Архимандрит Георгиј: Мoнaштвo
Монасите имајќи го опитот на Живиот и Вистински Христос биле и се особено чувствителни при секој обид за искривување на верата. Секако, учители на верата се Епископите и пастирите во светот. Монасите се истакнуваат како исповедници на верата, секогаш кога верата е во опасност. Господ ги повикува сите верници да ја исповедаат верата: "Секој кој ќе Ме исповеда пред луѓето, и Јас ќе го исповедам него пред Мојот Отец Небесен" (Мат. 10, 32).



Го прашаа еднаш еден старец:
Акo си бoгат, сo штo си бoгат, акo нe сo имoтoт Бoжји? Рабoтитe штo гo сoчинуваат твoeтo бoгастствo, чии сe акo нe Бoжји? Значи, акo сe гoрдeeш сo oна штo гo имаш, сe гoрдeeш сo туѓ имoт, сe гoрдeeш сo Бoжјo пoзајмувањe. Зoштo тoгаш сe пoдбиваш на сирoмавиoт, кoј вo рацeтe има пoмалку туѓ имoт? Зoштo му сe пoдбиваш, акo тoј зeмал назаeм oд Бoга пoмалку oд
Нe e лeснo сeкoгаш да гo пoбeдиш вo сeбe духoт на суeтата и фалeњeтo. Вo тoа успeвалe самo гoлeмитe духoвници сo гoлeма Бoжја благoдат, на првo мeстo, сo нeпрeкиднo стражарeњe над свoјата душа и сo мнoгу дoбри духoвни забeлeжувања и разликувања. Авва Нистeрoј oдeл eднаш пo патoт сo свoјoт сoбрат.
Кога ќе се разбудиш – слично на оној кој очекува сите луѓе да се разбудат од мртвите – насочи ги мислите кон Бога, принеси Му ги како жртва на Бога првите и најдобри помисли во умот, додека сѐ уште не примил никакви суетни впечатоци. Во тишина, многу внимателно, изврши сѐ што му е потребно на телото кога ќе стане од сон, прочитај го вообичаеното молитвено правило,
Светата Гора Атонска, таа небесна монашка држава, што Пречистата наша Мајка ја прими во своја грижа, е благословена со нејзини бројни чудотворни образи, кои ја сведочат особената богородична милост врз ова место. Но, според нејзиното благоволение, најголем благослов се излеа од познатата нејзина икона „Достојно Ест“, која сега го краси протатонскиот храм во Кареја...
Денес бешe многу радосен ден за семејството на Ведрана. Сестрата на нејзината мајка денес, по дванаесет години брак, родила девојче. Тоа беше и причината поради која госпоѓата Добра утрината така брзо замина од домот. Господинот Трпелив се врати порано, па заедно со децата испече убав колач за да го прослават ова убаво случување. Сите беа весели и никој не ја спомнуваше утринската лутина на Пркос.
Основна цел на постот е очистување на душата и телото на оној што пости. Василиј Велики го нарекува постот „лекарство, кое го искоренува гревот“. Најпрво, постот ги очистува телесните чувства и го умртвува сластољубието. Додека стомакоугодувањето и слугувањето на својот желудник го хранат плотското беснеење и животинските инстинкти, постот, напротив, ги совладува плотските желби и ги успокојува телесните движења, како што учи свети Григориј Палама.
Сепак знаејќи дека таму ќе добие утеха, но немајќи со што да му заблагодари на Светителот, немаше никаков дар да му понесе, ниту пари да остави покрај иконата таа ги соблече опинците во подножјето на ридот и боса тргна накај манастирот.
Учителот кажа:
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да си дојде на себеси, како да ги поврати почетната сила и благодат што ги поседувала душата. Не знае како да си ја поврати полнотата што ја изгубил.
Покајанието е завет со Бога дека ќе водиме еден нов живот. Покајанието е извор на смиреноста. Покајанието е неотповикливо одрекување од секоја желба за телесните добра. Покајанието е самоосудувачка мисла и грижа за себеси без грижа за надворешните работи. Покајанието е ќерка на надежта и порекнување на безнадежноста. Покајникот е осуденик кој не е лишен од чест. Покајанието е помирение со Бога по пат на вршење на добри дела, спротивни на претходните гревови.
Односно, ти проштевам, но од сега па натаму ќе треба да го правиш ова, и она, и она – и веднаш започнуваме со советите, забраните, епитимиите, строгостите, така што на крај другиот зачудено прашува: „А што беше таа благост, добрина и насмевка кои ми ги покажуваше на почетокот? Тие убави фрази – ела кај нас за да почувствуваш нешто убаво? Каде е тоа убавото?“ Ние сме во Црквата и многу пати сме налик на оној поголемиот син од параболата, кој што бил добриот син, но немал никаква врска со татко си,























