логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Religii.Konferen15.jpg

Скопје, 10.05.20113 год.-

Religii.Konferen15.jpg

 Промовирана книгата „Собрани дела на Св.Климент Охридски“

Religii.Konferen15.jpg

 Religii.Konferen15.jpg

 

Книгата „Собрани дела: слова, поуки и житија од Свети Климент Охридски“ е едно од најкапиталните дела во нашата севкупна македонска историја и не претставува просто само еден книжевен изблик на нејзиниот автор, туку таа е и култура, и историја, и јазик, и проповед, и теологија итн.

Ова вечерва го истакна поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, еден од промоторите на делото, во рамки на Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог „Слободата и достоинството - основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“, што се одржува во Скопје. Книгата е во издание на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

Ова есенцијално дело, посочи г.г.Стефан, јасно го покажува континуитетот на нашето постоење и како засебен народ и како засебна култура, зашто, еве, токму сега, во навечерието на чествувањето на патронот на нашата света македонска Црква, ние можеме да кажеме дека успешно создаваме и живееме и историја и сегашност, одбележуваме дел од нашето македонско битисување.

- Тоа што беше средство за разбирање и комуникација, тоа што беше одлика и знак за посебност пред 11 века - старословенскиот јазик, еве, сега е претставено пред нас на современ македонски јазик. Нашиот јазик од минатото денес воскреснува во своето современо чедо. Од денес уште еднаш, во својата современа форма, силно прозвучуваат говорите од околината на Солун и ние, еве, преку заложбата на Македонската православна црква, имаме можност да  го слушаме и читаме јазикот на нашите предци, рече поглаварот на МПЦ.

Посочи дека Свети Климент е најсилниот темел и нему му припаѓа најголемата заслуга за нашата егзистенција како народ и култура.

- Вистина е, тој ниту ни даде држава, ниту царство, ниту богатство, ниту моќ и првенство. Но, тој ни даде нешто многу повеќе - ни го предаде животворното евангелско Слово, нe научи на јазикот на спасението, ја заслужи за нас и ни ја даде духовната слобода, што значи најмногу. Како еден од најталентираните и најпреданите ученици на светите браќа Кирил и Методиј, по нивната смрт, тој го продолжи сесловенското дело на овие земји, во областа Кутмичевица, со центар во Охрид. Таму пастирствуваше како вистински епископ Христов - ја оформи позната Охридска книжевна школа, во која обучуваше свештенички кадар, односно идни пастири и учители на народот, служеше и проповедаше неуморно, упатувајќи го народот во Вистината, а воедно му помагаше и при овоземните потреби, истакна г.г.Стефан.   

Неговите дела, главно омилии, похвали и поуки, што ги искажувал од амвоните на охридските цркви, собрани во книгата што денес ја промовираме, нагласи поглаварот на МПЦ, се исполнети само со зборовите што значат живот, што значат Царство небесно.

- Свети Климент е и проповедник и теолог пар екселанс. Неговиот збор е лесен, неговиот јазик е близок до публиката на која говори, а неговиот стил е и одмерен и динамичен - тој умее да навлезе силно во темата на денот, потоа да го смири текот на словото, но и да му даде повторно динамично финале - најчесто со акатистни форми. Но, неговата умешност да го задржи вниманието постојано будно, е ретка способност и е една од неговите најавтентични одлики. Овие негови дела се исполнети со духот на светите отци на Црквата, рече г.г. Стефан.

Појасни дека книгата содржи три дела - во првите два дела словата и поуките се распределени според автентичноста, и тоа: во првата група - потпишани и неоспорни слова и поуки, за кој нема сомнеж дека излегле од перото на свети Климент, и втората група - во која се поместени тие што со голема веројатност се негови, што е утврдено преку стилот или методот на споредба со веќе потврдените. Во третиот дел од книгата се вклучени животописите на свети Кирил и Методиј што Свети Климент ги составил по нивната смрт.    
       
- Препорачувајќи ви ја оваа книга, ви оставам аманет таа да биде присутна во секој дом, да стане своевидна домашна македонска Библија. Нека ни е честит празникот на нашиот голем учител и молитвеник пред Божјиот престол-Свети Климент Охридски. Му благодарам и на протопрезвитерот ставрофор, д-р Јован Таковски, еден од најдобрите познавачи на старословенскиот и црковнословенскиот јазик на овие простори, за неуморливоста во помакедончувањето не само на оваа книга, туку и за сите преводи на богослужбени и црковни книги што досега ги направи и ќе ги прави на современ македонски јазик, додаде г.г. Стефан.

Проф.д-р Јован Таковски, промотор на книгата, рече дека станува збор за дело кое ги опфаќа досега откриените слова, проповеди, поуки на Свети Климент Охридски собрани по разни книжници и библиотеки најмногу во Русија и по целиот свет.

- Проповедите, словата на Свети Климент и житијата на Свети Кирил и Методиј кои исто така се дело на Свети Климент и се поместени во оваа едиција, се клучни за разбирањето за неговата личност. Преку поуките што ни ги дава ќе имаме голема полза не само ние свештениците туку и народот. За сите тоа може да биде еден вид патоказ и вероучение, додаде проф.д-р Таковски.

  Religii.Konferen15.jpg

  Religii.Konferen15.jpg

  Religii.Konferen15.jpg

Текст: Дневник

Фото: Преминпортал


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »

Православен календар

 

13/09/2025 -сабота

Празник на појасот на Пресвета Богородица; Свети Генадиј, патријарх Цариградски; Светиот свештеномаченик Кипријан; Свети Јован, митрополит Киевски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 13 септември/31 август 2025

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 13 септември/31 август 2025

Богородице Приснодево, заштитнице на луѓето,ризата и појасот на твоето пречисто телоси ги дарила на твојот град како моќна ограда,

Тропар на преподобниот отец Христифор Римјанин  12 септември/ 30 август  2025

Тропар на преподобниот отец Христифор Римјанин 12 септември/ 30 август 2025

Молитвата како река протекува низ умот човечки,и ги согорува помислите на неговите богови,метаниите те предадоа на Божјото милосрдие,оче Христифоре преподобен,

Тропар на отсекувањето на главата на Св.Јован Крстител 11 септември/29 август 2025

Тропар на отсекувањето на главата на Св.Јован Крстител 11 септември/29 август 2025

Споменот на праведникот е со пофалба,а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо,оти навистина се покажа најпочитуван меѓу...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная