логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Bogorodica.starec.Pajsij2

АКАТИСТ НА ПРЕПОДОБНИОТ И БОГОНОСЕН НАШ ОТЕЦ ПАИСИЈ СВЕТОГОРЕЦ

[се празнува на 13 јануари (31 декември ст. ст.); 12 јули (29 јуни ст. ст.)

Кондак 1
На избраниот подвижник на Панагуда и благомиризливиот мироточец, плод на Кападокија и буден застапник, да воспееме заедно. Подражавајќи го ангелското житие, на Троица Света И' благоугоди, затоа и повикуваме:
Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!
Икос1
Се покажа како ангел во уделот на Богородица избран и нам посредник најтопол пред Бога, оче Паисие, затоа вака те воспеваме:
Радувај се на вишното жителство образот го јави!
Радувај се на Кападокија благомирисно миро!
Радувај се, на Мала Азија цвету!
Радувај се, пофалбо на свети Арсениј!
Радувај се, кај фарасјаните постојано опеван!
Радувај се, на иноците правило!
Радувај се, на Елада величие и на верата чувар!
Радувај се, светилка на кападокискиот род!
Радувај се, чедо на божествената Византија!
Радувај се, добрино на Атон и орлу!
Радувај се, земен ангеле!
Радувај се, небесен човеку, кој пребива на Небесата!
Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!

Кондак 2
Гледајќи, како од раката на свештениот Арсениј во Фараса Кападокијска, родителката на светии, крштение си примил и како неговата молитва те јави за многуплодно чедо на Мала Азија и Елада, по достојание те прославуваме, пеејќи Му на Бог: Алилуја!

Икос 2
Разбирајќи и запознавајќи ги страданијата на оние кои се изгонети од татковината, кои странствуваат и тагуваат за разорувањето на татковиот дом, си се укрепил во верата и богоразумноста и си примил светлина од благодатта Божја, Паисие свети. Поради тоа и ние, гледајќи ги твоите чудеса, ти воскликнуваме вака:
Радувај се, на уделот на Богомајката божествен дарител на светлината!
Радувај се, насобра благослови Исусови!
Радувај се, едро на премудри благодејанија!
Радувај се, благомирисник на Вишното дарение!
Радувај се, на Божјиот Дух, најблажено сјаење!
Радувај се, на добродетелите неискажлива благомирисност!
Радувај се, прекрасно Атонско летно изобилство!
Радувај се, како бањата Силоамска, ги лекуваш сите страсти!
Радувај се, на Пресветата служителу преблажен!
Радувај се, вожду и победнички извик на Света Гора!
Радувај се, на постот и на молитвата буден делателу!
Радувај се, застапнику на страдалните и натажените!

Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!

Кондак 3
Читајќи и разбирајќи ги житијата за мачениците кои биле укрепувани со силата на Вишниот, ти со блажена душа си восходел кон непрестајното славословие на Творецот на се’. Ние спомнувајќи си за сето ова, извикуваме: Алилуја!

Икос 3
“Јас сум Воскресение и Живот. Кoј верува во Мене нема никогаш да умре.” Овие зборови откако ги слушна од Небесниот Женик се исполни со божествената светлина и ја отфрли лагата на неверието. Заради ова, благодарно извикуваме вака:
Радувај се, уште како дете си ги победил мрежите на безбожието!
Радувај се, си го видел Христа на јаве!
Радувај се, строителу на Стомионскиот манастир!
Радувај се, ги победи еретиците на Коница!
Радувај се, неисцрпен потоку на милостиња!
Радувај се, укрепуван од небесно сјаење!
Радувај се, подвижнику на Синајската гора!
Радувај се, молитвенику на манастирот на великомачницата Екатерина!
Радувај се, ја подражаваше мудроста на девицата!
Радувај се, на светите Галактион и Еписитима, сотруднику!
Радувај се, градино, никната од каменот од гората Мојсеева!
Радувај се, воспој на ангелската молитва на земјата!

Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!

Кондак 4
Пречист оче, бидејќи си имал божествен копнеж кон Богомајката, Неа за будна Застапничка и Чуварка ја стекна. Поради тоа и ние, сакајќи да се приопштиме кон твоите дарови, пееме со тебе: Алилуја!
Икос 4
Слушнаа за името твое сите земни краишта, Паисие свети, оти ти како сонце си заблескал во последните времиња и си го утврдил со името на Господ Исус Христос. Ние пак, едномислено сеќавајќи се за твоите божествени учења, ти ги принесуваме овие зборови:
Радувај се, извонреден љубимец си бил Пресветата!
Радувај се, крине на Мајката Божја, кој нас не’ збогатуваш!
Радувај се, сомолитвенику на херувимите!
Радувај се, подеднаков со серафимите!
Радувај се, крепост на Православието!
Радувај се, предизбрано создание!
Радувај се, заштито на црноризците и чувару на татковината!
Радувај се, чедо на Коница, застапништво на Стомион!
Радувај се, како лоза на Богомајката, блговремен плод принесуваш!
Радувај се, градината на покајанието ја благоухаш!
Радувај се, беседиш со Божји словеса!
Радувај се, ги лекуваш раните на грешниците!

Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!

 STAREC.Pajsij

Кондак 5
Придобивајќи угодна на Бога љубов, ти се положи за жртва на братството, и по благословот на Пречистата ги обдаруваше сите. Поради тоа твое одрекување денес го прославуваш Христос со ангелите, а ние собрани во твој спомен, велиме. Алилуја!

Икос 5
Бидејќи видовме, дека ја полагаш својата душата за ближниот, Паисие блажени, прибегнуваме кон тебе со молитвата: биди милостив и кон нас, предстоејќи пред Владиката Христа, и помоли го Него, да ја оттргне гревовната темнина која го помрачува умот, со молебните песни кои те воспеваат вака:
Радувај се, благороден заштитнику на Панагуда!
Радувај се, на Богородица песнословиш!
Радувај се, ѕвездо водилке на заблудените!
Радувај се, Атонска трубо која го призовува Бог!
Радувај се, утехо на оние кои плачат!
Радувај се, помошнику на оние кои страдаат!
Радувај се, на тажните божествена утеха!
Радувај се, предстоиш за нас пред Милостивата!
Радувај се, на недолжните бесплатен лекару!
Радувај се, ги насочуваш оние кои се подвизуваат!
Радувај се, достојно си ја восфалувал Богородица Вратарка!

Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!

Кондак 6
Ти си богоносен проповедник и столб на верата, измоли ги за нас даровите на Духот Свет, а ние поради тебе, немолчно пееме: Алилуја!

Икос 6
Заблеска како незгаслива светилка со светлината на Трисолнечното Божество, станувајќи наставник на покајанието, Паисие свети. Ние пак, примајќи со твоето застапништво вишна утеха и познание на благодатта, те восфалуваме, извикувајќи:
Радувај се ризницо на самодрекувањето и воздражнието!
Радувај се, благодатта на Утешителот ја излеваш на нас!
Радувај се, Христос – Сонцето на маловерните им го возвестуваш!
Радувај се, со милоста на Човекољубецот, сите си ги возљубил!
Радувај се, за светот со молитва секогаш благоухаш!
Радувај се, како со слатко вино, душите со радост ги исполнуваш!
Радувај се, избран славеј на Богомајката!
Радувај се, принесуваш солзи на Христа, како добромирисна роза!
Радувај се, молитвеник пред иконите и моќно воскликување!
Радувај се, на Откровението громогласно возвестување!
Радувај се, причастнику на Тајната Вечера со чиста душа!
Радувај се, на исповедањето на помислите усрдно упатуваш!

Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!

Кондак 7
Сакајќи да го следиш Спасителот, се покажа за ревнител на маченичеко житие, со неосквернета душа и тело и со божествена кон Христа љубов. Поради сето ова те величаме, сите задно пеејќи на Бог: Алилуја!

Икос 7
Ни покажа нова победа на невидливите и видливите непријатели, која со молитва и љубов ја стекна, земајќи го како совршено оружје смирението, си ги уништил бесовските замки и стапици и на Бог благодарно Му воспеа. Затоа и ние ти ги принесуваме овие зборови:
Радувај се, чувару на божествената светлина!
Радувај се, дарохранилиште на Христовото милосрдие!
Радувај се, пеење на давидовиот псалтир!
Радувај се, на светиот Арсениј моление!
Радувај се, ги исправаш и ободруваш грешниците!
Радувај се, ни измоли милост од Богородица!
Радувај се, твојата глава е овенчана со подвижништво!
Радувај се, сенко росоносна на оние кои страдаат!
Радувај се, животворна водо на оние кои се сопнуваат!
Радувај се, мосту, кои ги спасуваш давениците!
Радувај се, столбу и крепост на паднатите грешници!
Радувај се, на раслабенеите тивок одар и успокојување!

Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!

Кондак 8
Господа возљубувајќи го и скротувајќи ги своите страсти со помош на Божјата благодат, си бил како туѓинец во светот, Паисие, а сега како зорница - ѕвезда ги заблескуваш оние кои незамолкнуваат да воскликуваат: Алилуја!

Икос 8
Од сите кои притекнаа кон тебе, ниту еден оче Паисие, не си отиде без утеха. Но, секој кој благодат побара, дарение примаше. Поради тоа и ние ти воспеваме:
Радувај се, ѕвездо светлоносна на оние во мрак!
Радувај се, наставнику и поттик на оние кои се каат!
Радувај се, ги земаш на себе маките на атонските браќа!
Радувај се, градино преукрасена на Пресветата!
Радувај се, сладок вестителу на Христовите благости!
Радувај се, благомирис на небесните молитви!
Радувај се, на светот Месијата го возвести!
Радувај се, И' воспеваш песна архангелова на Пресветата!
Радувај се, си горел со надеж, милост и љубов!
Радувај се, божествена росо во војната со непријателот!
Радувај се, си примил пророчки дар!
Радувај се, си се уподобил на благоутробието на Отецот Небесен!

Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!

STAREC.PAJSIJ

Кондак 9
Си го проповедал словото на се' создадено (целата природа), уподобувајќи се на апостолите, а со грижа и љубов кон ближните си засветил како сонце на земјата, прославувајќи ја Света Троица: Алилуја!
Икос 9
Мироточејќи потоци солзи од душата, срцето ти болуваше, за луѓето кои страдаат со душа и тело. Поради тоа сега и и ние од душите наши ти праќаме песнопој и во смирение прилежно повикуваме:
Радувај се, неуморен служителу на Евангелието!
Радувај се, незгаслив свеќнику на Трисолнечното Божество!
Радувај се, ја соврши трката на постот!
Радувај се, со крајно смирение си ги надминал останатите!
Радувај се, со вера си заблескал на Атон!
Радувај се, на Сесветата слатко воспение!
Радувај се, славен учителу на делание и созерцание!
Радувај се, со велика мудрост го постигна божественото видение!
Радувај се, во лозјето на Пречистата неуморен делателнику!
Радувај се, собеседнику на светите Лукилијан, Пантелејмон и Ефимија!
Радувај се, гласот на Боготроковицата си го слушнал!
Радувај се, ја виде Неа на јаве, како на ерусалимската икона!

Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!

Кондак 10
Великолепие на Елада и Кападокија и топол застапник си, Паисие свет. Богоугодно ја искачи скалата на добродетелите, пееејќи непрестајно кон Пресвета Троица: Алилуја!
Икос 10

Стена си на верните, оче Паисие, возљубувајќи го ангелското житие, со своите подвизи го достигна непрестајното стоење пред Светата Троица. Поради сето тоа, ти воздаваме благодарни песни од длабочината на срцата и душите и смирено ти повикуваме:
Радувај се, богојавен од Атон, му сјаеш на светот!
Радувај се, краснопоен гласу кој го вестиш Словото!
Радувај се, многудетен, кој ги милува болките на човекот!
Радувај се, на ослепениете, пат на исправување!
Радувај се, на Неневестната Невеста радост И’ принесуваш!
Радувај се, си го достигнал патот кон Царството Небесно!
Радувај се, соименит со кандилото на Духот!
Радувај се, и твојот поглед ни дава утеха!
Радувај се, вестител до краиштата на земјата!
Радувај се, со молитва ја згази главата на змијата!
Радувај се, со Исусовата молитва непрестаен дејственику среде светот!
Радувај се, си стекнал неискажлива љубов кон Божјата Мајка!

Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!

Кондак 11
Смирено го соплетеше пеењето во борбата дење и ноќе кон Создателот и Приснодева, и со тоа сосад на Светиот Дух се покажа. Ние пак, припаѓајќи кон Троицата Света, поради тебе пееме и повикуваме: Алилуја!
Икос 11
Светлина и прекрасна миризба на благочестието и безгранично самоодрекување, како и исцеление ни точи твојот свет спомен, преподобен. Затоа се трудиме да ти воспееме со молитвени гласови:
Радувај се, оти на сите им го укажуваш патот кон небесата!
Радувај се, твоите медоточни слова со радост ги исполнуваат сите!
Радувај се, изобилна и полноводна атонска реко!
Радувај се, ѕвездо од Света Гора, која го озаруваш патот на верните!
Радувај се, вечно застапништво за нас пред Богоотрковицата!
Радувај се, застапништво на оние кои копнеат по ангелско житие!
Радувај се, со добродетели изобилна со плод, лозо!
Радувај се, солзо за светот, која достига до Престолот!
Радувај се, нов апостоле, кој ги повикува сите кон Христовата вера!
Радувај се, гласу на Православието, многумина возградејќи!
Радувај се, дрво сеплодно, напојувано од Мајката Небесна!
Радувај се, знаме на елините, распространето над целиот свет!

Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!

Кондак 12
Ти оче стана извор на благодатта божја, по своето успение и поради тоа ангелските сили со веселие се исполнија. Воедно и ние, удостојувајќи се со застапник на нашето спасение, се радуваме, возглаголејќи: Алилуја!

Икос 12
Опевајќи ја бездната на твоите чудеса и твоите подвизи во трпение, свети, од своите срца ти плетеме ангелски песнопои, твојот спомен го почитуваме благоговејно и ти воспеваме на овој начин:
Радувај се, благовеснику на надежта на татковината фрлена во заборав!
Радувај се, за ослобувањето на Света Софија и на Великиот град проповеднику!
Радувај се, си претскажал дивно пророштво за Цариград!
Радувај се, застапнику на славниот дел изгонет од својата земја!
Радувај се, ги раководеше не само соплемениците, туку и од сиот свет дојдените!
Радувај се, синовите на Православната црква со нежност и љубезност ги примаше!
Радувај се, си прорекол обновување на заробената татковина!
Радувај се, на светот блескотност, на верата незамолкно возгласување!
Радувај се, ги разбираше знаците на времињата!
Радувај се, на боговдахновен тајнику на Откровението Јованово!
Радувај се, како апостол ги претстави ветувањата!
Радивај се, вера во избавување на Мала Азија!

Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!

Кондак 13
О преподобен оче Паисие, нов цвету блгомирисен, кој израсна во последните времиња, моли го Христа Бога да ги спаси душите на оние кои ти воспеваат: Алилуја!

[Овој кондак се повторува трипати]
[Понатаму ги повторуваме Икос 1 и Кондак 1]
Икос1
Се покажа како ангел во уделот на Богородица избран и нам посредник најтопол пред Бога, оче Паисие, затоа вака те воспеваме:
Радувај се на вишното жителство образот го јави!
Радувај се на Кападокија благомирисно миро!
Радувај се, на Мала Азија цвету!
Радувај се, пофалбо на свети Арсениј!
Радувај се, кај фарасјаните постојано опеван!
Радувај се, на иноците правило!
Радувај се, на Елада величие и на верата чувар!
Радувај се, светилка на кападокискиот род!
Радувај се, чедо на божествената Византија!
Радувај се, добрино на Атон и орлу!
Радувај се, земен ангеле!
Радувај се, небесен човеку, кој пребива на Небесата!
Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!

Кондак 1
На избраниот подвижник на Панагуда и благомиризливиот мироточец, плод на Кападокија и буден застапник, да воспееме заедно. Подражавајќи го ангелското житие, на Троица Света И' благоугоди, затоа и повикуваме:
Радувај се преподобен Паисиј, прекрасен на народот Божји утешителу!

koliba.starec.pajsij

Молитва
О, свет преподобен и богоносен оче наш Паисие, наш возљубен покровителу и богомудар наставнику, кој преку скалата на добродетелите од земјата во Небесното Царство се искачи и прими благодат за да посредуваш за нас пред Престолот на Семилостивиот Господ наш. Те молиме помогни ни да се одвратиме од гревовниот пат и научиш не' да ги принесуваме на Господа совршените плодови на покајание и на обновување во Христа на душите наши.
Ти оче свет, во деновите на твојот земен живот многу тешки болести и маки неисцеливи излечи и души од гревови и скрби кои страдаат исцели, а сега престоејќи пред Бог, приклони го Неговото милосрдие кон нас, та поради љубовта на твоето посредување [Бог] да ги исцели оние кои го почитуваат твојот спомен, да дарува крепост во искушенијата, мажество во борбата со духовите на злобата, кои ја посакуваат нашата вечна погибел, да ни дарува простување на сите наши гревови, кои ги сторивме уште од младоста па се до денешниот ден со помисла, слово и дело, да не' научи да го правиме она што е полезно, за да можеме секогаш Нему и на ближните со љубов и смирение да послужиме.

Еј свети оче, биди ни наставник на твојот начин на живот, бидејќи беше исполнет со љубов и милосрдие, откако ќе се разврземе од јазлите на гревовниот живот, да влеземе во Небесните Дворци, каде што ќе га восфалуваме Семилосрдниот Триипостасен Господ наш, во вековите на вековите. Амин.

Линк: https://akafistnik.ru/akafisty-svyatym/akafist-svyatomu-prepodobnomu-paisiyu-svyatogortsu/

Превод од руски: М. Белева

2023

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5851
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6656
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6460
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5645
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

27/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (пост на масло)

Лазарова сабота; Свети Мартин Исповедник папа Римски; Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј; Светиот маченик Ардалион Глумец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная