Премин Портал

Кожувчанка

(Обновено)

 vozdvizenie.jpg

Г) ПОКАЖУВАЊЕТО НА СВЕТА ТРОИЦА НА ТАВОР

Последниот стих од евангелскиот расказ зборува за светол облак кој ги прекрил апостолите и од тој облак тие слушнале глас кој велел: „Овој е Мојот Син возљубен, Него послушајте Го."

Тоа е гласот на Отецот, оној глас што го чул свети Јован Крстител, за време крштевањето на Исуса на Јордан.

Светлиот облак, тоа е Светиот Дух кој ги покрива и штити апостолите, бидејќи без присуството и просветувањето на Светиот Дух, човекот не може да ја набљудува (созерцава) Славата Божја. Преображението е Богојавление, како и Крштевањето на Христа.

Апостолите го имале, како и свети Јован, откровението на едниот Бог во три лица: „Отецот зборува, Синот блеска од светлина, Духот покрива со светлиотоблак... "(Проповед на Преображение од св. Петар Пречесниот).


Човекот доаѓа до познавање на Бога во три Лица преку Личноста на Синот.,Никој никогаш не Го видел Бога; Единородниот Син, Кој е во прегратките на Оца, Он го објави" (Јован 1,18). Исус Христос е светлината на Оца и преку Него Светиот Дух дејствува во светот. Кога ние Го молиме Христа, Он не приведува кон Оца преку Светиот Дух.

Светлино тивка на светата слава на Оца бесмртниот,
Небесен, Свет, Влажен, Исусе Христе.
Дојденидо залезотна сонцето, гледајќи ја вечерната светлина,
Го славиме Бога Оца, Сина и Светиот Дух.
Достоен Си во сите времињада бидеш пеан со преподобни гласови.
Сине Божји. Којживот даваш, Затоа светот те слави!
(Свете тихиј — една од најстарите молитви на Црквата)

Оваа молитва не повикува да и се поклонуваме на Светата Троица преку Христа, Светлината на светот, Светлина што ја дава совршената радост. Доаѓаме до залезот на сонцето, дојдени сме до крајот на времињата; сонцето ќе мине, еден ден ќе престане да светли (како што не учат Светото писмо и астрономијата), но вистинската Светлина, Божјата Светлина не ќе има крај.

Во Христа ја гледаме Светлината која вечно ќе не осветлува при Второто Доаѓање: „Во Твојата Светлина, ќе ја видиме Светлината" (Псалм 35, 10 и Големо славословие). Свети Василиј во една проповед на Преображение учи дека овој празник е праслика (антиципација), предвидување на второто и славно Доаѓање.
Во едно писмо до учениците, свети Петар си спомнува за Христа преобразен што Го видел со свои очи на Тавор. Апостолот ги подготвува своите браќа и нас самите да ја при-миме Светлината на Денот, која не заоѓа: „Додека денот осамне иДеницата засвети во срцата ваши" (2 Петрова 1,19).

 

gakon.Goran.A.jpg

 Извор: БОГ Е ЖИВ

 

ВЕРОУЧЕНИЕ (КАТИХИЗИС) ЗА СЕМЕЈСТВАТА

Издавач: Преспанско- пелагониска епархија, Битола, 1983

Превод: прф. Јован Таковски 

Друго:

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (3)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (2)

Божјата Слика: создадена, падната и возобновена (1)

 

 

 Бог е жив- Месијанското очекување (2)

Бог е жив- Месијанското очекување(1)

http://preminportal.com.mk/content/view/4440/1/

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Мај 30, 2026
TVITer29

ЗАДУШНИЦА – ВРСКА НА ЉУБОВТА МЕЃУ ЗЕМЈАТА И НЕБОТО

Во пресрет на Педесетницата, кога Црквата го очекува слегувањето на Светиот Дух и откривањето на својата полнота како Тело Христово,

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Ное 30, 2025 Полезно и Потребно 2427
Patot.na.podviznikot53
Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 3815
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 3864
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

Најново од духовност

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Филип 27 ноември/ 14 ноември / 2026

Тропар на светиот апостол Филип 27 ноември/ 14 ноември / 2026

Со солунската Црква управуваше тринаесет години, од кои една година беше во ропство кај Сарацените во Азија. Се упокои мирно...

Тропар на свети Јован Златоуст 26 ноември/13 ноември  2026

Тропар на свети Јован Златоуст 26 ноември/13 ноември 2026

Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина....

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 21 ноември/ 8 ноември 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 21 ноември/ 8 ноември 2026

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная