2020 г.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 116
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 117
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 133
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…

Беседи

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

Но светиот Григориј имајќи го опитот на аскетите на Света Гора и на сите свети Отци на Црквата ни, се спротистави на оваа прелест, на рационализмот на западниот Варлаам, со...

« »