Свети мошти
Што се светите мошти?
Тоа се нераспадливите остатоци од телата на светителите, преку кои се пројавила чудотворната Божја сила.Дали постои пример во Библијата што ја покажува чудотворната моќ на светителските мошти?
Да, постои. Видете IV Царства 13:21.Дали им се поклонуваме на светителските мошти како на Бог?
Не. Ние Му се поклонуваме само на Едниот Вистински Бог, Кој им дава сила на моштите на Своите возљубени светители, за да ги прославуваме нив, како што тие Го прославувале Бога додека живееле во своите тела.Дали им припишуваме магиска моќ на моштите и на другите свети предмети?
Не. Тоа е заблуда на незнабошците. Чудотворната сила на таквите предмети ја припишуваме на живиот Бог и на Неговите живи светители, а никако на самиот предмет.

Заклучок
Од Светото Писмо дознаваме дека Семоќниот Бог понекогаш правел чуда и преку мртви, безживотни предмети, на пример:преку Мојсеевиот стап (Излез 4:2),
преку бакарната змија (Броеви 21:9),
преку коските на пророкот Елисеј (IV Царства 13:21),
преку Христовата облека (Матеј 9:20),
преку калта и бањата Силоам (Јован 9:7),
преку сенката на светиот апостол Петар (Дела 5:15),
преку марамите и престилките на светиот апостол Павле (Дела 19:12).
Затоа нема сомнеж дека Господ Бог правел чуда и преку Светиот Крст, светите икони и светите мошти.
Овие чуда треба да ги разбереме како Божја милост кон немоќните и напатени луѓе; како Божјо сведоштво дека Тој е жив Бог, Кој е присутен насекаде, Кој гледа сè, па ги гледа и нашите дела.
Воедно, чудата се и Божја опомена: колку повеќе ги гледаме, толку поцврсто треба да веруваме во Него, со љубов и стравопочит, и толку повеќе да го уредуваме својот морален живот според Неговите заповеди.Во спротивно, постои опасност и ние да бидеме осудени заедно со оние Евреи, за кои е запишано дека Исус „направи толку многу чуда пред нив, но тие не поверуваа во Него“ (Јован 12:37).
Затоа Господ рекол: „Да не бев направил меѓу нив дела какви што никој друг не направил, немаше да имаат грев; а сега и видоа, и Ме намразија и Мене и Мојот Отец.“ (Јован 15:24)
(Преземено од Фејсбук-страницата „Белиот монах“.)
25.06.2026


























