логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


agatangel.momasenje.jpg

На 17.05.2008 година, во  манастирот посветен на Пресвета Богородица во Согле, Митрополитот Агатангел благоволи да го постриже во мала схима, досегашниот расофорен монах Филотеј со ново име, монах Авакум.


На вечерната богослужба, која започна во 17.00 часот, по входот, јеромонахот Григориј, водејќи го под своето расо, го приведе кандидатот за замонашување пред архиерејот. Митрополитот Агатангел, најпрво го поучи за монашкиот живот, за сите добри, но и лоши моменти, што се дел од монашкиот живот, но и за наградата која Бог им ја дава на оние кои се откажале, од татко, мајка, брат, сестра, сопруг, сопруга и од сè земно заради Христа и Неговото царство. Откако кандидатот потврди дека свесно и доброволно прифаќа да го прими совршениот ангелски живот и дека со Божја помош ќе извршува сè што е предвидено со монашкиот живот, митрополитот го пострижа и му даде ново име Авакум, според светиот маченик Авакум Солунски.   

 

  Потоа следеше ставање на:

параман (знак на ангелскиот образ, на нетление и чистота и на земениот благ јарем Христов);

крст околу вратот (знак на страдањето, понижувањето, плукањето и на сè она што Господ го претрпе за нас);

подрасник (облека на веселие и духовна радост, за отфрлање на сè плотско, и постојано радување во Христа);

кожен ремен (за умртвување на страстите на телото и за обновување на духот, за бодрост и внимателност, за запазување на Божјите заповеди);

расо (риза на спасението и оклоп на правдата за да се оттргне од секоја неправда, и да биде мртов за секое зло дело, но жив за добри дела);

камилавка (шлем на спасението и непосрамена надеж за да може да им се спротивстави на сите ѓаволски лукавства);

пана (покривало на смирението и постојано послушание, за да ги одврати своите очи да не гледаат суета);

сандали (за благовестење на мирот, за да биде брз и трудољубив во секое послушание и добро дело, а бавен во исполнување на својата волја);

бројаница (меч духовен, којшто е зборот Божји и непрестајната молитва Исусова: „Господи Исусе Христе, Сине Божји,  помилуј ме мене грешниот“);

крст (штит на верата, за со него да ги гасне распалените стрели на лукавиот);

запалена свеќа (за со својот чист и добродетелен живот да биде светлина на светот).

На крајот следеше поздравување и честитање со зборовите: Како ти е името, брате? Нека ти е за радост на ангелите и пораз на демоните!

По вечерната служба беше поставена трпеза, која ја подготвија побожни жени од Велес и од околината на манастирот.

По мoлитвите на пресвета Богородица, заштитничка и игуманија на сите манастири, и на светиот Авакум, Господ да ни даде уште монаси и монахињи, по чиишто молитви се одржува светот.

Отче Авакум, спасувај се во монашки чин!

 

Поука, која архиерејот му ја кажува на новиот монах:

Гледај чедо, какви ветувања Му даваш на Владиката Христос; зашто ангелите стојат невидливо запишувајќи го ова твое исповедање, за кое ќе бидеш испитуван на второто доаѓање на нашиот Господ Исус Христос. Ти говорам за совршениот живот, кој е сличен на Господовиот живот, сведочејќи ти што треба да прифаќаш а што да избегнуваш, за да можеш да Му пристапиш и да Му служиш на Господа: Ако сакаш да бидеш монах, пред сè очисти се од секоја нечистотија на плотта и духот, извршувајќи ја светињата во страв Божји. Стекни смиреномудрие, со кое ќе станеш наследник на вечните богатства; остави го обичајот на животно превознесување; имај послушание кон сите; биди безропотен кон секоја служба која ќе ти биде зададена; во молитвите били трпелив; на бденијата не биди мрзлив, во искушенијата не тагувај; во постите не омалаксувај; знај дека, со постот и молитвата треба да Го измолиш Бога. Во немоќите не станувај малодушен; подзамисли се за лукавите помисли, да не го слушаш врагот, кои ти предлага спомени од твојот поранешен световен живот, и омраза кон добродетелниот живот. Треба да знаеш, ти кој го започнуваш патот што води кон Небесното Царство, дека ако се вратиш назад ќе го изгубиш царството. Ништо да не претпочиташ повеќе од Бога: да не сакаш татко, ни мајка, ни браќа, ни сестри, ни било кој од своите блиски, ниту себеси да се сакаш повеќе од Бога, ниту царствата од овој свет, ни удобност ни почест. Не бегај од сиромаштијата, туку во неа да пребиваш до самата смрт; ништо да не те спречува да одиш по Христа: ни напади и навреди од луѓето, туку секогаш гледај кон богатствата што им се ветени на оние кои живеат побожно, и постојано мисли на древните маченици и преподобни, кои со многу пот и труд, и со безбројни капки крв и страдања сето ова го стекнаа. Над сето ова, секогаш во својот ум имај ги спасителните страдања и животворната смрт на Господа нашиот Исус Христос, коишто ги претрпе доброволно заради нашето спасение, та и ти сите неволји од монашкиот живот и притеснувања послатко да ги претрпиш заради Него. Биди трезвен во сè, претрпи зло како добрар воин Христов: зашто Самиот Господ и Бог наш, како богат во милоста, заради нас осиромаши, за ние да се обогатиме со Неговото Царство. Зашто и нам ни приличи да бидеме Негови подражатели, и заради Него сè да претрпиме, преуспевајќи во заповедите Негови ден и ноќ. Зашто самиот Господ рече: ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст, и нека оди по Мене; што значи секогаш да бидеш спремен до смртта, за исполнување на Неговите заповеди; зашто ќе гладуваш и ќе жеднееш; ќе поднесуваш досада и напади; навреди и гонења, и од други маки ќе бидеш натоварен, со кои се одликува побожниот живот. Кога ќе пострадаш од сето ова, радувај се, вели Господ, зашто голема е наградата на небесата; Нему нека Ме е слава во векови, амин. 

  Свети Авакум Солунски (+1628)

7/20 август

За животот на овој македонски светител нема многу податоци, само се знае дека пострадал заради верата во Христа во Солун, во 1628 година, во времето кога агарјаните навлегле длабоко на Балканот и насилно го потурчувале христијанското население. Неговиот свет спомен се слави на 7/20 август.

 

 

 

 Дедо Агатангел, Ви посакуваме успешно, во Христа, да расте монашката обител, под Вашето будно духовно раковоство.

На многаја лета.

Преминпортал

Извор: Повардарска епархија

Посети:{moshits}


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Митрополит Струмички Наум: БЕСЧУСТВИТЕЛНОСТ

Сега, прво ќе го цитираме великиот свети Јован Лествичник: „Бесчувствителниот... е безумен философ, учител кој со своето учење се осудува самиот себе, адвокат кој ја застапува противничката странка, слепец кој...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »

Православен календар

 

13/09/2025 -сабота

Празник на појасот на Пресвета Богородица; Свети Генадиј, патријарх Цариградски; Светиот свештеномаченик Кипријан; Свети Јован, митрополит Киевски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Столпник Симеон 14 септември/1 септември 2025

Тропар на св. Христов Столпник Симеон 14 септември/1 септември 2025

Симеоне свети подвижниче,подвиг пред Господа голем принесе,надминувајќи ја човечката природа на столб се подигна.Пастирот Христос преку тебе светилник на столбот...

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 13 септември/31 август 2025

Тропар на полагање на ризата на Пресвета Богородица 13 септември/31 август 2025

Богородице Приснодево, заштитнице на луѓето,ризата и појасот на твоето пречисто телоси ги дарила на твојот град како моќна ограда,

Тропар на преподобниот отец Христифор Римјанин  12 септември/ 30 август  2025

Тропар на преподобниот отец Христифор Римјанин 12 септември/ 30 август 2025

Молитвата како река протекува низ умот човечки,и ги согорува помислите на неговите богови,метаниите те предадоа на Божјото милосрдие,оче Христифоре преподобен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная