логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 
✜✣✜

 

Воведение во храм на Пресвета
Владицича наша Богородица и
Приснодева Марија


УТРЕНА


✜✣✜

Тропар, глас 4.

Денес е почеток на милоста Божја, и навестување на човековото спасение. Во храмот Божји Дева јасно се покажува, и Христа на сите им Го предвестува; нејзе и ние гласно да ѝ запееме: Радувај се, исполнување на промислата на Творецот.


✜✣✜


Величание.

Те величаме, Пресвета Дево, од Бога избрана уште како мало дете, и го славиме твоето воведение во храмот Божји.


✜✣✜


Канон, творба на Георгиј.
 Акростих: Дај му благодат на мојот говор, Владичице.

Zvonko.sv.Vasa10


Песна 3.

Ирмос: Твоите песнословци, Богородице – жив и независен изворе, откако ќе ги собереш околу себе, духовно утврди ги и, во твојата божествена слава, со венците на слава удостој ги.


Денес  храмот се покажа како прекрасна одаја во која се украсува Невестата, откако ја прими духовната палата Божја – чистата и непорочна Дева, посветла од сите созданија.


Давид, преземајќи го диригентството со хорот, игра со нас и ликува, Пречиста, и те именува Царица украсена, која стои во храмот пред нашиот Цар и Бог, Сечиста.


Од онаа, од којашто некогаш излезе престапот во човечкиот род, од неа процвета и обновувањето и нераспадливоста – Богородица, која денес  во домот Божји се приведува.


Ликуваат ангелските воинства, и мноштвото на сите луѓе, и пред твоето лице, Пречиста, денес врват свеќоносици, разгласувајќи ги во домот Божји твоите величија.


Катавасија: На Синот, роден пред вековите од Отецот нетлено, а во последно време воплотен од  Дева бессемено – на Христа, нашиот Бог – да Му запееме: Свет си, Ти, Господи, Кој го издигна нашето достоинство.


✜✣✜


Седален, глас 4.

Кажи ни Давиде, кој  е овој празник? Дали се однесува на Онаа што во она време си ја воспеал во книгата Псалми, како девојка и ќерка која таинствено ќе му биде приведена на Царот, придружувана од девојки и од нејзините роднини? Направи го да ни биде чудесен празник за целата вселена, за оние што викаат: Богородица е нашата застапница и на спасението – посредница.

Слава, и сега, глас 4:

Непорочната овчичка и неосквернета палата – Богородица Марија, во домот Божји преславно се воведува; ангелите Божји ја носат верно, и сите верни ја слават постојано, и со силен глас.
 

✜✣✜


Песна 6ː Славејќи го овој божествен и сечесен празник на Божјата Мајка, дојдете, богомудри, со рацете да заплескаме и родениот од неа Бог да Го славиме.


Оној што со Својот збор ја носи вселената, ја услиши молитвата на праведните, како миосрден ослободувајќи ги од неплодноста, и Он им ја подари Причината за радоста.


Господ, сакајќи сите народи да ги запознае со Своето спасение, сега од луѓето ја прими Безбрачната, како знак за смирување и обновување.


Како дом на благодатта, Сечесна, во кој се пазени ризниците на неискажливиот Божји план на спасението, во храмот си се причестила со сладоста нераспадлива.


Кога храмот те прими тебе – Царската дијадема, Богоневесто, се просветлуваше и место им отстапуваше на повозвишените добра, гледајќи дека во тебе се исполнуваат пророштвата.

Zvonko.sv.Vasa10

✜✣✜

Кондак, глас 4.

Пречистиот храм Спасителов, скапоцената свадбена одаја и Дева, свештената ризница на славата Божја, денес во домот Господов се воведува, со себе и благодатта на Светиот Дух воведувајќи ја; ангелите, пак, Божји пеат: Таа е небесната скинија.


Ирмос: Гледајќи како благодатта на неискажливите Божји и божествени тајни се покажува во Дева, се радувам на нивното јасно исполнување, а не го разбирам необичниот и неискажлив начин: Како беше избрана единствената чиста, пред секоја твар видлива и духовна?! Затоа, сакајќи да ја воспеам, се чудам многу и со умот и со зборот. Сепак, се осмелувам да ја проповедам и величам: Таа е небесна скинија.


✜✣✜


Песна 9.

Ирмос: Раката на нечистите никако да не се допира до живиот Ковчег Божји, а усните на верните непрестајно да го пеат ангелскиот поздрав на Богородица, и радосно да викаат: Навистина си повозвишена од сите, Дево Пречиста.


Ангелите, гледајќи го влегувањето на Сечистата, се зачудија: Како таа со слава влезе во Светињата на светите.


Богородице Чиста, имајќи пресветла душевна чистота и добрина, исполнета со Божја благодат од небесата, со вечна светлина ги просветлуваш оние што весело викаат: Навистина си повозвишена од сите, Дево Пречиста.


Ангелите, гледајќи го влегувањето на Дева, се зачудија: Како таа со слава влезе во Светињата над светињите.

Zvonko.sv.Vasa10
Твоето чудо, Богородице, ја надминува силата на зборовите, бидејќи разбирам дека телото во тебе, неискажливо, не е подложно на гревовната нечистотија, затоа благодарствено ти викам: Навистина си повозвишена од сите, Дево Пречиста.


Ангели и луѓе да го прославиме влегувањето на Дева: Како таа со слава влезе во Светињата над светињите.


Стариот закон, Пречиста, преславно те предвидуваше како скинија и божествен сад, необичен Ковчег и царска завеса, и жезол, храм неразрушлив и врата Божја. Затоа нѐ учат да ти викаме: Навистина си повозвишена од сите, Дево Пречиста.


Ангелите, гледајќи го влегувањето на Дева, се зачудија: Како таа богоугодно влезе во Светињата на светињите.


Давид те славеше во своите песни, именувајќи те: Ќерка на Црквата, красота на добродетелите, кога те виде како стоиш украсена оддесно на Бога. Затоа, пророкувјќи, викаше: Навистина си повозвишена од сите, Дево Пречиста.


Ангели со светителите, заедно со девојките, играјте и ликувајте, бидејќи  Богоотроковица влезе во Светињата над светињите.


Соломон, гледајќи те однапред како дом Божји, те претстави како Царев одар, жив и запечатен извор, од кого ни излезе чиста вода, нам кои со вера викаме: Навистина си повозвишена од сите, Дево Пречиста.


Ангели и луѓе, со песни да ја возвеличиме Дева, бидејќи таа богодолично влезе во Светињата над светињите.


Мирот на твоите божествени дарови ѝ го даваш на душата моја, Богородице, излевајќи ни живот, нам кои те почитуваме, како што прилега, за да ти пееме: : Навистина си повозвишена од сите, Дево Пречиста.


✜✣✜


Друг канон.


Ирмос: Светлоносниот облак, во кој  Господарот на сѐ, слезе од небото како дожд на руното и кога Он – Беспочетниот, заради нас се воплоти и стана човек: сите да ја величаме како чиста Мајка на нашиот Бог.


Величај ја, душо моја, приведената во храмот Господов, и благословена од рацете свештенички.


Од праведните Јоаким и Ана произлезе плодот на ветувањето – Богоотроковицата Марија; и, како пријатен темјан, млада по тело, се приведува во Божјото светилиште, за да престојува во Светињата над светињите.


Со песни да ја прославиме Младата по тело, која надумно се покажа и како Мајка Божја, зашто денес  Му се приведува на Господа во законскиот храм, од праведните ( Јоаким и Ана ), како духовен плод и благопријатна миризба.


Ние верните, на Богородица да ѝ се обратиме со ангелскиот поздрав: Радувај се, седобра Невесто! Радувај се, светол облаку, од кого нам, кои седиме во мракот на незнаењето, ни засветли Господ! Радувај се, ти која си надежта на сите нас.


Посвета од сите свети, Богомајко Марие, со твоите молитви, Чиста, ослободи нѐ од замките непријателски, и од секаква ерес и несреќа, нас кои верно се поклонуваме пред твојата света икона.


Сето создание, заедно со архангелот Гавриил, на Богородица ѝ пее достојна песна, викајќи: Радувај се, Мајко Божја сенепорочна! Со твоја помош се избавивме од првата клетва и станавме учесници во нераспадливоста.


Поголема од херувимите, и повисока од серафимите, и поширока од небесата се покажа, Дево, зашто несместливиот наш Бог си Го сместила во утробата и си Го родила неискажливо. Него, за нас, прилежно моли Го.


Троичен.

Припев: Величај ја, душо моја, силата на Триипостасното и неразделно Божество.


Триипостасната природа и неразделната слава, во едно Божество непрестајно воспевана, на небесата и на земјата – да Ја прославиме неразделна Троица, набожно поклонувајќи Му се на Отецот со Синот и со ( Светиот ) Дух.


Богородичен.

Величај ја, душо моја, почесната и пославна од горните воинства – Дева Пречиста Богородица.

Нас, кои верно прибегнуваме под твоето милосрдие, и набожно Му се поклонуваме на твојот Син, Дево Богородице, како на Бог и Господар на светот, моли Му се, да нѐ избави од распадливост и неволи, и секакви искушенија.


Ангелите, гледајќи го влегувањето на Дева, се зачудија: Како таа со слава влезе во Светињата над светињите.


Ирмос: Гледам необична и преславна тајна: небото (станува) пештера; Дева ( го заменува) херувимскиот престол; јаслите се сместувалиште, во кои легна несместливиот Христос Бог, Кого, пеејќи Го величаме.

Zvonko.sv.Vasa10
Светилен.

Верно да ја прославиме Богоотроковица Марија, која во она време ја предвести хорот на пророците, како сад избран и жезол, и таблица со десетте Божји заповеди, гора несечена, која денес се воведува во Светињата над светињите, за да се воспитува во Господа.

 

 Подготви: Т.С.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5808
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6626
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6410
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5605
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная