логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



  aco.radisani2.jpg


- Радишани, 2008)

aco.radisani1.jpgСветата православна црква, секоја година на овој ден нe   потсетува дека во историјата на христијанството, проповедал и живеел според верата Христова, еден од големите духовници, преподобниот Наум Охридски, познат и почитуван надалеку.

По овој повод Црквата, земајќи го свети Наума за пример, н# поучува дека  верата без добри дела е празна и не дава плод;  ете, затоа потребни се духовни подвизи еднакви, или барем приближни на оние што ги правеле светителите.

Денес служевме и се молевме заеднички на нашиот Господ Бог, од Кого ги просевме даровите на Светиот Дух, а кои се: мудрост, разум, совест, сила, знаење, побожност, страв Божји. Го чувме, исто така,  Христовото евангелие, кое е пат, вистина и живот. И пред тоа, пак,  во апостолот,  си спомнавме за  дарови од плодовите на Светиот Дух, а тие се: љубов, радост, мир, трпение, добрина, милосрдие, вера, смирение, воздржаност.


Почитувани слушатели,
            Црквата на различни начини поучува, подобро речено, различно ги воведува своите верници во повозвишен духовен живот. Меѓутоа, најуспешно  тоа го прави преку литургијата:
- во која обичните верници стануваат учесници на благодатта;
- преку проповедта на евангелието кога слушателите непосредно се среќаваат со Божјото Слово и конечно,
- преку примерите на светците и светиите - тие живи исполнители на евангелските пораки - кога биваат охрабрувани во своите духовни подвизи.

aco.radisani1.jpgИ да знаете браќа, дека целото Евангелие порачува дека треба:
-  да се остави помалото заради поголемото,
-  минливото заради неминливото,
-  заодното заради незаодното,
-  евтиното заради драгоценото,
-  лошото заради доброто.

Кога Евангелието не би ветувало поголеми вредности, тогаш кој би ги оставил помалите? Кога не би го  откривало сјајот на скапото богатство, кој би го науштил евтиното и незначајното? Кој доброволно би го предал својот живот на страдање и смрт, ако не го предвкусил бесмртниот живот? Господ Исус Христос е духовното богатство браќа, поскап е од сите светски богатства, поскап е дури и од овој живот, бидејќи дарува бесмртен живот.

 Светителите и Божјите угодници знаеле за благодатта и за силата на Евангелието, па затоа по него и постапувале. На пример: Свети Никола ги отстапувал почестите како на владика и не ја присвојувал наградата што му ја давале луѓето - во име на  милосрдието кон сиромашните; Света Петка го оставила светот - во име на подвижништвото;  Светите Апостоли семејствата свои - во име на  ревноста во верата Христова; Свети Димитриј и Свети Георгиј, потоа, Свеа Злата Мегленска и Свети Георгиј Кратовски, младоста и убавината ги замениле со мачеништво - во име на одбрана на верата православна и, конечно, преподобниот Наум Охридски, минливите нешта од овој свет - во име на подвижништвото, молитвата и богомислието.

Ете, гледате, секој светител е исполнето Евангелие и претставува оживотворено и конкретизирано Слово Божјо. Секој од нив  е исполнител на Евангелието, според зборовите на светиот апостол и евангелист Матеј, кој вели: “И така, секој, што ги слуша и исполнува овие Мои зборови, ќе биде како благоразумен маж, кој си направил куќа на камен” (Матеј 7, 24).

Па, така, кога Црквата го прославува свети Наума, на пример, поради неговиот богоугоден живот, не  повикува и нас, да го подржаваме доследно, според нашите сили и можности. Ако свети Наум бил духовен лекар на слабите, изнемоштените и бедните - тоа можеме и ние да го правиме, според нашите сили и можности. Ако свети Наум лекувал болести - ние, пак, можеме да бидеме полезни за болните и изнемоштените луѓе, особено за во староста и немоќта нивна. Доколку го следиме патот на овој Божји угодник, кој се овенчал со дарот на чудотворство и сила - ќе ни станат лесни христијанските подвизи за придобивање на добродетели.

Нека по молитвите на преподобниот наш Наум, ни  биде испратена и нам благодатта на нашиот Господ Исус Христос, која крепи и лекува, та да се радуваме на Божјите убавини што ни се дадени во изобилие.  Амин!

aco.radisani3.jpg
Посети:{moshits}

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

22/06/2026 - понеделник

Петровденски пости; (строг пост)

+Свети Кирил, архиепископ Александриски; Свети Кирил Белоезерски; Свети Алексеј Мечев;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ  22 јуни/ 9 јуни 2026

Тропар на св. Христов архиепископ Александриски КИРИЛ 22 јуни/ 9 јуни 2026

Оној кој солзи лее за вистината, се радува во небесната слобода,

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная