логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



 
Во издание на МПЦ Европска епархија, со благослов на неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г. Пимен, излезе од печат книгата „ОГНЕНА РЕКА“ на Александар Каломирос.
 

Книгата е издадена по повод 40 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква.
 


За „ОГНЕНАТА  РЕКА“

Да се живее според заповедите Христови секако не значи и живеење со розеви очила или чекорење по пат послан со рози по кој безгрижно може да се чекори и без притоа да се наидува на соблазни и искушенија. Се лажеме ако христијанството го разбираме така, согласно Христовите зборови; ако мене ме гонеа и вас ќе ве гонат (Јован 15,20). Христијанинот треба да го следи патот Христов, преку крст до воскресение. Сите ние што веруваме во Христа треба да веруваме и во Неговите зборови. И од чашата на страдањето, што Тој ја испи, треба и ние да пиеме. Треба да го следиме неговиот пат со вера во живот вечен и сходно на тоа на крајот на нашиот земен живот да бидеме спремни да застанеме пред Него, како пред праведен судија, и да ја добиеме нашата трајна определба во животот вечен, односно да се настаниме во рајот или пеколот во зависност од квалитетот на нашиот живот. Но сето ова, за оние што се надвор од Црквата Божја или пак за оние кои имаат рационална вера или се уште се на ропско или на наемничко духовно ниво, отвора низа прашања од типот на: Дали Бог е навистина добар; која е смислата на животот; дали Бог го создаде пеколот за да не измачува во него; дали сите ние треба да го исплаќаме првородниот грев на нашите прародители Адам и Ева...

Оваа мала книшка обидувајќи се да одговори на две прашања зададени уште на нејзиниот почеток, одговара и на сите други погоре поставени прашања, следејќи го и заклучокот дека наш непријател веќе не е атеизмот, туку искривеното Христијанско учење, кое своите искривени корени ги има на исток од пробивот на хеленскиот паганизам, а на запад од хуманизмот и рационализмот. Огнената река, на црковниот писател од грчко потекло, Александар Каломирос, во основа е една беседа одржана по покана на Американската православна црква пред нејзиниот верен народ. Согледувајќи ја потребата овие одговори да стигнат до што поголем број на христијани, организаторите на овој семинар се одлучиле да се издаде како книшка. И ние како Епархија, сакајќи да го одбележиме 40 годишниот јубилеј од возобновувањето на древната Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква, пристапивме кон превод и публикување на оваа малечка, но по својата содржина, богата книшка.
Митрополит Европски господин Пимен





Извадок:
III
Западните богослови често зборуваат за „Добриот Бог" (На пр., во Франција епитетот lе bоп diеu е речиси секогаш употребуван кога се говори за Бога). Меѓутоа, Западна Европа и Америка, никогаш не беа убедени дека таков Добар Бог постои. Напротив, го нарекуваа Бога добар на начин, на којшто Грците ги викаа клетвата и проклетството на сипаниците - ΕΥΛΟΓΙΑ (евлогиа) благослов, за да ги истераат и да ги маѓепсаат. Поради истата причина Црното Море беше нарекувано Ευ ξεινος Ποντος — гостопримливо море — иако реално тоа беше ужасно и несигурно море. Длабоко во западната душа, Бог беше почувствуван како опасен судија, Кој никогаш не ја заборава дури ни најмалата навреда што сме Му ја направиле преку нашето престапување на Неговите закони.
Ова јуридичко сфаќање за Бога, оваа сосема извртена интерпретација на Божјата правда, не беше ништо друго освен проекција на човечките страсти во теологијата. Тоа беше враќање кон паганскиот процес на хуманизација на Бога и деификација (обоготворување) на човекот. Ако не ги сфатите луѓето сериозно се лутат и гневат, и тоа го сметаат за понижување, коешто само одмазда може да го отстрани, било со злосторство или со двобој. Ова беше световно, страсно сфаќање на правдата што преовладува во умовите на т.н. „христијанско" општество.
Западните христијани на истиов начин размислуваа и за Божјата правда. Бог, бесконечното Суштество, бил бескрајно навреден од Адамовата непослушност. Он одлучил вината на Адамовата непослушност да се пренесе подеднакво на сите негови деца, и сите да бидат казнети со смрт поради Адамовиот грев, којшто тие не го извршиле. Според западните богослови, Божјата правда функционира како крвна освета. Не само човекот кој те навредил, туку и целото негово семејство мора да умре. И она што до безнадежност беше трагично на луѓето, беше тоа дека ниту еден човек, ниту целото човештво, не може да го задоволи навреденото Божјо достоинство, дури и ако сите луѓе од историјата би биле жртвувани. Божјото достоинство би можело да се спаси само ако Он би можел да казни некого со исто достоинство како Него. Па така, за да ги спаси и обете, Божјото достоинство и човештвото, не постоела друга можност освен воплотувањето на Неговиот Син, па така, човек со Божествено достоинство да биде жртвуван за да се спаси Божјата чест.

***


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

« »

Најнови вести

Православен календар

 

13/08/2026 - четврток

Свети Евдоким; Светата маченичка Јулита; Свети Јосиф од Ариматеја;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная