логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Φωτό

Φωτό

На празникот на Успението на Пресвета Богородица или како што уште го нарекуваме и Второ Воскресение, македонскиот народ повторно силно ја демонстрираше својата силна православна вера, својот вистински православен христијански дух, посетувајќи ги масовно храмовите низ целата држава, поклонувајќи се и просејќи благослов од Мајката Божја за застапништво пред престолот на Севишниот Бог. Недогледната колона од луѓе пред храмот на Успението на Мајката Божја во Велес, кои смирено го чекаа својот ред за да ја целиваат плаштаницата на Пресвета Богородица, поставена во средината на храмот, големиот број на верници кои молитвено го исчекуваа принесувањето на Светите Христови дарови за да се соединат со Христос, вистинскиот Бог, велелепните и ангелски звуци на црковниот хор „Св. Вмч. Пантелејмон“ од Велес, се моментите кои, на овој торжествен празник, во целост ни ја покажуваат вистинската димензија на православната вера, како единствен и непобитен извор на нашата духовност и на нашето спасение.

Чествувањето во Велес, започна со Вечерна Богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на која беше отслужен Молебен канон на Пресвета Богородица со читање на целиот Богородичен Акатист. На Вечерната Богослужба служеа свештенослужители од градот, во присуство на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Во  средината на храмот беше изложена плаштаницата, на која е изобразено погребението на Пресвета Богородица. Централниот настан на чествувањето беше Светата Божествена Литургија следниот ден со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од градот Велес.

Во своето празнично Слово, во беседата изречена пред верниците, Митрополитот Агатангел ни ја претстави славата на Мајката Божја, нејзината неизмерна љубов и величие. Тој упати порака, Благословената Дева Марија да ни служи како огледало, како жива икона на библиски христијанин, да се моделираме самите по примерот на благословената Дева Марија, зашто таа е онаа која највозвишено слуша. На Благовештението таа слушаше со покорност и му одговори на ангелот, „Нека ми биде според зборовите твои” (Лк. 1:38). Таа не би можела да го прими Словото Божјо во нејзиното тело, ако прво не го слушнала Словото Божјо во нејзиното срце. Кога пастирите го видоа и се восхитуваа на новородениот Христос, „Марија ги пазеше сите тие зборови, слагајќи ги во срцето свое” (Лк.2:19). Истата потреба од послушност е нагласена и во последните зборови, посветени на Мајката Божја во Светото Писмо, на венчавката во Кана Галилејска: „Се што ќе ви рече, направете!” (Јн. 2:5) им рече таа на слугите и на сите нас.

На крајот од својата беседа, Митрополитот Повардарски г. Агатангел ги помоли сите присутни верници да ја сакаат и да ја почитуваат својата мајка и својот татко, исто како што би сакале и нивните чеда секогаш да ги сакаат и да ги почитуваат нив и ги помоли сите кои имаат било какви недоразбирања со своите родители, да отидат на овој ден, да ги посетат, да побараат прошка и да ги надминат сите недоразбирања.

 Φωτό

 Φωτό

 Φωτό

 Φωτό

 Φωτό

 Φωτό

 Φωτό

 Φωτό

  Φωτό

  Φωτό

  Φωτό

 Φωτό

 Φωτό

Извор: Повардсрска епархија

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

19/06/2026 - петок

Петровденски пости;( строг пост)

Преподобен Висарион; Преподобен Иларион Нови; Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная