логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Sample Image


21.08.2013.

Излезе од печат ново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“. Тоа е книгата „Старец Сампсон“ во која се содржани голем број моменти од животот на старецот Сампсон, како и неговите пастирски поуки. Книгата ја преведе свештеникот Љупче Миланов. Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.

Во прилог можете да го прочитате и предговорот на оваа книга.

 

Предговор за книгата „Старец Сампсон“

 

Да се биде старец – не може никој по своја волја. Тоа не е официјален чин во Црквата, туку благодатен дар и избор на Светиот Дух. Старецот не е само стар по години, туку возрасен и созреан во духовниот живот, според мерата од растот Христов. Човек кој живее според Божјите заповеди, кој се уподобил на Христа, кој душата своја ја полага за своите чеда, и кој ги остава деведесет и деветте, за да оди и да го спаси загубеното чедо, човек во кого пребива Светиот Дух и преку кого говори Светиот Дух. Таквите духовници-старци верниот народ ги препознава, и како пчели на цвет, се собираат околу него да се хранат од неговиот душеспасителен нектар.

Некои старци живееле во општежителни манастири, некои во пустина како отшелници, некои воделе борба со еретици, некои со лажни браќа, некои имале тешка борба со своите страсти, некои, пак, доживеале многу страдања и мачеништво.

Старецот Сампсон живеел во Русија, во еден неблагопријатен период, кога имало многу немири во земјата, кога „прогресивните“ се свртеле против царот, и го убиле заедно со целото негово семејство, кога се свртеле против Светата Црква и со сите средства и методи се обидувале да ја сотрат, уништат, посрамотат, дискредитираат, време во кое се појавиле „обновленците“, кои однатре ја разорувале Црквата со своите антицрковни учења и новотарии, време во кое не било лесно да бидеш ни обичен верник, а не, пак, монах или свештеник. Ете токму во такви историски околности се родил и живеел старецот Сампсон.

Како духовник-јеромонах во тоа време, кога било тешко да се формираат манастири, тој создал заедници од таканаречени „бели монаси и монахињи“, т.е. монаси кои живеат во светот, имаат световни професии и занимања, се облекуваат обично како и сите луѓе, но кои тајно имаат дадено монашки завети и кои живеат строг подвижнички живот. Книгите кои се напишани и објавени за него се всушност писма, разговори и исповеди токму со овие негови духовни чеда, кои по неговата смрт ги собрале и ги објавиле. Имајќи го тоа предвид, кога ги читаме неговите поуки, овде собрани, мораме да внимаваме и да не им даваме универзален карактер на сите негови поуки, затоа што голем дел од нив се лични обраќања кон конкретни личности, совети кои биле упатени и корисни за некоја конкретна личност, но не и за секого. И најдобриот лек може да биде за некого погубен, ако се дава во било кое време, на било кој начин и во било која количина. Истото важи и за поуките на старците. Затоа често може да сретнат различни мислења за исто прашање, затоа што биле упатени кон различни личности, на кои им требало различно решение.

Денес старецот Сампсон од многумина е почитуван како свет старец, но од многумина е и оспоруван неговиот авторитет. Неговите духовни чеда се убедени во неговата светост, раскажуваат чудесни настани од неговиот живот, но раскажуваат и за многу чудеса кои се случиле над неговиот гроб, кој станува познато поклоничко место за многу верници. Еден од неговите апологети е и сегашниот патријарх московски и серуски Кирил, кој уште како митрополит, во една телевизиска емисија го раскажува следново за него: „Имав прилика да се сретнувам со овој црковен трудбеник, монах, од повоениот период, уште кога бев дете и одев во Псково-печерскиот манастир. Мене секогаш ме поразуваше надворешноста на овој човек, но и гласините кои се ширеа за него. Многу се разликуваше од останатите браќа во манастирот, оставаше впечаток со своите проповеди, зборови, изглед и начин на живот. Тој беше силна личност која остави свој силен впечаток во неодамнешната историја на нашата Црква“.

Од поуките на старецот можеме да научиме многу. Посебен акцент става на внатрешната будност, на внатрешниот молитвен живот, на стоењето пред Бога, на вистинското покајание. Особено од него може да се научи за разликите меѓу православието и другите инославни конфесии, за разликата помеѓу духовноста и душевноста – нешто што ретко каде може да се сретне.

Имајќи ја предвид светоста на неговиот живот, како и полезноста на неговите поуки, од длабочината на моето срце ви ја препорачувам оваа книга, за од неа да учите, да се раководите, да напредувате духовно, угледувајќи се на старецот, како што и тој се угледал на Христа, и од Него добил мудрост и светост, за наша поука и наслада, но и за идните генерации. Амин!

 

Митрополит Повардарски г. Агатангел

22.08.2013

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

23/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (пост со масло)

Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски; Светите маченици Александар и Антонина; Свети Васијан, епископ Лавдиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная