логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Скопје, 11 мај 2013 (МИА) - Со усвојување Декларација вечерва во Скопје заврши Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, која годинава беше посветена на темата „Слободата и достоинството-основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“.

Во обраќањето пред присутните претседателот на државата Ѓорге Иванов истакна дека во изминатите шест години Република Македонија организирајќи ги трите светски конференции покажа дека на заедничка маса може да ги донесе различните религии.

- Како што од мислата произлегува делото, така и од овој дијалог очекувам да произлезат конкретни дела за доброто на нашите деца. Но, соработката исто како и дијалгот нема да дојде сама од себе. Ни претстои уште многу работа, рече Иванов.

Тој подвлече дека Македонија има многувековна традиција на соживот и религиска толеранција и е една од ретките европски земји каде православните христијани и муслимани го слават Бога под ист покрив. Тоа, вели, се места каде религиите не само што се допираат туку и просторно и временски се преклопуваат, рече шефот на државата.

Имајќи го превид фактот за длабоката традиција на толеранција, посочи и оти не се чувствува пријатно што претставниците на ИВЗ првпат не учествуваат на оваа конференција и порача оти е потребно да се комуницира затоа што „тој што комуницира се интегрира“.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска изрази задоволство што во текот на третата конференција беа разгледани духовни, социјални, религиски и културни прашања што го оптоваруваат светот денес.

- Светот веќе подолго време се соочува со т.н. рецесиска, економска криза. Но, нас не интересираше колку и како таа се одразува на духовната и културната состојба на човештвото, хуманизмот и темелните вредности на современата цивилизација. Второто клучно прашање што се наметна беше дали сите ние што припаѓаме на различни религиски, културни, етнички, политички ентитети можеме да приодонесеме со нешто таа криза да се надвладее барем на духовен план и низ дијалог и разбирање, да доведе до една хармонична насока на дејствување? Одговорот имам впечаток на оваа конференција беше поволен и позитивен. Да направиме нешто сите заедно во таа насока, рече Канческа-Милевска.

Таа изрази задоволство што Декларацијата од Втората конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог одржана во Охрид 2010 година, за која биле исвестени сите позначајни меѓународни организации, имала многу позитивен прием. Воедно искажа уверување дека и Декларацијата од тертиот форум ќе придонесе во насока на промовирање на меѓуверскиот и меѓукултурниот дијалог, кој гради разбирање, добра волја, и односи меѓу религиите, културите и верите и поттикнува мир и безбедност.

Инаку, со декларацијата учесниците упатија апел за зголемена интеракција и партнертво меѓу владите и верските заедниците во решавање на насилството и сите форми на терор, како и посветена работа за мир, развој и човечко достоинство. Се посочува дека почитувањето на заедничкото наследство, културната разновидност и достоиснтвото на секој поединец се темелни вредности на меѓукултурниот дијалог кои ни овозможуваат да ги спречиме етничките, верските и културните поделби.  Воедно се изразува натамошна посветеност на промовирањето на меѓуверскиот и меѓукултурниот дијалог.

- Веруваме дека образованието може да игра значајна улога во промовирањето на меѓуверското разбирање и соработка за мирно решавање на меѓуверските конфликти и ќе го промовираме образованието во сите негови аспекти. Човековото достоинство на секој поединец е во основата на општество и на секоја религија и култура. Нашите културни и верски вредности се базираат врз принципите на достоинство, еднаквост и почит кон сите поединци. Овие вредности треба да се прошират во сите сфери на животот, стои во Декларацијата.

На Третата светска верска конференција присуствуваа над 250 странски и домашни гости од сите континенти, верски претставници и професори-теолози. Со конференцијата беа одбележани три јубилеи: 1700 години од Миланскиот едикт - добивање слобода на христијанството; 70 години од холокаустот на Евреите и 10 години од Самитот на шефови на држави од Југоисточна Европа „Дијалог меѓу цивилизациите“ во рамките на УНЕСКО и Охридската порака за мир, инициран од покојниот претседател Борис Трајковски во 2003 година. ва/21:00


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

« »

Најнови вести

Православен календар

 

16/08/2026 - недела

Преображенски и Богородичен пост (пост на масло)

Преп. Исакиј, Далмат и Фауст; Преп. Козма евнух; Преп. Антониј Римјанин; Св. мироносица Саломија;;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная