логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

 Обраќање на премиерот Никола Груевски на Донаторската конференција за изградба на црквата Св. Константин и Елена

 

Ваше блаженство, Почитуван Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, поглавар на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија,

Почитувани великодостојници,

Почитуван Претседател на Парламентот на Р.М, г-дине Вељаноски,

Почитувани членови на Владата и Собранието на Р.М,

Почитувани претставници на академската заедница,

Почитувани претставници на бизнис-заедницата,

Почитувани гости,

Дами и господа,

Црквата од секогаш била душата на нашиот народ, наше древно светилиште и духовна мајка на нашите предци.

Уште од прадеда па до денес, таа била чувар на духовните обичаи, на разните адети и добри традиции. Таа од секогаш имала значајна улога во историјата на Македонија како еден од основните стожерите на опстојувањето на македонскиот народ. Нашите предци пак, сите свои духовни, интелектуални и материјални капацитети ги вложувале во нејзините темели и изградбата на црковните храмови.

Исполнувајќи не со љубов и вера, нашата Црква продолжува да биде наш вечен сопатник, закрилник и духовен водач. Токму во нејзините храмови ги споделуваме сите овоземни радости и убавини, ги совладуваме сите таги и неправди, тука се крштеваме, ....тука се венчаваме, .....тука си спомнуваме за нашите предци и се молиме за нашите потомци, .......тука бараме прошка и утеха, .....тука е и последна станица од нашето овоземно патување. Нашата верба и нашата црква, е нашата духовна вертикала која не насочува кон небото и кон нашиот Бог.

Треба да си ја чуваме,....Треба да си ја негуваме!

Почитувани сограѓани, Денес, во предвечерието на големиот празник “Св. Климент Охридски“, како христијани и како верници, собрани сме со убава мисла и со благородна идеа – Да ја помогнеме изградбата на црквата „Светите цар Константин и Елена“, која постоела до пред 40 години во Скопје.

Овој храм е посветен на едни од најзначајните ликови во историјата на христијанството, царот Константин и неговата мајка Елена. Царот Константин бил првиот римски император кој застанал во борбата против прогонувањето на христијаните и кој во христијанството гледал како на најважна поткрепа за своето царство. Токму во негово време и во време на неговата мајка Елена, бил донесен и познатиот “Милански едикт“ кој им дозволил на христијаните и на сите други да ја исповедаат онаа религија која што ја сакаат, а воедно во тоа време биле изградени и мноштво цркви.

Денес, поучени од примерот на овие големи верници, но и мотивирани од фактот што оваа црква има своја улога и значење во меморијата на старите жители на Скопје, се собравме да помогнеме за нејзиното повторно издигнување. Нашиот народ од секогаш сакал да работи, да создава и да остава за следните поколенија. Притоа, градејќи ги ваквите верски објекти, ние учествуваме во сопствената изградба, се градиме себеси и како поединци, но и како жив народен организам. Се градиме како здрави личности, со правилно вреднување и расудување, силни и слободни да се соочиме со сите предизвици на секојдневието.

Во таа насока, Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, е нашата духовна мајка, која будно се грижи за правилно артикулирање на народната побожност, на човечката пристојност и јавниот морал на денешните и идните генерации. Нејзиното значење е посебно важно во време во кое “навидум модерното“, гази по традиционалното и промовира поинакви вредности за сметка на семејните и христијанските вредности. Време во кое нашиот народ се соочува со бројни предизвици, меѓу кои можеби најголемата е демографијата и рецесијата на нацијата.

Токму затоа, да бидеме сплотени и да бидеме блиску до нашето духовно огниште. Најмалку што можеме... и пред себе и пред бога, е да ги чуваме, да ги градиме и да ги негуваме црковните храмови. Да покажеме солидарност со Македонската православна црква затоа што солидарноста како една од најзначајните христијански вредности, претставува алка која не поврзува заедно, причина поради која сме одговорни едни за други и предуслов за изградба и развој на праведно и одговорно општество.

Од овие причини, силно ја поздравувам и застанувам зад оваа иницијатива за изградба на православниот храм „Свети Константин и Елена“! Се надевам дека истата ќе наиде на огромна поддршка од страна на сите верници, поединци и организации кои ќе помогнат за изградба на црквата.

Само нашата сплотеност околу вербата и благословот да го сочуваме и продолжиме учењето Христово, ќе не направи многу посилни да истраеме на божјиот пат, патот на љубовта, приземноста и меѓусебното разбирање.

На тој пат, да продолжиме заеднички!

Ви благодарам

 

Извор: Влада На Република Македонија

  Stefan.donacija.jpg

  Stefan.donacija.jpg

  Stefan.donacija.jpg

  Скопје, 7.12.2012 год- Од Донаторската конференција


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

23/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (пост со масло)

Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски; Светите маченици Александар и Антонина; Свети Васијан, епископ Лавдиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная