логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Оној којшто љуби секогаш чувствува дека е должен. Не затоа што има некаков синдром на вина, туку затоа што срцето секогаш му чувствува потреба да даде повеќе, да му даде на другиот тоа што има, да се жртвува, да се распне, да умре, за да живее другиот; да загуби, за другиот да се спаси.



Како што не е возможно заедно да пасат овци и волци, така е невозможно да добие милост оној, кој е подмолен спрема ближниот свој.

Како што огнот и водата не можат да постојат заедно, тоа се случува и меѓу оправданието и смирението.

Оној кој бара прошка, го љуби смиреномудрието Оној, кој го осудува другиот, ги запечатува своите гревови и страста.

Св. Марко Подвижник



Колку и да се трудам, никогаш нема да те сакам како Христос.

Обично во молитвата сакаме Бог да ги слушне нашите молби. Но смирениот човек во својата молитва бара да Го слушне Бога, а не да биде од Бога слушнат. Ја исполнуваме молитвата со прозби кон Бога и не знаеме да  замолчиме, та да Го слушнеме Бога. Дури и кога Бог јасно одговара на нашите молби, ние ги отфрламе тие одговори од кои не сме задоволни, кои не одговараат на нашите планови. Велиме дека Бог не ни одговорил на нашите прашања, но Бог одговорил. Едноставно не сакаме да ги прифатиме тие одговори. Еден светец вели дека Бог секогаш одговара на три начини: „да“, „не“, „почекај“. Но дали сме подготвени да прифатиме одговор од Бога?

Најмногу да се молиме за да Го слушнеме Бога, да се просветлиме, пред сè, за да придобиеме покајание и смирение. Да се молиме, да бараме од Бога да ни даде човекољубие, да ни ги отвори срцата кон другите, да останеме во љубовта, колку и да нè чини. За да се помолиш длабоко и вистински, потребно е да имаш чисто срце, скрушено и смирено, не совршено од природна гледна точка, туку распнато, раскрварено, насолзено, срце кое се кае.

Да ја бараш Божјата милост насекаде и секогаш, да ја чекаш со нетрпение таа средба со Христос. Да сакаш да се сретнеш дури и накратко – и бесшумно – со Љубениот на твојата душа. Се молиш и се среќаваш со Него и со сиот свет, ја примаш Неговата љубов и ја предаваш на светот. Се радуваш. Имаш радост, која извира не од надворешни предизвикувачи, туку од тебе. Имаш радост од тоа искуство на Христовото присуство во твојот живот. И сè станува лесно, сè добива длабока смисла. Ослободен, го прифаќаш секое искушение. Се променуваш. Од самата молитва се поучуваш да се молиш. Благодатта те покрива. Но, потребна е борба. Борба без компромиси. Борба главно со твоето его. Борба на молчание и трпение, на послушание и смирение.

Без молитва нема духовен живот. Заправо, духовниот живот е молитва.



Оној кој верува во Бога, се плаши од пеколот. А оној којшто се плаши од пеколот, се воздржува од страстите. Оној којшто се воздржува од страстите, ги претрпува работите што му предизвикуваат тага. Оној што претрпува, ќе придобие надеж во Бога. Надежта во Бога го оддалечува умот од секоја страстна склоност кон земните нешта. И кога умот ќе се оддели од пристрасноста, ќе ја придобие љубовта кон Бога.

Сите добродетели му помагаат на умот, за да придобие божествен ерос, но повеќе од сите – чистата молитва. Затоа што со неа умот се окрилува, лета кон Бога и излегува надвор од сите твари.

Којшто Го сака Бога, не може да не го засака секој човек како себеси, макар и да не му се допаѓаат страстите на оние што уште не се очистиле. Затоа и се радува со голема и неизмерна радост за нивното поправање.

Нечиста е душата, која е полна со зли помисли, похот и омраза.

    Оној кој гледа и трга од омраза во своето срце кон кој и да е човек за кое и да е негово прегрешение, наполно е туѓ на љубовта кон Бога. Затоа што љубовта кон Бога не ја поднесува ни најмалку омразата кон човекот.

Ова е мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве возљубив (Јован 15,12).

Следствено, оној кој не го љуби својот ближен, не ја пази Божјата заповед. Оној којшто не ја пази заповедта и Бога не може да Го сака.

Св. Максим Исповедник



„Радоста е нешто надворешно, но и нешто внатрешно. Во секој случај е неопходен предуслов, зашто недостатокот на радост го тера човекот на погрешен начин да ги толкува работите и да ги променува. Како кога прснеш азотна киселина врз чиста вода, таа веднаш ќе ја промени својата структура, исто така, и една капка горчина, грижа, тага ја променува целата атмосфера на човекот и Го поместува Бога…“



Пијанството на божествениот миг те тера да ја видиш реалната смисла на животот. „Твое од Твоите, Тебе принесувајќи Ти, за сите и за сè“. Немаме што да Ти дадеме, освен Твоето – она, коешто си ни го доверил преку Својата љубов. Ти Го даваме и пред да го свариме, за да Ти го предадеме, Ти веќе ни го даваш назад. Ни го даваш сменето, различно, осветено.


Ти даваме земја и ни го носиш небото.

Ти даваме леб и вино, а ни ги принесуваш Твоите Тело и Крв.

Ти ја даваме човечноста на човештвото и ни ја принесуваш Твојата Богочовечност.

Ти ги даваме гревовите и ни ја носиш Твојата блага прегратка.

Една врска, која не гледа равенство и право. За среќа…

Една врска, која гледа само низ погледот на Љубовта.

И повторно тоа пијанство на божествениот миг те тера да ги дигнеш рацете пред Таинството и да извикаш во молчание:

„Ти благодарам, Боже мој, Ти благодарам, Христе мој!“



Избор и превод на текст: Наташа Наумоска

Извор:

 https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/vo-molitvata-treba-da-molchime-za-da-go-slushneme-boga/

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Мај 16, 2021

Овој ден - на свети Атанасиј Велики | Манастир Св. Јован Претеча С. Слепче

Ноќ повторно наидуваво утро рано на мои очи,ученик наместо да се надѕидувадозволил нешто да го кочи. Прослава чесна Небесна,за учител се одвиваликува Небеса, торжествува,Црквата воскликнува.
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2253
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1528
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1923
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…