логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 sv.Evstr.Aksent.Evg.jpg

Молитва од светиот Евстратиј
(се чита во Сабота)

Господи, спомни си за нашите отци и браќа, упокоени со надеж во воскресение за вечен живот, и за сите упокоени во благочестивост и вера. И прости им го секое волно и неволно согрешение, направено со збор, дело или мисла. Всели ги во светли, прохладни места, од кадешто отсуствува сета скрб, така и воздишка, а кадешто гледањето на Твоето лице ги весели сите Твои светии од сите векови. Дарувај им го ним и нам Твоето Царство и учеството во Твоите неискажливи и вечни блага и во Твојот бесконечен и блажен живот. Затоа што Ти си животот, воскресението и покојот на упокоените Твои слуги, Христе Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме, со беспочетниот Твој Отец и Пресветиот и благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.


Молитва кон ангелот пазител
Свет ангелу, ти кој стоиш пред мојата бедна душа и го гледаш острастениот мој живот, не оставај ме мене грешниот, ниту отстапувај од мене поради н моето невоздржание. Не му давај место на лукавиот демон, да завладее со мене преку насилството над моето смртно тело, укрепи ја мојата бедна и валкана рака и води ме по патот на спасението. Навистина, свет ангелу Божји, пазителу и покровителу на мојата бедна душа и на моето тело, прости ми сè со што те навредив со сите дни на мојот живот. И ако нешто согрешив во минатата ноќ, заштити ме во сегашниов ден и сочувај ме од секое демонско искушение, за да не Го навредам со некој грев Бога. Моли се за мене на Господа, да ме утврди во Својот стравот, и да ме покаже како достоен слуга на Својата благост. Амин.
  Bogorodica.Hristos.k.dol.jpg

Пофална песна кон Пресвета Богородица
Достојно е навистина, да те ублажуваме Богородица, којашто си секогаш блажена и пренепорочна, и мајка на нашиот Бог. Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите, Која нетлено си Го родила Бога Логосот, тебе која си вистинска Богородица те величаме.
И следниве тропари
Преславна, секогаш дево, благословена Богородица, принеси Му ја нашата молитва на твојот Син и наш Бог, и моли се да ги спаси преку тебе нашите души.
Мојата надеж е Отецот, мое прибежиште е Сино, мој покров е Светиот Дух, Света Троице слава Ти.
Сета моја надеж на тебе ја полагам, Мајко Божја, чувај ме под твојот покров.
Богородице Дево, радувај се благодатна Марија, Господ е со тебе. Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба, затоа што си Го родила Спасителот на нашите души.
Крстителу Христов, спомни си за сите нас, за да се избавиме од нашите беззаконија, затоа што тебе ти се даде благодат да се молиш за нас.
Молете се за нас, свети апостиоли и сите свети, за да се избавиме од опасности и маки, бидејќи вас ве имаме за нши топло застапници пред Спасителот.
Богородице, прибегнуваме кон твоето милосрдие; не ги отфрлај нашите молитви, туку избави нè од опасности, единствена чиста, единствена благословена.
Господи, во Твоите раце ги предавам моите душа и тело. Самиот Ти благослови ме, помилуј ме и дарувај ми вечен живот. Амин.
По молитвите на светите отци наши, Господи Исусе Христе Боже, помилуј нè. Амин.

 

Mal.Molitvenik.jpg Mal.Molitvenik.jpg

Извор:П РАВОСЛАВЕН МОЛИТВЕНИК  (Полошко- кумановска епархија)

 

Преминпортал

21 декмври лето Господово 2012

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

19/06/2026 - петок

Петровденски пости;( строг пост)

Преподобен Висарион; Преподобен Иларион Нови; Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная