логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Aleksandar.N.sv.Haralampij

„Иако класиците остануваат да се читаат, секогаш на нашето дете, на децата на 21 век, треба да им понудиме и нови приказни што ќе бидат нивни приказни, блиски до нивниот сензибилитет и живеење“, посочи професорката Весна Мојсова -Чепишевска по повод Светскиот ден на детската литература, 2 Април

 

„Денешните деца читатели стануваат утрешни лидери и мислители“. Токму оваа максима зборува за потребата од сериозен пристап кон детската литература. За важноста на навиките за читање кај најмладите, за доближување на книгата кон децата и состојбата со детската литература во државата, во пресрет на Светскиот ден на детската литература, 2. Април, зборуваше професорката Весна Мојсова-Чепишевска, во рамките на онлајн настанот организиран од издавачката куќа „Арс Ламина“ на тема „Книгата е најголемо игралиште“.

„Последните години издавачките куќи во државата многу вложуваат во нови наслови и имиња, а интересно е да се види како и некои познати автори за возрасни сега решаваат да се свртат кон детето и да се обидат да пишуваат за деца. Иако класиците остануваат да се читаат, секогаш на нашето дете, на децата на 21 век, треба да им понудиме и нови приказни што ќе бидат нивни приказни, блиски до нивниот сензибилитет и живеење“, вели професорката Мојсова-Чепишевска, која на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, предава и книжевност за деца. Според неа улогата на возрасните, особено на родителите во доближувањето на книгата кон најмладите читатели е особено важна во време кога сме буквално окупирани со современа технологија.

 Од внимателни слушатели, се создаваат читатели

„Треба да се почне од помала возраст, а не тогаш кога создале одредени навики. Тука голема улога имаат родителите. Потребно е да се врати тој убав момент на раскажување на приказни и на учење на песнички. Секој треба да најде време во кое на детето ќе му се направи навика да му раскажува, а тоа да слуша. Значи прво треба да направите слушатели, па тогаш читатели. Од издавачките куќи пак во последно време се прави многу во однос на детската литература. Но, детето само не може да посегне по овие книги и сликовници. Некој треба да му ја подаде, да му ја отвори, да му ја прераскаже и да му го сврти вниманието, а тоа може да го направи родителот. Ако создадеме внимателни слушатели, кои ќе сакаат да слушнат нова и нова приказна, тоа дете ќе сака и само да научи да чита и така ќе создадеме читатели. Тоа е постепен процес кој се надградува, но ние прво како родители треба да се вложиме за да му покажеме на детето што е добро за него“, посочува Мојсова-Чепишевска.

Во однос на состојбата со детската книжевност и дали тоа што се објавува од македонски автори интегрира квалитет и современи теми, Мојсова-Чепишевска посочува дека по застојот во целокупната литература за деца од пред десетина години, во последно време има убав наплив на нови книги за деца што доаѓа и од целокупната свест за потребата да и се посвети внимание на детската литература. Но, од друга страна, во наплив на странска детска литература се поставува и прашањето што треба да се преземе да се привлечат децата кон читањето на книги од македонски автори.

„Ако немаме добри книги за деца нема да создадеме и добри читатели. Сега гледам дека и самите македонски писатели се трудат да покажат дека можат да понудат исто толку добри книги како и нивните колеги од Европа и светот. Само мислам дека треба да се ослободат од некои стеги и поотворено да зборуваат за теми кои се сметаат за табу теми во нашето општество. Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им препорачувам на македонските писатели да се ослободат од стегите. Нека се препуштат на имагинацијата и отворено нека зборуваат за работи што ги мачат денешните деца“, порачува Мојсова-Чепишевска.

Недостаток од комуникација автор – дете – наставник

Она што е битно додава професорката, е да се понудат добри приказни, кои се и добро дизајнирани, а кои ќе ги заинтригираат децата да ја читаат книгата до крај. Притоа јазикот да биде игрив, а приказната добро организирана… Таа посочува дека е неопходно да ги научиме нашите деца да ги сакаат домашните автори, но и преку нови наслови да се навратиме и на минатото. Како пример Мојсова-Чепишевска ги посочи книгите кои не навраќаат кон големиот Цепенков.

„Едни од нив се ‘Бајки од Македонија’, приказната ‘Девојчето и 12 месеци’, која е адаптирана, но преку неа може да се дојде и до оригиналниот запис од Цепенков. Тука се и книгите на Васил Мукаетов ‘Што е, а што не е?’ и ‘Од згода до згода, заграб бистра вода’ каде што се работи за нови песни, но тие секогаш тргнуваат од поговорка, гатанка што ја запишал Цепенков“, вели Мојсова-Чепишевска.

Во рамките на разговорот Мојсова-Чепишевска го посочи и недостатокот од настани кои во фокусот ќе ја стават детската литература од домашни автори.

„Порано беше најнормално писателите да имаат средби со децата. Во последно време тоа изостанува. Можеби е потребна и обука за наставниците за литературата за деца. Авторите да направат работилници, и наставниците и родителите повеќе да се анимираат, како и да се врати интеракција меѓу авторот и детето. Зошто да се читаат странски автори кои пишуваат за тинејџери, а да немаме ниту еден домашен автор кој пишува за оваа возраст“, вели професорката Мојсова-Чепишевска. Таа во пресрет на светскиот ден на детската литература посочи и дека најголема порака по овој повод е дека „Книгата може да им помогне на сите деца да си го изградат сопствениот идентитет“.

„Сето она што им пречи, што им недостига, што не можат да го прашаат, сето она што не можат или не сакаат да го кажат, можеби токму преку книгата ќе успеат да го направат и на тој начин да се ослободат од многу дилеми кои ги носат длабоко во себе. Книгите ќе им помогнат да ги прифатат разликите, да ги прифатат другите, да се ослободат од сите форми на дискриминација. Читајќи за некого во книгата, тие  читаат и за себе“, посочува Мојсова-Чепишевска, додавајќи „Никогаш не треба да го заборавиме детето во себе“. (Д.Т.)

 Извор:

https://www.vecer.press/%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5-%D0%B4%D0%B0-%D0%B8%D0%BC-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B3%D0%BD%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B4%D0%B0/

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јуни 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Новата книга од Тихомир Јанчовски беше промовирана во „Буква“

Авторот несомнено е познавач на филозофските теории, што е видливо и во неколку синтагми и максими кои вешто ги проткајува во своите раскажувања. Како синтагми кои во историјата на филозофијата се врзуваат со Декарт, со Лајбниц или со Хусерл. Сепак, и покрај…
Јуни 10, 2021
38.machenici1

До 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби

Луѓето годишно користат повеќе од 1 милијарда пластични кеси, фрлаат 13 милиони тони пластика во океаните, трошат 17 милиони барели за изработка на пластика (еден барел има околу 159 литри) и убиваат повеќе од 100.000 животни со користење на…

Елвира, наставничката која се покажа како штит...

Мај 17, 2021 Друго од култура 411
38.machenici1
Игнатијева на својот профил на Инстаграм обично објавуваше мотивациони пораки врз свои…

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Апр 07, 2021 Литература 358
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како…

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Апр 04, 2021 Литература 451
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Што ли да речеме за посуптилната страст на умот, како што е демонската гордост, т.е. високото мислење за самите себе, односно суетата, преку која демонот нѐ држи заробени и преку...

БEСEДА  за трeзвeнoста на умoт

БEСEДА за трeзвeнoста на умoт

Бoг на живoтнитe им дал самo душа, затoа нe им дал слoбoда, туку Oн ги ракoвoди сo Свoјoт ум. На чoвeкoт Бoг му дал душа и ум, и сo умoт...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.Светите Апостоли...

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Беа двајца сосем различни луѓе. Едниот прост рибар, а другиот еден од најучените во своето време. Еден крупен како карпа, друг многу ситен. Едниот со пламен карактер, а другиот кроток....

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување...

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да...

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Човекољубието на Господа Исуса Христа нема крај. За да го стекнеме вечниот живот, кој е во Него, и за да живееме со Него, од нас не се бара ни ученост,...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Егоцентричноста, т.е. самољубието не се способни да се потслонат на верата и довербата во Богочовекот Христос, и затоа несвесно го принудуваат човекот да бара сигурност само во материјалното, како и...

« »