логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


УТРЕНА

✜✣✜

Тропар, глас 4.

Раѓањето твое, Богородице Дево, радост ѝ јави на целата вселена, зашто од тебе засветли Сонцето на правдата - Христос нашиот Бог, и, откако ја разурна клетвата, благодат ни даде; а кога смртта ја уништи, вечен живот ни дарува.
    

✜✣✜


Седален, глас 4.

Воскликни Давиде, што ти се заколна Бог? Она што ми се заколна, рече тој, веќе и го исполни: Оној што од плодот на мојата утроба ја даде Дева, од неа се роди Творецот Христос, новиот Адам - Царот на мојот престол. Он царува и денес, и има царство непрестајно; неплодна (жена) ја раѓа Богородица и, на нашиот живот - хранителката.

✜✣✜


Седален, глас 4.

Од коренот на Јесеја и од бедрата Давидови, денес ни се раѓа слугинката Марија; сѐ се радува и се обновува; радувајте се заедно небо и земјо! Прославете ја, татковински народи! Јоаким и Ана торжествуваат викајќи: неплодна (жена) ја раѓа Богородица и, на нашиот живот – хранителката.

✜✣✜


Седален, глас 8.
Нека се радува небото и земјата нека се весели, зашто Божјото небо се роди на земјата: оваа, според ветувањето, Божја свршеница! Неплодната (жена) го дои детето Марија, а Јоаким ѝ се радува на рожбата, велејќи: и се роди жезол од кого изникна цветот Христос, од коренот на Давида! Навистина, чудо преславно!


Слава, и сега, глас 8.

Адаме, обнови се! Ево, радувај се! Давиде, весели се! Ано, биди добродушна, зашто Мајката на твојот Создател се раѓа преславно; сета земја ликува и се радува, обновена и облечена. Секој народ, ликувајќи, нека ѝ пее на Марија: Блажен е домот Давидов, зашто ја храни Хранителката на нашиот Живот.


✜✣✜

Стихира на празникот, глас 6.

Овој ден е Господов, радувајте се луѓе, зашто, ете, палата на Светлината, и книга на Словото на животот, од утробата произлезе и, вратата која е на исток, откако се роди, го чека влегувањето на Големиот светител; единствената која единствено Го воведува Христа во вселената, заради спасение на душите наши.


✜✣✜


Седален, глас 4.

Дева Марија и Богородица, денес навистина ни засветли како облак на светлина и од праведните (родители) се раѓа за слава наша. Адам повеќе не се осудува, а Ева од оковите се ослободи. Поради тоа, со смелост ѝ се обраќаме на Единствената Пречиста, и викаме: Твоето раѓање ѝ навестува радост на целата вселена.


✜✣✜


Канон, припев, глас 2. Величај го, душо моја, преславното раѓање на Божјата Мајка.


Песна 5.


Ирмос: Откако го разурна мракот на символичките загатки и, со доаѓањето на Вистината, на верните им ги озари срцата, преку Богородица, води нѐ нас, Христе, со Твојата светлина.


Да ја воспееме, луѓе, причината, која овозможи да ни стане слична нам Причината на вселената, на чија праслика беа удостоени да ѝ се поклонуваат пророците, кои Го навестуваа Спасението од неа.


Христе, Кој единствено ја испитуваш девствената бездна, и беше носен во божествените раце на Пречиста Дева, иако ниеден простор не може да Те опфати, води ме кон мирното пристаниште.


Процутувањето на еден сув стап го определи Ароновото свештенство за Израила, а сега сјае светлината на сеславното раѓање, кое процуте од неплодни родители.

Друг канон, глас 8.


Ирмос: Господи, Боже наш, мир дај ни! Господи, Боже наш, присвој нѐ! Господи, освен Тебе, друг (Бог) не знаеме; името Твое го именуваме!


Твоето пречисто раѓање, Дево непорочна, е неискажливо, а зачнувањето твое и раѓањето е неизглаголиво, Невесто незаневестена, бидејќи Самиот Бог се облече во мојата природа.


Денес нека се веселат ангелските чинови, со песни нека ликуваат потомците Адамови, зашто се роди Жезолот, кој Го израсна Царот – единствениот Христос, нашиот Избавител.
    

Денес, со твоето раѓање (Дево), Ева се разрешува од осудата, се разрешува и неплодството, и Адам од древната клетва, зашто, преку тебе, се избавивме од распадливоста.


Слава Ти Тебе, Кој денес ја прослави неплодната (Ана), зашто го роди секогаш расцутениот жезол, од кого, според ветувањето, процвета Христос, Цветот на нашиот живот.


Троичен: Слава Ти, Отче Свети, нероден Боже! Слава Ти, безвремен и Единороден Сине, Слава Ти, божествен и сопрестолен Духу, Кој произлегуваш од Отецот, и во Синот почиваш.


Богородичен: Твојата утроба, Дево, стана носило на Сонцето; твојата чистота остана како и порано неповредена, зашто Сонцето Христос, се јави од тебе како Младоженец од палата.


Катавасија: О, најблажено дрво, на кое се распна Христос, Царот и Господ, со кое падна оној што нѐ заведе преку дрвото забрането, кога се прикова со тело Бог, Кој им дава мир на душите наши.

✜✣✜


Песна 6, глас 2.

Ирмос: Јона, од китот, повика кон Господа: Ти се молам, изведи ме од бездната адова, та, како на Избавител, да Ти принесам жртва од песна пофална, и во дух на вистината.


Богомудрите родители на Божјата Мајка, во жалоста поради неплодноста, повикаа кон Господа и ја родија за сите поколенија, заради спасение на сите и за пофалба.


Богомудрите родители на Божјата Мајка, го примија небесниот дар од Бога достоен, кој го надминува носилото на херувимите.


Мајко Божја, имајќи те за непоколеблива брана и неспоредлива заштитничка, ние сме ослободени од нашите  страдања  и  под  нозе  ја  газиме  горделивоста непријателска.


Друг канон, глас 8.


Ирмос: Како водите морски, Човекољупче, од брановите на овој живот сум вознемируван. Затоа Ти викам како Јона: Милостив Господи, од распадливоста на животот избави ме.

Иако си посвета од светите, твоите целомудрени родители, Пречиста, те одведоа во храмот на Господа, за да се воспиташ чесно и да се подготвиш за Мајка Негова.


Неплодни жени и мајки, ликувајте! Бездетни (жени), бидете смели и радувајте се, зашто неплодна (жена) ја раѓа Богородица која ќе ја избави Ева од болестите, и Адама - од клетвата.


Го слушам Давида, кој ти пее: Девојки ќе бидат приведени по тебе, во храмот Царев ќе бидат приведени. И јас те воспевам, со Него, како ќерка Царева.


Го воспеваме твоето свето раѓање, го почитуваме и твоето непорочно зачнување, Невесто и Дево, од Бога повикана! Со нас слават ангелските чинови и душите на светите.


Троичен: Во тебе, Пречиста, се воспева и слави тајната на Света Троица, зашто Отецот благоволи и Словото се всели во тебе, а Божествениот Дух те осени.


Богородичен: Златна кадилница си била, Богородице Пречиста, зашто оган во твојатаутроба се всели – Словото од Духот Свети, и во човечка природа пред нашите очи се покажа.


Катавасија: Кога Јона ги рашири рацете крстовидно, во утробата на водниот ѕвер, тогаш јасно го прасликуваше спасителното страдање; кога по три дена излезе од него, го наслика општото воскресение на прикованиот Христос Бог со тело, Кој со тридневното воскресение светот го просветлува.


✜✣✜


Кондак, самогласен, глас 4.

Јоаким и Ана со твоето раѓање, Пречиста, се ослободија од срамот на бездетноста, а Адам и Ева - од распадливоста смртна. Затоа и празнуваат луѓето твои, избавени од гревовната вина, кога ти пеат: Неплодна ( жена ) ја раѓа Богородица и, на Животот наш – Хранителката.


Икос: Молитвата, заедно со воздишките на Јоаким и Ана, поради неплодноста и бездетноста, Му беа благопријатни на Господа и до Неговите уши дојдоа, и тие на светот живоносен плод му произведоа; додека првиот се молеше на гората, втората за својот срам размислуваше во градината. Но, неплодната со радост ја раѓа Богородица и, на Животот наш – Хранителката.

✜✣✜


Песна 7, глас 2.


Ирмос: Несогорливата капина на Гората, и росоносната печка халдејска, беа јасна праслика за тебе, Богоневесто, зашто во својата вештествена утроба си Го примила божествениот и невештествен Оган кој не те изгоре. Затоа, на Родениот од тебе, Му пееме: Благословен си; Боже, на нашите татковци.


Пречиста (Дево); законодавецот (Мојсеј) тешко можеше да ја разбере големата тајна, предобразена преку вештествени јавувања, иако беше поучен, пред објавениот знак; да ги отфрла сите земни помисли. Затоа; восхитен од чудото; говореше: Благословен си; Боже; на нашите татковци.


Гора и врата небесна, и духовна скала - тоа се имиња што пророците однапред ти ги дадоа; зашто од тебе се отсече Камен; без да бидеш допрена од човечка рака. Ти си; Дево; и вратата низ која мина Господ; Кој е Творец на чудеса и Бог на нашите татковци.


Бессемено си Го родила Господа; Кој им претходи на сите векови - Синот на Отецот; Мудроста и силата Божја; Кој во последно време прими тело; за да ги обнови смртните. Затоа; Дево Пречиста; на Твојот Син Му велиме: Благословен си.


Друг канон, глас 8.


Ирмос: Во разгорената печка халдејска, со помош Божја од Духот поросена, младите момчиња пееја: Благословен си; Боже; на нашите татковци.


Го празнуваме; Чиста; и на твоето свето раѓање верно му се поклонуваме; пеејќи Му на твојот Син; преку Кого сега се избавивме од древната осуда Адамова.


Сега Ана се весели и вика фалејќи се: Иако сум неплодна, ја родив Мајката Божја, заради која се разреши осудата Евина, и болката од жалоста.


Адам се ослободи и Ева ликува, и во духот викаат кон тебе, Богородице: Преку тебе се избавивме од проводната клетва, кога Христос се појави.


О стомаку, кој Го смести Бога во себе! О утробо, поширока од небесата, која го носеше Светиот Престол - духовниот ковчег на свештенството!


Троичен: Да ги прославиме Отецот и Синот и Светиот Дух, во единство на Божеството – Троица Пресвета, неразделна, несоздадена, совечна и едносушна.

Богородичен: Ти, единствена, си Го родила Бога преславно, Дево; ти си ја обновила природата со твоето раѓање, Марие! Ти си ја ослободила Ева од првородната клетва, Богородице Пречиста!

Катавасија: Безумната заповед на мачителот ги потресе луѓето; закани и богохулни зборови излегуваа од неговата уста, но гневот ѕверски не ги исплаши трите момчиња, ниту огнената печка, туку во пламенот, кој искреше при росоносниот ветар, тие пееја: Највоспеан Боже на татковците, и наш, благословен си.


✜✣✜


Песна 9.


Ирмос: Светилникот Бог, Кој засветли пред сонцето и Кој плотски дојде при нас од утробата на Дева, која неизречено Го воплоти: благословена, сечиста, тебе, Богородице, Те величаме.


Оној што на непокорните луѓе од каменот им пушти вода, - на послушните луѓе им дарува плод од неплодна утроба за наша радост – тебе Богомајко Пречиста, која достојно те величаме.


Ти што ја бришеш ненадејната древна осуда, и ја исправаш грешката на прамајката; која човечкиот род го измируваш со Бога, која си мост кон Создателот: Тебе, Богородице, те величаме.


Друг припев, глас 8. Величај ја, душо моја, од неплодна (жена) родената Дева Марија.


Друг канон, глас 8.


Туѓо е за мајките девството и необично е за девојките раѓањето деца: на тебе, Богородице, обете се исполнија. Затоа сите племиња земни непрестајно те величаме.


Достојно за твојата чистота, Богомајко, си наследила раѓање преку ветување, бидејќи некогаш на неплодната (жена) ѝ беше дадена како богоизникнат плод; затоа, сите племиња земни, непрестајно те величаме.


Се исполни пророштвото кое вели: Повторно ќе ја издигнам паднатата скинија на свештеникот Давид, која беше твој предобраз, Пречиста, зашто правот на сите луѓе, преку тебе, во тело Божјо се создаде.


На пелените твои им се поклонуваме, Богородице! Го славиме Оној што порано те даде како плод на неплодната (Ана) и на чудесен начин ја отвори утробата на неродната, зашто Он, како семоќен, прави сѐ што ќе посака.


Богородице, која се роди од Ана, ние, како дар, верно ти принесуваме песни: мајките – славословејќи те како Мајка; девојките – како единствена Дева! Тебе ти се поклонуваме, ти пееме и те славиме.


Троичен: Туѓо е за нечестивите да Ја слават беспочетна Троица – Отецот и Синот и Светиот Дух – семоќ несоздадена, Која целиот свет го одржува, со знак на моќта Нејзина.


Богородичен: Си Го сместила во утробата твоја, Дево Мајко, Едниот од Троица – Царот Христа, Кого што Го воспева сето создание, и од Кого треперат небесните чинови. Него моли Го, Сечиста, да ги спаси душите наши.


Катавасија со припеви на празникот.


Богородице Дево, ти си таинствениот рај од кој необработено Го израсна Христа, од Кого на земјата беше насадено крсното и живоносно дрво: затоа, кога сега тоа се издигнува, поклонувајќи се пред него, тебе те величаме.


И другиот: Смртта што човечкиот род ја заработи, со јадење од дрвото (забрането), денес со крстот се уништи, бидејќи клетвата на прамајката на целиот род се разруши, преку Плодот на чистата Богомајка, којашто сите небески сили ја величаат.

✜✣✜


Светилен.


Денес од неплодната Ана произлезе цветот Богородица, која ги исполнува сите краишта на светот со божествена благопријатна миризба, и со радост сето создание го наполнува. Неа воспевајќи ја, достојно ја славиме, како повисока од сите родени на земјата.


Слава, и сега:


Адаме, обнови се, и Ево, возвеличи се, пророци со апостолите и праведниците – ликувајте, зашто денес на ангелите и на луѓето им засветли општа радост – Дева Марија, од праведните Јоаким и Ана.

 

Подготви: Светланка Трајчева

 

Друго:

Пресвета Богородица, често одела во Маслиновата Гора, од која нашиот Господ се вознел на небесата, и преклонувајќи ги колената таа ги целивала стапките Христови, кои биле врежани на каменот од Неговите пресвети нозе. И со многу солзи таа го молела својот Син и Бог да ја земе при Себе: зашто таа, неспоредливо повеќе отколку, светиот апостол Павле, сакала да се ослободи од телото и да биде со Христа и често ги повторувала Давидовите зборови: "Кога ќе дојдам и ќе го гледам лицето Божјо? Солзите мои беа леб за мене и дење и ноќе (Пс 41, 2-3); кога ќе го видам мојот мил Син; кога ќе отидам при Него, Кој седи од десната страна на Бога Отецот? Кога ќе седнам до престолот на Неговата слава? Кога ќе се наситам гледајќи го Неговото лице? О преслатки Сине мој и Боже! Време е да го исполниш Сион со својата милост; време е да се смилуваш на мене, Твојата Мајка, која во тажната долина на овој свет тагува, не гледајќи го Твоето лице; изведи ја од телото, како од темница, мојата душа; зашто, како што срната се стреми кон потоците, така и душата моја се стреми кон Тебе, Боже, да се наситам кога ќе ми се јави Твојата слава."

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5789
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6608
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6387
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5585
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная