логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  Беседа на Архиепископ Охридски и Македонски г.г Стефан (24.10.2012 )

 Hirotonija.Josiv.Velicki.jpg

Ваше Преосвештенство, возљубен брату во Христа Господа,

 

            Денес, на празникот кога ги чествуваме сите македонски светители и на денот кога ја одбележуваме 45-годишнината од возобновувањето на ОА како МПЦ, еве уште една радост за нашиот благочестив народ и за нашата небоземна Црква. Денес со нас се радува и духот на св. апостол Павле, зашто добивме уште еден апостол и пастир; денес се радуваат и Солунските браќа, светите Кирил и Методиј, зашто добивме уште еден учител и мисионер на македонското духовно поле; денес се радуваат и светите Климент и Наум, зашто добивме уште еден архиереј и молитвеник; денес се радува и блаженоупокоениот архиепископ Доситеј, зашто доби нов сотрудник за македонската правда и виситина; денес се радуваат монасите кои служеле и служат во Бигорската обител, зашто во тој непресушлив духовен расадник израсна уште еден служител во Лозјето Господово; денес се радува Црквата Христова, зашто секој нов избор за епископ означува јакнење на Телото Христово; сите сме Телото Негово во Црквата, во која Духот Свети некои поставува за епископи за да ја пасат Црквата Господова и Божја.

            Со твојот избор, Преосветен владико, Скопската православна епархија на МПЦ доби викарен - помошен епископ, а Ние, веруваме, ќе имаме помошник каков што ни требаше. Веруваме, ќе бидеш епископ - најблизок соработник на Великиот Пастироначалник, ќе се покажеш епископ достоен и беспрекорно работлив, кој верно ќе го проповеда Словото на вистината. Веруваме ќе бидеш епископ - неуморен работник - проповедник на верата и на учењето за доброто и ќе се препорачуваш за служител Божји, со чистота, со знаење, со долготрпеливост, со благост, со Духот Свет, со нелицемерна љубов, со проповед на вистината, со сила Божја со оружје на правдата... Како Христов благовесник, се надеваме ќе бидеш возвестител на мирот, доносител на радост и проповедник на спасението - проповедник на неискажливото богатство Христово.

            Возљубен брате, ти растеше и израсна надвор од домот и грижата родителска и на тој начин ти запозна и живееше со многумина чии судбини ви беа слични и во чии детства останаа исти лузни; ти постана брат со многу браќа и сестри, со кои чекореше заедно по неизвесниот животен пат ... Но Господ, нашиот Отец небесен, те повика во Богословијата и на Богословскиот факултет, за во меѓувреме да те однесе во Бигорски, каде што ја облече црната риза, та денес, по Негово благоволение, да бидеш удостоен и да постанеш отец -  духовен родител на многу духовни сираци и да имаш многубројни духовни чеда. Од денес па во иднина, ќе имаш можност да ги слушаш молитвените шепоти за духовните потреби на нашиот народ. Од денес, па натаму, за тебе настапува благопријатно време, доаѓаат денови во кои, помогнат од благодатта на Светиот Дух, која ти е дадена од Исуса Христа, ќе се грижиш за спасението на доверениете души . Биди гостољубив, благ, чесен, справедлив, свет, воздржлив (Тит 1, 8), незаборавајќи дека за Христа се придобива и други само доколку се живее за Христа! Пази ја благодатта со која ќе Му служиш на Бога, благоугодно со почитување и страв (сп. Евр 12, 28). Затоа, засилувај го Божјиот дар во тебе ... духот на силата, љубовта и чесноста (2 Тим 1, 6-7), и биди внимателен кон себе си (Лк 17, 3).

            Како архиереј на Македонската православна црква, чиј Архиерејски синод, по промисла Божја, едногласно и еднодушно те избра, постојано спомнувај си за овој ден и за дадените ветувања и исповеданија. Служејќи Му на Бога - служи му на нашиот богољубив народ! Помагај секому за и Бог да ти помага во твоето служење! Со своите дела и постапки биди постојана радост за нашиот народ - радувај го во Господа! Знај, Царството Божјо не е во зборови, туку во сила (1 Кор 4, 20), односно во силни - големи дела! Живеј достојно за Христа и Неговото благовестие (Фил 1, 27) и угледај се на достојните богослужители и богоугодници од нашиот род и во Црквата Христова!

Внимавај, зашто низ времињата, во име на вистината, биле изречени многу невистини, и во име на правдата, биле извршени многу неправди! Ние, како македонски народ и Црква, за жал, и денес гледаме како се извртуваат вистината и правдата кога се во прашање МПЦ, нашето име, култура, историја и сѐ што е македонско. Биди долготрпелив и живеј со надеж! Како млад не плаши се од претстојните обврски, зашто со тебе е Оној Кој те избра и те обдари со Светиот Дух, и сѐ ќе можеш преку Христа, Кој ќе те поткрепува (Фил 4, 13). Чекори храбро, придружуван од божествената благодат, која секогаш ги лекува немоќите и ги надополнува недостатоците, којашто од слабите прави силни и од грешниците воздига свети. Заедно со браќата архиереји, свештенослужителите, монасите и верниот наш народ придонесувај за доброто на нашата света Црква и татковина, а за слава на Бога и Неговите светии.

            Прими го овој жезол за да го пасеш повереното ти паство Христово. На оние кои ќе те слушаат - биди им жезол и поткрепа, а непослушните, пак, и неразумните упатувај ги кон поправање, кротост и послушание, та во должна оддаденост да поживеат!

            Долгоденствуј, Преосветен владико!

Охрид, Лето Господово 2012


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

19/06/2026 - петок

Петровденски пости;( строг пост)

Преподобен Висарион; Преподобен Иларион Нови; Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная