логоFacebookTwitterYouTubeeMail

38.machenici1

Искуството на отците на Црквата ни вели дека покајанието е доживотно дело, дека се бориме со нашите страсти цел живот.Тоа сигурно не е истакнато за да не разочара и да не обеспокои, но да нè приземји и да не натера да разбереме  дека ќе се спасиме не затоа што сме станале совршени, туку затоа што сме го придобиле смирението и искреноста.
Отците на Црквата се свесни за човековата природа и  состојба. Тие добро знаат што точно претставува човекот.


Повеќето од нас ќе треба да војуваат  против сопствените страсти и “темнини” . Постојат исклучителни случаи на покајание и промена, кои, токму затоа што се ретки, се нарекуваат чуда. Но, тие не се вообичаена појава, туку исклучок. Огромното мнозинство луѓе, верници, нема да можат да ги надминат своите страсти. Најверојатно ќе умреме со некои од нив. Во најдобар случај, по Божја благодат, ќе научиме да ги контролираме. Да ги прифатиме, не со оправдување, туку со разбирање.


Се разбира, сега моралистичкиот и правниот дел од нашето его и нашето оттуѓено  предание ќе се побунат, велејќи: „А, како ќе се спасиме?“ Видете.. Добро е што Бог нема никаква врска со нашите сфаќања и проекции на душата, што не дејствува со нашите критериуми за правичност. Бог ја бара од нас нашата автентичност и реално прифаќање на нашите егзистенцијални граници. Бог ја сака нашата човечност и искреност. Она што може да ни ја затвори вратата на Неговото царство нема да биде нашиот грев, туку нашето лицемерие и лага. Нашиот прикриен и откриен  егоизам, кој верувајте ми, знае да се прикрие многу добро дури и во нашите очигледни добродетели.”


о. Харалампиј  Пападопулос


извор : zadrugata.com
превод: С.Стефковски
 
  Јуни 2021 лето Господово  


   



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2502
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1680
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2164
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…