логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 Petar.Komemoracija1.jpg

 Живот посветен на спортот, голман со срце и спортист со душа -комеморација за Петар Милошевски

 Petar.Komemoracija1.jpg

Petar.Komemoracija1.jpg
Пријателите, роднините, сите спортисти со кои ја делеше радоста по победите и загриженоста по спортските порази, се простија од Петар Милошевски, голманот со срце и спортистот со душа. На комеморацијата немаше зборови за да се искаже тагата поради загубата на млад човек, кому допрва му претстоеше кариера на прв човек на македонската фудбалска репрезентација. Милошевски загина на враќање од хуманитарен натпревар, во страотна сообраќајна несреќа близу Куманово.
Македонскиот фудбал остана без една од своите најсветли точки. Фудбалер со големо срце, а фудбалски работник со уште поголема визија за подобро утре.

  • Денеска семејството, пријателите, соиграчите и соработниците се простија од големиот човек Петар Милошевски. Тој зад себе остави голема загуба и тага, но човек кој целиот свој живот го посвети на добродетелство, никогаш нема да биде заборавен. Токму таков беше и неговиот последен чин на овој свет, хуманитарен натпревар за помош на други. Во солзи, неговите најблиски зборуваа за животот исполнет со добрина, фудбалски успеси, но и неговиот најголем триумф како добар сопруг и татко.

Ѓоко Хаџиевски, поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација и човекот што го откри талентот на Милошевски, се потсети на неговите почетоци во фудбалот и како прерасна во, можеби, најдобриот голман во историјата на нашата земја.
За неговите поранешни соиграчи, пријатели и репрезентативни другари тој е легенда, а како што рече Артим Шаќири - легендите никогаш не умираат. Селекторот на фудбалската репрезентација, Бошко Ѓуровски вети дека секоја победа во иднина ќе биде посветена на Петар Милошевски.

  • Посмртните останки на Петар Милошевски утре 16. март 2014. година од 11:30 часот ќе бидат изложени во соборниот храм, додека погребот ќе биде извршен еден час подоцна на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

  (Преземено од Калан 5)

 +++

  •  Друго:

 

 Мане Манев: Петар Милошевски ги сакаше и непријателите!

  •  Мане Манев: Петар Милошевски ги сакаше и непријателите!


  • Денот си минува, а лошиот сон не поминува. Зошто Господе, ни ги земаш најдобрите?! Сите тагуваме, но и сите сакаме достојно да го испратиме нашиот Пеце…Да кажеме дел од неговите добри страни, од огромниот број добри страни на неговиот човечки карактер. Беше голем спортист, фантастичен голман, но, уште поголем човек. Зрачеше со добрина, во сите нас гледаше пријатели, а како што вели Мане Манев, тој ги сакаше и непријателите.


“Тој беше светец. Слушајте што говори Мане, го познавав многу добро, во последните неколку години бевме речиси и неразделни. Сите знаеме каков голман беше, извонреден. Но, сакам целата македонска јавност, а и пошироко, да знае дека беше невидена личност, некој што толку ретко се среќава во денешниот свет. Неговата човечка димензија беше посебна. Тој ги сакаше и непријателите. Апсолутно на никого не му мислеше лошо, дури тој си земаше грижа на совест, доколку двајца други се караа на масата подалеку од нас. Дури и за најголемите ’бандити’, како што јас знаев да ги кажам, Петар сакаше да најде разбирање, да го пронајде човечкото во нив, на еден начин да ги оправда за нивните постапки“, ја отвори душата Мане Манев за својот фудбалски ученик, но пред се голем пријател.

И двајцата се големи верници, христијани. Мане Манев се сеќава на некогашното гостување со репрезентацијата во Турција, кога заедно со Петар Милошевски, на негово инсистирање, заминале на гробот на Свети Никола.

  • „Поголем верник од него немаше. Согласно тоа, верен сопруг, грижлив татко. Пријател со душа и срце. Им помагаше на сиромасите, и тоа без никој друг да знае за тоа. Многу често, заедно одевме на литургии, в недела наутро, на гостувањата со репрезентацијата ширум Европа. Се сеќавам, при едно гостување во Турција, имаше голема желба да го посетиме и гробот на Свети Никола. Возевме четири часа за да стигнеме до местото, а тој тоа го правеше со посебна жар. Тој, нашиот Петар“, истакнува Мане Манев.


Тренерот на голманите во македонската фудбалска репрезентација сакаше самиот преку ЕКИПА ова да и го открие на јавноста, за сите да знаат дека освен одличен голман загубивме пред се голем човек и доброчинител. Почивај во мир, Петар Милошевски.

 

 http://ekipa.mk/mane-manev-petar-miloshevski-gi-sakashe-i-neprijatelite/

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »

Православен календар

 

10/09/2025 -среда

Преп. Мојсеј Мурин; Преподобен Сава Псковски и Крипецки; Собор на сите Печерски богоугодници;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.преподобен Мојсеј Мурин  10 септември/28 август  2025

Тропар на св.преподобен Мојсеј Мурин 10 септември/28 август 2025

О преподобен оче пустински, ти кој ангели и демони гледаше,со едни беседеше, за други се молеше,кон небесата повикуваше – отвори...

Тропар на св. Преподобен Пимен Велики 9 септември/ 27 август 2025

Тропар на св. Преподобен Пимен Велики 9 септември/ 27 август 2025

Учителу на смиреномудрието, противнику на осудувањето,лекару на страстите телесни и духовни,сјајна ѕвездо на преподобните, надеж за сé во Христа положуваше,

Тропар на св. Христови маченици Адријан и Наталија  8 септември/26 август  2025

Тропар на св. Христови маченици Адријан и Наталија 8 септември/26 август 2025

Благословувајќи го бракот о Господи,апостолот за Христа и Црквата ни прозбори,мажот преку жената може да се спаси,според тие зборови Адријане...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная