Преподобен Агатон: Човекот е како дрвото

На прашањето кои подвизи се поважни за спасението, надворешните или внатрешните, монахот Агатон одговорил: „Човекот е како дрвото, надворешното или телесното занимавање носи лисја, а духовното заземање дава плод. Но, бидејќи во Светото писмо се говори дека „секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган“


Во молитвата не е најважно нејзиното времетраење, туку нејзиниот интензитет. Молете се барем пет минути, но за тоа време предајте му се на Бога со љубов и копнеж по Него. Можно е некој да се моли цела ноќ, а некој друг само пет минути, па петминутната молитва сепак да биде над онаа сеноќната. Ова, се разбира, е тајна, но тоа си е така.
Нo тoа разбирањe нe e личнo ниту пoсeбнo, нe e самo личнo и oригиналнo, туку тoа сe пoклoпува сo разбирањeтo на ситe свeтии. Бидeјќи, кoи сe свeти, акo нe бoгатитe вo вeрата и вo љубoвта? На нив дарoви на разбирањe сe тајнитe Бoжји заради нивната вeра и љубoвта. Прoвeри гo твoeтo разбирањe сo нивнoтo разбирањe, па акo видиш разлика, знај дeка ти нe си вo правo.
Првото доаѓање на исповед повеќе има карактер на присоединување на човекот кон Црквата. Тогаш најчесто се исповедаат и простуваат најтешките гревови што нивните сторители ги одделуваат од Црквата. Гревот е егзистенцијално промашување, раскинување на нашата заедница со Бога, а не просто некој законски престап. Понатамошното одење на исповед има повеќе карактер на духовно раководство, што на сите ни е неопходно потребно.
Дошло до значајна промена во начинот на кој се подразбира прогресот. Во нашето западно општество, како и во сите таканаречени „традиционални" општества, прогресот обично се третирал духовно, односно се сфаќал како внатрешен прогрес. Од ренесансата наваму, прогресот стана надворешен прогрес, што подразбира насобирање само на материјални добра. Дојде до трансмутација, обезвреднување
Пред да почнеш да се молиш затвори ги очите и замисли си: дошол Исус повторно, Судот завршил, Господ ги избрал луѓето и си заминува со нив, а ти си останал и ги гледаш како се оддалечуваат.
Гoстoљубиeтo сe пoчитува и вo другитe вeри, нo христијанствoтo гo истакнува какo дoлжнoст и oбврска. Oд друга страна, благoдарнoста за гoстoљубиeтo e, истo така, дoлжнoст и oбврска на христијанитe. Кoјштo ќe сe научи да бидe благoдарeн на луѓeтo за гoстoљубиeтo, тoј ќe умee да бидe благoдарeн и на Бoга - на гoстoљубиeтo. Бидeјќи штo смe ниe oвдe на зeмјата акo нe гoсти Бoжји? Штo сe дури и ангeлитe на нeбoтo акo нe гoсти Бoжји?
Бог ги создал ангелските чинови уште пред создавањето на светот и човекот. Како што вели свети Григориј Палама, Бог „ги создаде ангелите пред нас, заради нас, за да се испраќаат како ѓакони (служители)“. Свети Јован Дамаскин вели дека тоа се духовни битија, постојано во движење, слободни, бестелесни, кои Му служат на Бога и по благодат се несмртни.
Што се однесува до внатрешното време, тука е неопходен груб филтер, што ќе може некако да го регулира текот на информацијата што пристигнува. Освен тоа, човекот треба да научи некое време да го поминаува сам, останувајќи насамо со својата сопствена душа. Нашите очи, уши и јазик често стануваат како пукнатини на сад, преку кои истекува неговата содржина. Тоа води кон внатрешно опустошување. Затоа христијанската аскеза бара контрола над надворешните чувства и
Мили мои, никого не вознемирувајте со вашето духовно дело! Проблемот е, што ние треба да живееме во хармонија, бидејќи, ако некој би ме замолил да опишам едно културно општество со еден збор, јас би му одговорил „хармонија“! Уште повеќе, ако некој би ме натерал да му кажам со еден збор, какво е значењето на Светото Писмо, по толку многу дискусии, по толку многу стотици години: Тоа е Хармонијата!
Современиот човек силно го чувствува дефицитот на време. Се чини дека времето лета сѐ побрзо и побрзо. Ноќта го менува денот како утрото да ги отвора трепките на небото, а вечерта за миг ги затвора. Во детството ни се чинеше дека денот трае необично долго, дека сонцето бавно, речиси незабележливо, како огромен кораб, плива во безграничните простори на небото, и на крај, после долго пливање стигнува на пристаништето зад горите, што го обрабуваат хоризнотот.
Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).
























