Домот на АРМ беше претесен да ги прими роднините, колегите на денешната комеморација за трагично загинатите.
Амбасадорите и воените аташеа во Македонија присуствуваа на комеморативната седница, целиот државен и армиски врв, верските поглавари.


„Изгубивме вистински борци за мир, вистински синови на Македонија кои достоинствено ја претставуваа градејќи го мирот“, рече Г. г. Стефан, Aрхиепископ Oхридски и Mакедонски.

Црвенковски наведе дека „ваква трагична загуба на припадници на своите безбедносни сили, Македонија не памети и нема доживеано во својата понова историја“.
„Несреќата е уште поголема, бидејќи загинаа млади војници и старешини, кои требаше да се вратат дома, во своите семејства, по успешно завршената мисија“, истакна Црвенковски.
Оддавајќи им признание на 11–те припадници на Армијата, Црвенковски рече дека тие биле гордост на Македонија и нејзини амбасадори.

По завршувањето на комеморацијата во Домот на Армијата, државните и армиските раководители се запишаа во книгата на жалост.


Мировниците кои загинаа во трагична несреќа на хеликоптерот на АРМ во саботата, во близина на Скопје, ќе бидат погребани во вторник со воени почести.
Денот на погребот 15. јануари во Македонија е прогласен за Ден на жалост.
Посети: {moshits}