
Нашата пропаст често се нашите фантазии.
Очекувањата што секојдневно ги градиме – за големите и за малите нешта во животот.
Тоа што им дозволуваме на чувствата да нè водат без расудување.
Тоа што им дозволуваме на мислите слободно да влегуваат и излегуваат од нашиот ум, без проверка, без граница, без „стоп“.
Нашата пропаст често се нашите фантазии...
Знаеш ли што се фантазиите?
Бегство од реалноста.
Наместо да се соочиме со животот таков каков што е, си создаваме удобни приказни и убави илузии што го милуваат нашиот ум и нè успиваат во лажна сигурност.
Нашата пропаст често се нашите фантазии...
Од мали нè учеа дека треба да се сакаме себеси.
Но ние често ја заменивме љубовта кон себе со самоугодување.
Едно е да се грижиш за себе, а сосема друго да си попушташ во сè.
Едно е да се негуваш, а друго постојано да се разгалуваш.
А фантазиите често се токму тоа – разгалување на умот.
И тоа од најопасен вид.
Нашата пропаст често се нашите фантазии и очекувања.
Создаваме во мислите некое замислено утре, а потоа стануваме негови робови.
Живееме во она што би можело да биде, наместо во она што ни е дадено денес.
И така, бркајќи го замисленото утре, го жртвуваме сегашниот миг.
А животот секогаш се случува токму сега.
— Психолог Елевтеријадис Елевтериос
fb Simeon Stefkovski
10.05.2026

Без разлика по кој пат ќе тргнеш во животот, ако Бог е со тебе, тоа ќе биде вистинскиот пат.
Без разлика по кој пат ќе тргнеш во животот, ако одбереш да чекориш без Бог покрај себе, на крајот ќе заврши во ќор-сокак.
Ќе се претвори во трагедија.
Не е толку важно по кој пат одиш, колку што е важна целта кон која се движиш.
Не е толку важно по кој пат одиш, колку што е важно со кого ќе одбереш да го поминеш тој пат.
Трошиме време и енергија за да ги направиме вистинските избори, а токму оние работи што навистина имаат значење ги занемаруваме...
Целта. Луѓето.
А сепак...
Нив брзо ги минуваме. Многупати дури и не размислуваме за нив.
Но животот не функционира така. Затоа, каде и да погледнеш денес, ќе видиш луѓе кои се психички скршени.
Не може да се изоди пат без Бог.
Не може да се живее живот со погрешни луѓе покрај себе...
Без разлика по кој пат ќе тргнеш во животот, ако одбереш да чекориш без Бог покрај себе, на крајот ќе заврши во ќор-сокак.
А без разлика по кој пат ќе тргнеш во животот, ако Бог е со тебе, тоа ќе биде вистинскиот пат.
— Елефтериос Елефтеријадис


























