логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Копија од чудотворната икона на Богородица Брзопослушница, пред која проговори 18-годишно немо момче од Струмица, во почетокот на декември минатата година во манастирот „Дохијар“ на Света Гора, денеска пристигна во Струмица.Во чест на големиот настан од страна на Струмичката епархија, на плоштадот „Гоце Делчев“ беше организиран голем побожен пречек на кој присуствуваа неколку илјади верници од целата држава, но имаше и од соседните Бугарија и Грција.
На литијата, на која беа и владиците, монаштвото и свештениците на неколку Православни епархии во Македонија, заедно со надлежниот архиереј, Високопреосветениот Митрополит Струмички г. Наум  и Високопреосвештениот Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски, присуствуваше и грчкиот свештеник од манастирот на Света Гора, отец Филотеј, кој го предводеш патувањето на иконата Богородица Брзопослушница од Света Гора, Грција, до Струмица, Македонија, односно до манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.

 

 

 

 

 од името на Дохијарскиот Старец, Архимандрит г. Григориј, се обрати љубвеобилниот јеромонах Филотеј:

„Ваши Високопреосвештенства, достојнопочитувани и сечесни отци, возљубени браќа и сестри поклоници, Пред 2000 години, Марија, како стана во тие дни, отиде набргу во ридскиот крај, во градот Јудин; па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета. Штом го чу Елисавета поздравот на Марија, заигра младенецот во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети, па извика гласно и рече: Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба! И од каде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ? Зашто, ете, кога пристигна гласот од твојот поздрав до ушите мои, радосно заигра младенецот во утробата моја… А Марија ѝ одговори: Мојата душа Го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, оти ја погледа смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови;зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име;и милоста Негова е од колено на колено за оние, што се бојат од Него. Он покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние, што се гордеат со мислите во срцата свои; ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените; гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни (Лука 1,39-53).Денес, по 2000 години, Господарката наша Богородица пристигна од Света Гора Атонска и дојде во ридскиот град Струмица. Влезе во храмот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, и овој пат не ја поздрави Елисавета, ами Мачениците, кои, според зборовите Господови, се мајка, браќа, роднини на Самиот Господ. Во тоа време Елисавета, а сега Мачениците го слушнаа поздравот и од радост заиграа. Гласот, пак, на Мачениците сте сите вие, кои живеете блиску до нив и се восхитувате на нивниот подвиг, на нивното мачеништво, и смирено се молите за вашето спасение. Вие, всушност, го изразувате восхитот на Елисавета кон Самата Владичица Богородица, Која во она време отишла кај Својата роднина за да ѝ објави дека е бремена и ќе Го роди Господа.

Посакувам од сето свое срце, по молитвите на нашиот Старец и на целото наше братство, пристигнувањето на Пресвета Богородица на ова место да ве укрепи и, како што им беше ветила на сите што се бојат од Господа, да ви ги дарува Своите вештествени и духовни блага, да ѝ дарува мир на вашата земја; да им проговори во срцата на оние што управуваат, та да живеете во мир, и вашето општество, држава и целиот народ да можат во мир да Го слават Бога постојано, и со своите зборови, и со своите дела. Вашите молитви да ги имаме!“ 

 25.jpg

 

 

„Оваа чудесна икона, живописана од зографот Димитриј Аргири, е подарок од светиот игумен на Дохијарската Обител, Архимандрит г. Григориј и неговото христоподобно братство, за богочуваниот град Струмица и за целата наша Татковина, по повод исцелението што Пресвета Богородица го направи со едно момче од Струмица, исцелувајќи го од целосна немост.
Но, сепак, главната причина за овој бесценет дар е огромната љубов на Старецот Григориј и неговото братство за нашиот верен народ.

Токму затоа, кога Старецот лично ја испраќаше иконата од Света Гора, од своето срце порача: „Нека оваа пресликана икона ја има истата сила и благодат како првообразната, та да дава исцеленија и твори чудеса на сите што со вера и притекнуваат!“ А, кога Скоропослушница пристигна во Струмица, со неизречлива радост и благодарност, торжество и слава, беше пречекана на централниот градски плоштад од илјадниците верници и бројното свештенство, од нашето македонско монаштво, како и од монахињи од Бугарската Православна Црква...“

 

 

Извор:

- Радио Срумица

- Бигорски маастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

БEСEДА за oбратнитe врeднoсти вo Бoжјoтo царствo

БEСEДА за oбратнитe врeднoсти вo Бoжјoтo царствo

Зoштo Гoспoд oграничил и нe рeкoл “ситe”, туку “мнoзина”. Искуствoтo нè учи дeка нeкoи oд oниe кoи билe први вo чeст на Зeмјата, oстаналe први вo чeст и кај Бoга....

Митрополит Струмички Наум: Блудниот син (28.02.2021)

Митрополит Струмички Наум: Блудниот син (28.02.2021)

Далечна земја е „место“ на неисполнувањето на Божјата волја, пројавено како непослушание кон духовниот отец и предвремено духовно самораководење, поради што Божјата благодат постепено се оддалечува од нас.Непослушноста носи со...

† БЕСЕДА ОД МИТР. ТИМОТЕЈ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА СВ. СВЕШТ-МЧ. ХАРАЛАМПИЈ

† БЕСЕДА ОД МИТР. ТИМОТЕЈ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА СВ. СВЕШТ-МЧ. ХАРАЛАМПИЈ

Ние луѓето живееме помеѓу спротивставеноста на денот и ноќта, помеѓу светлината и темнината. Многу поголеми од тоа се спротивностите помеѓу доброто и злото, помеѓу љубовта и омразата, гревот и добродетелта....

Јован Пачемски: Недела на митарот и фарисејот (21.02.2021)

Јован Пачемски: Недела на митарот и фарисејот (21.02.2021)

Во самиот почеток од прочитаната свангелска приказна, нашиот Спасител Господ Исус ХРИСТОС ни покажува на кого ја наменил оваа парабола. Таа е упатена кон сите оние кои во себе се...

Митрополит Струмички Наум: Почетната благодат на митарот (20.02.2021 16:58)

Митрополит Струмички Наум: Почетната благодат на митарот (20.02.2021 16:58)

Главната карактеристика, која го оформува профилот на луѓе каков што е фарисејот, е користењето на знаењето што останува по доволното чистење на енергијата на умот за судење и осудување на...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Митрополит Струмички Наум: Закхеј (13.02.2021)

Митрополит Струмички Наум: Закхеј (13.02.2021)

   Колкумина се навистина подготвени да се откажат од своето славољубие, од својата лажна слава; и колкумина се подготвени да изгледаат бедно или да служат за потсмев заради Господ Христос, и...

Митрополит Струмички Наум: Гноми, т.е. мислење (03.02.2021)

Митрополит Струмички Наум: Гноми, т.е. мислење (03.02.2021)

Гноми постои и е поврзана со создадената ипостас, односно со човечката личност. Со овој термин се означува слободната падната волја на создадената ипостас – која, колебајќи се помеѓу доброто и...

« »