логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 2 август 2012 (МИА) - Македонија ги одбележува двата историски Илиндена - 109 години од Илинденското востание и 68 години од Првото заседание на АСНОМ денеска со народни собири на Мечкин Камен во Крушево и во Меморијалниот центар АСНОМ во кумановското село Пелинце.

На централното чествување во Крушево се обрати претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој порача сложни и единствени може да ги оствариме идеалите и да создадеме европска Македонија.

- И овој пат сме на Мечкин Камен, во спомен на нашите Илинденци – борците кои се бореа за праведност и слобода, борци за подобра иднина. Со голема благодарност си спомнуваме на славните илинденци, на Делчев, Груев, Карев, на Шатев, Петров и Сандански. Со бескрајна почит се сеќаваме на учесниците во Народноослободителната и антифашистичка борба за ослободување на Македонија. На Брашнаров, Питу, Ченто, на Чучков, Аголи и многу други. Се сеќаваме на учесниците на АСНОМ кои во 1944 година ги поставија темелите на македонската држава, но и на третиот Илинден, оној на 8 септември 1991 година, кога конечно се оствари многувековниот сон на македонскиот народ за независна, суверена и самостојна Република Македонија.

Ова го нагласи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во обраќањето на Мечкин Камен на одбележувањeто 109 години од Илинденското востание.

Иванов се осврна и на Букурешкиот договор од 1913 година, кога, посочи, Македонија и Македонците беа поделени, а македонското име и македонскиот јазик беа оспорувани и потиснувани. Но, потенцира тој, не успеаја да го затворат македонското прашање.

- Да се биде слободен значи да се чекори по патот на суверенитетот кој го осветлуваат нашите идеали: слобода, правда и достоинство. Слободата ја живееме и силно ја доживуваме. Затоа, пак, за правдата сè уште се бориме. А достоинството, пак, некои и ден-денес сакаат да ни го засенат. Некои и денес сакаат да нè обезименат, обезјазичат, обезличат. Затоа, идеалот сè уште не е остварен. За идеалот сè уште се бориме. И не смееме да се обесхрабруваме. Ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик, потенцира Иванов.

Цитирајќи ги зборовите на големиот Блаже Конески, кој уште во 1986 година меѓу другото рече дека за нас повеќе отколку за многу други во светот, јазикот претставува, со сè што е на него создадено, како говорен и пишуван текст, најголемо приближување до идеалната татковина, македонскиот претседател додаде дека иако нè поделија, иако нè раселија, јазикот остана основната и најсилната жива врска што нè врзува и обединува. Во Република Македонија и насекаде во светот каде што живеат Македонци, се зборува, твори и пее на македонски јазик, затоа, истакна Иванов, никој нема право да разговара, а не пак да преговара за преименување на нашиот македонски јазик.

Претседателот на државата, во таа насока ја спомена и неодамнешната посета на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, кога тој во Охрид, потенцира Иванов,  рече: „Никогаш да не се согласувате на компромис кога станува збор за вашите принципи. Универзално прифатени принципи... Јас никогаш не прифаќам компромис кога станува збор за ... основни човекови права и достоинство ... кога се работи за универзално прифатени принципи, никогаш не треба да се прави компромис.“

- Од името на македонските граѓани, нема да прифаќам извештаи за Република Македонија кои не ги вклучуваат нашите идентитетски одредници. Јас како претседател на Република Македонија инсистирам да ни се обраќаат со почит, во согласност со меѓународното право и со универзално прифатените принципи. Принципи за кои никогаш не се прави компромис, порача од Мечкин Камен, претседателот на Република Македонија.

Стратегиска определба на нашето мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество, истакна тој, била, е и ќе биде полноправно членство во НАТО како гаранција за мирот, безбедноста и стабилноста на Република Македонија и членство во Европската унија како предуслов за мир, развој и напредок.

Иванов е дециден дека целта ќе ја постигнеме и не е прашање дали, туку кога. Повика до тогаш, да останеме посветени на реформите, да продолжиме да бидеме фактор за стабилност во регионот, со мирољубива политика на отвореност и добрососедство.

Поклонувајќи се кон сите наши историски великани и борци, кои со оружје в рака се бореа за македонската држава, рече Иванов, денеска им оддаваме признание и на припадниците на Армијата на Република Македонија, стожер на македонската државност, кој во изминатите 20 години беше еден од гарантите на македонската независност.

- Ве повикувам со нашите сопствени раце да ја создадеме европска Македонија, спроведувајќи ги европските вредности во нашето секојдневно живеење. Никој и ништо не може и не смее да нè обесхрабри.  „Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме“, е врежано во Манифестот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ. Од сите нас, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци, од сите граѓани на оваа земја, зависи каква Македонија ќе имаме, рече Иванов.

Според него, останува уште многу работа и само со свои сили, укажа, може да ги оствариме идеалите, но, само ако сме сложни и единствени.

- Не сме доволно големи и богати за да се трошиме во меѓусебни пресметки и обвинувања. Потребна ни е согласност околу суштинските прашања на државата, суштинските прашања на нашето општество. Горливо ни требаат конструктивни идеи, конструктивни мисли кои ги мобилизираат сите кои ја сакаат Република Македонија. Демократијата подразбира и натпревар на различни мислења, различни погледи и вистини, кои треба конструктивно да функционираат во единство, за доброто на Македонија. Но, не може со сфаќања кои сеат раздор да ја добиваме довербата на граѓаните. Затоа, ни треба демократија без униформност, туку со единство, подвлече во обраќањето претседателот на Република Македонија.

Потребни ни се визионери чиј поглед е вперен во иднината, посветени патриоти и современи херои, истакна, ни требаат луѓе со отворени умови, а не ни требаат деструктивци, негативци и песимисти. 

Иванов апелираше да се престане со дневно-политичките поделби, затоа што, оцени ако искрено се фокусираме на стратешките цели, ќе истраеме на нашиот пат кој води до целта која ги обединува граѓаните на Република Македонија, независно од нивната верска, етничка или политичка припадност.

- Да се биде Македонец значи почитување на сограѓанинот и вклучување во заедничкиот живот на најдоброто од вредносниот систем на другиот. Тоа е моќта на оваа наша земја и на оваа наша национална кауза. Да се биде Македонец и граѓанин на Република Македонија значи да се биде толерантен и да се почитува културата и обичаите на другиот, рече меѓу другото македонскиот претседател.

Претседателот Иванов од Мечкин Камен повика да ја градиме Македонија како развиена, напредна и демократска држава.

- Да ги браниме интересите на македонските граѓани, независноста, мирот и стабилноста за доброто на сите. Затоа, од ова свето место каде се роди првата демократска Република на Балканот, ве повикувам сите да се обединиме под знамето на независна Македонија!, рече претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. 

Претседателот Иванов и повеќе делегации положија цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот на хероите на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски обраќајќи се на Меморалијалниот центар во Пелинце порача дека треба да продолжиме Макеоднија да ја градиме како успешна и вечна приказна.

- Куќата на Македонија е изградена, а нашата најсвета обврска е да ја сочуваме. Нашите предци не ни оставија минато од кое треба да се срамиме и затскриваме и затоа тоа треба да го славиме.  Пред Македонија претстои постојана борба за освојување на слободата. Таа борба денес се води за просперитет, за развој, за повисок стандард и за подобар живот... Наша задача како генерација е таа борба да ја водиме бескомпромисно... Македонија секогаш била на вистинската страна.

Ова претпладнево во Меморијалниот центар АСНОМ во кумановското село Пелинце го истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во говорот по повод Денот на Републиката. Тој повика на единственост и слога.

- Потребно ни е единство како никогаш порано. Повикувам конечно да ги оставиме разликите зад нас. Да бидеме сложни околу напредокот. Да си подадеме рака за да направиме уште повеќе и уште подобро.  Да застанеме сите под бајракот на слободна и просперитетна Македонија. Заедно како што тоа го правеа нашите татковци, нашите дедовци, да продолжиме да ја градиме Македонија како успешна, вечна приказна, во која демократијата и благосостојбата се наше секојдневие кое постојано го развиваме. Да бидеме првите што ќе дадат пример. Одговорноста за развивање на Македонија е поголема од било која разлика која  постои и која не раздвојува, истакна претседателот на Парламентот.

Потсетувајќи на подвизите на илинденците во 1903 и на борците во НОБ на кои се темели современата македонската држава, Вељаноски рече дека со векови  предците го чувале и пренесувале нашето битие и дека таа обврска треба да продолжи.

- Ние не смееме на нашите поколенија да им оставиме земја и народ обезличени и  без корен. Дрвото без корен е осудено да изгние. Токму ваквите мигови и светли датуми се време кога секој од нас треба да се запраша што бил мотивот на плејадата од херои кои ги дале своите животи пред олтарот на слободна и независна Македонија. ...Сонот успеа да опстои како илинденски и асномски идеал преку 8 септември 1991 се до ден денешен, а убеден сум дека ќе опстои засекогаш...Затоа тука од Пелинце заедно да кажеме: Нашиот идентитет е нашето постоење, коренот на животот. Силни и обединети продолжуваме да правиме многу повеќе затоа што друг пат не постои. Денес нашата задача е да ја внесенеме Македонија во НАТО и ЕУ. Сплотеноста е патот. Ако нема сплотеност, нема ниту напредок, нагласи Вељаноски.


Во својот говор тој се осврна и на заначењето на добрососедските односи во градењето просперитетна иднина.

- Напредокот е тоа кон што се стремиме, а ако тој некогаш независно од нашата волја и посветеност, може да биде попречуван од ирационални спорови. Но, дека аргументите се поважни од силата, дека правдата ја поразува неразумноста се покажа и со одлуката на Судот во Хаг во спорот што го имаме со соседна Република Грција.  Добрососедските односи и духот на соработка немаат алтернатива. Република Македонија отсекогаш е посветена кон развивање на односи на соработка на сите полиња со сите наши соседи. Тоа е принцип кој мора да се почитува. Само така, сите заедно можеме да изградиме стабилен и просперитетен регион, но во исто време и економски, културен и секаков друг напредок на секоја држава одделно, рече Вељаноски во обраќањето по повод Денот на Републиката 2 Август.

Делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претедателот Трајко Вељаноски положи цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во кумановско Пелинце.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател... Слободната Република траела десет дена.

Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија. хс/цр/ва/13:37

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

20/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (риба)

Светиот маченик Теодот Анкирски; Светите маченички Кирјакија, Валерија и Марија; Светиот свештеномаченик Маркел, папа Римски; Светиот свештеномаченик Маркелин, папа Римски; Преподобен Даниил Скитски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная