логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 
      
П.  Која е материјата на оваа тајна?      
О.  Лица од машки и женски пол коишто слободно сакаат законито да се соединат и тоа да го сторат пред свештеникот. 
     
П.  Каква е формата?      
О.  Свештеничката молитва.  
    
П.  Што е нужно да се одржува  оваа тајна?      
О.  Тој којшто сака да стапи во тајната на сопружништвото, пред сè, е должен да ги изврши следните благопотребни дела:
 
1) да пости извесно време пред бракот,
2) да се исповеда и да се причести со светите тајни на Телото и Крвта Христови,
3) да очисти сè што се противи на бракот,
4) обете страни да притежаваат  вера,  чесност   и   чистота,  
5) тие  што стапуваат во брак не смее да се во сродство, кумство, а треба да се слободни, правоверни и да поседуваат и сè друго што го бараат правилата.      

П.  Каква благодат се дава во оваа тајна?     
О.  Чесно раѓање на деца, при што љубовта кон жената не смее да биде препрека на љубовта кон Бога. Доколку постои одење со туѓи жени, може сè уште да постои љубов меѓу сопружниците, но таа е непостојана и тука повеќе не постои Божја љубов, туку само противност кон Бога.
 

СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ

ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ

 

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Митрополит Дебарско-кичевски
Г. Г. Тимотеј

Издава
Издавачка установа  К а н е о “ при Дебарско-кичевска епархија - Охрид

Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј

Лектура: Д-р Стојан Ристески

О Х Р И Д
1995



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie