логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

   


 

Lit.Prv.chas.jpg

Скопје, 16.09.2012 год.- манастирска црква на св. Јован Крстител

  Lit.Prv.chas.jpg

  Lit.Prv.chas.jpg

  Lit.Prv.chas.jpg

  Lit.Prv.chas.jpg

  Lit.Prv.chas.jpg

  Lit.Prv.chas.jpg

  Lit.Prv.chas.jpg

  Lit.Prv.chas.jpg

  Lit.Prv.chas.jpg

    Lit.Prv.chas.jpg

  Lit.Prv.chas.jpg

  На 16 септември 2012 г. во црквата свети Јован Крстител во Капиштец, во Скопје, Неговото блаженство, Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на Неговото високо преосвештенство, Митрополит повардарски г. Агатангел, Неговото високопреподобие Архимандритот Јосиф (Тодоровски), и дел од ракоположените професори на  Православниот богословски факултет  одслужи Света архиерејска Литургија. На Литургијата присуствуваа и Ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, проф.-д-р Велимир Стојановски,  Ректорската управа, Сенатот и студентите на Универзитетот. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 Lit.Prv.chas.jpg

Во беседата на Владиката Агатангел меѓу другото беше речено, да како Садукеите,  кои го познавале Светото писмо до точка и запирка точно знаеле како да го искушаат Месијата на чувствителното прашање за исполнувањето на Божјите заповеди, слично и денес, ние сме непрекинато изложени на предизвиците и искушенијата на овој свет. Затоа, за ДА ГО ВОЗЉУБИМЕ БОГА да го најдеме духовното „копче“ што го закопчува нашето срце за Благата вест која ни се навестува во Црквата. Да ја одтргнеме железната завеса која ни ја крие Светлината и веднаш ќе почнеме да ја чувствуваме Благодатта како не обзема. За да го засакаме Бога со сета своја душа треба да се препородиме од исконскиот грев и да го исчистиме разумот со исполнување на Божјите закони и читање на Светото писмо. ДА ГО САКАМЕ БЛИЖНИОТ КАКО СЕБЕ САМИТЕ е братољубие кое својот врв го достигнува во разбирањето на нашите непријатели.

  Lit.Prv.chas.jpg

  Lit.Prv.chas.jpg

  Lit.Prv.chas.jpg

    Потоа, во салата „Архиепископ Доситеј“ на Православниот богословски факултет Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан се одржа молитва за почетокот на академската година. Во својата беседа тој подсети како пред два милениуми многумина не поверуваа иако нашиот Господ Исус Христос пред нивните очи правеше чуда. Така и денес во образованието немаме веронаука, а во армијата и затворите немаме духовници. Да внимаваме – секуларноста не значи безбожност или атеизам. На ова особено треба да внимаваат институциите. Религијата и науката секогаш растеле напоредно. Да се подсетиме дека врвните научници и творци секогаш биле, а и ден-денес се вдахновени од Светиот Дух. На крајот поглаварот даде благослов на новите генерации теолози бидејќи и Црквата и човештвото имаат потреба од добри пастири затоа што жетвата е голема, а работниците се малку.

Lit.Prv.chas.jpg

  Lit.Prv.chas.jpg

Деканот на Богословскиот факултет проф. д-р Ацо Гиревски – протоереј-ставрофор , истакна дека фактот што ректорот и Ректорската управа го одбележуваат почетокот на академската година токму со присуството на Светата Литургија и оваа молитва представува признание за 35-те години постоење на Факултетот. Деканот го навести почетокот на постапката Факултетот да стане редовна членка на најстариот Универзитет на сСветите Кирил и Методиј. Веќе денес студентите можат да ги користат научните ресурси на Универзитетот. На крајот деканот го дарува ректорот со иконата на светите Кирил и Методиј.

  Lit.Prv.chas.jpg

За Преминпортал

Ратислав Кардалев

Друго:

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »

Православен календар

 

14/09/2025 -недела

Почеток на црковната година; Преподобен Симеон Столпник; Свети Исус Навин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Мамант 15 септември/2 септември  2025

Тропар на св. Христов маченик Мамант 15 септември/2 септември 2025

Блажен си ти Маманте кој тргна по патот Господов,ѕверовите природни ги скроти, а се засолна од луѓе ѕверолики,природата се поврати...

Тропар на св. Христов Столпник Симеон 14 септември/1 септември 2025

Тропар на св. Христов Столпник Симеон 14 септември/1 септември 2025

Симеоне свети подвижниче,подвиг пред Господа голем принесе,надминувајќи ја човечката природа на столб се подигна.Пастирот Христос преку тебе светилник на столбот...

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 13 септември/31 август 2025

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 13 септември/31 август 2025

Богородице Приснодево, заштитнице на луѓето,ризата и појасот на твоето пречисто телоси ги дарила на твојот град како моќна ограда,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная