логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПРИKАЗНА ОД ПЕПЕЛОТ НА ТРЕСKАВЕЦ

Монахот Kалист жртвуваше сè за да ги спаси иконите

Додека го спасувал иконостасот од монашкиот конак, огнот изгорел сè што имал во собата во која спиел - неговиот миленик канаринец, сета облека што ја имал и 100.000 денари, кои храмот неодамна ги добил од продажбата на дрвата исечени во манастирската шума

 

Ми се јави и ми кажа: „Отец Kлимент, сè ми изгоре, но успеав да ги спасам иконите, тоа е најважно. Сè друго ми изгоре“. Не зборува ли ова доволно за негова посветеност на Бога, на манастирот, за тоа каква личност е монахот Kалист, каква е неговата љубов кон светилиштето, кое доживеа тешка трагедија. Тој и сега е таму, не го остава манастирот, туку чека да почне неговото обновување. Ќе го дочека и тоа.

Вака отец Kлимент, епископот хераклејски, ја раскажува малку познатата епизода од трагичниот пожар во кој изгоре конакот на манастирот во Трескавец и од која најдобро се гледа драмата што ја преживеал монахот Kалист, кој со години сам живее во храмот.

Најдраматичниот момент било спасувањето на дел од иконостасот и на распетието од 17 век, кои биле конзервирани и се чувале во дел од конакот наменет за престој на монасите. Во моментот кога огнените пламени јазици стасале до монашкиот конак, каде што живеел и монахот Kалист, морал брзо да реши - дали ќе ги спасува иконите или тоа што го имал во своето престојувалиште. И немал дилеми. Потрчал, заедно со странскиот турист што се затекнал на Трескавец, кон иконите и почнале да ги спасуваат. Да не направеле така, ќе изгореле сите, заедно со иконостасот и со распетието.

Додека ги извлекувале иконите, Kалист беспомошно гледал како огнот ја уништува неговата соба.

- Најтешкиот момент бил кога пожарот стасал до неговите простории. Во нив, во тој момент бил неговиот миленик канаринец, сета облека што ја имал, 100.000 денари, кои манастирот неодамна ги добил од продажбата на дрва... Жолтиот канаринец му беше најголем пријател во моментите на осаменост во манастирот. Тоа пријателство траеше седум години. Но, ете, не стасал да го спаси. Ни канаринецот ни ништо друго. Дрвата од манастирската шума ги продал само ден претходно. Голема е неговата жалост, но среќен е што ги сочувал иконите - раскажува отец Kлимент.

Монахот Kалист вчера беше недостапен на мобилниот телефон. Тој веќе девет години престојува во Трескавец.

Нему и на странскиот турист кога почнале да го гаснат пожарот им се случил уште еден пех - дефект на електрична инсталација која го напојува со струја хидрофорот за вода. Затоа, пожарот уште побрзо се раширил. За тоа придонел и фактот што дрвените греди врз кои почива покривната конструкција на конаците биле премачкани со црно масло за да бидат отпорни на влага и да не гнијат.

Монахот Kалист, општинските и државните органи се подготвуваат за акцијата за расчистување на опожарените остатоци од конаците. Најавената акција за утре ќе мора да се одложи бидејќи снегот што заврнал вчера го направил пристапот до манастирот практично невозможен. Сепак, сите подготвителни активности за собирањето материјални и парични средства нема да запрат.

 

Бранко Ѓорѓевски- Дневник


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

« »

Најнови вести

Православен календар

 

12/08/2026 - среда

Св. апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник; Св. свештеномаченик Валентин; Св. свештеномаченик Полихрониј, епископ Вавилонски; Св. Јован, војник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная