логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

На 17 јуни 2007 година, на третата недела по Педесетница, на денот кога Православната Црква го празнува Св. Митрофан Цариградски, Св. Марта и Марија, Митрополит Американско-канадски г. Методиј отслужи Архиерејска Божествената Литургија, во црквата "Св. Параскева Петка" во Чикаго, Илиноис.
Беседа:

"Возљубени браќа и сестри, навистина како што сведочи нашиот Спасител, нема поскапоцено од човекот, зошто и Бог, љубејќи го толку многу, го предаде својот Единороден Син за негово спасение. Ако е тогаш тоа така, ако навистина голема е цената со којашто е искупено нашето спасение, тогаш треба во се и постојано да му бидеме послушни на Бога. Зошто сето тоа што Бог ни го кажува и го гледаме пред нас, и цвеќињата и птиците и сета природа којашто не опкружува, сетоа тоа живее според промислата Божја и секоја душа и се приклонува на вољата Божја. Тогаш и ние, уште повеќе, бозљубени, со сето свое срце, со сета своја воља треба да и се приклониме на вољата Божја зошто нема поблажено од тоа човек да се предава на промислата на живиот Бог. Тогаш нашата грижа ќе биде грижата за нашето спасение, грижата за тоа дали во се и на секој начин му угодуваме на Бога. Дали во се и на секој начин го исполнуваме словото и законот Божји зошто за сето друго Бог се грижи. Наше е пак, постојано да проникнуваме во Неговите науки, во Неговите слова и поуки, читајќи го Светото писмо, проникнувајќи во Светото Евангелие се до оној момент кога нашето срце навистина ќе се зарадува заради таа радостна вест - веста за нашето спасение. Таа започнува со Христовото воплотување, таа продолжува во царството небесно во сите векови. Таа радост е радостта дека Бог навистина се погрижи за човекот, а нашата грижа за себе и за нашите блиски треба да се состои токму во тоа, во се да се сообразиме со таа грижа. Да се грижиме за тоа што чувствува нашиот брат, кои се неговите таги, кои се неговите потреби, која е неговата радост, зошто на тој начин постапуваа и светите Апостоли. Кога Бог им зборуваше на луѓето тогаш Апостолите дојдоа при Него и му рекоа: Спасителе, овие луѓе се цел ден тука, гладни се, отпушти ги да си земат нешто за јадење, а Тој тогаш им рече, дајте им вие да јадат. И навистина, во овие едноставни зборови, Бог ја искажа сета премудрост на нашата грижа за ближниот. Не очекувајте некој друг да го стори тоа. Вие погрижете се едни за други, а Бог пак, по тој образ ќе се грижи за сите нас. Грижата не се состои само во нашето сочувство, се состои во нашето постојано делување, работење и живеење во служба на нашите ближни. Зошто ако им служиме на ближните, му служиме и на Бога. Ако си служиме себе си, му служиме на Мамона. Токму и заради тоа Бог ја направи таа разлика велејќи дека не може човек да му служи и на Бога и на Мамона. Не можеме да ја исполнуваме нашата воља и Божјата воља истовремено. Не можеме да си служиме себе си и на Бога и на нашите ближни истовремено. Туку ќе го стекнуваме спасението кога служејќи им на ближните и служејќи му на Бога служиме на сопоственото спасение. На тој начин се исполнува вољата Божја зошто и Бог не се поштеди себе си. Не го поштеди и својот возљубен Син туку во се и секогаш ни се предава нам. Синот преку евхаристиската жртва давајќи ни се себе за вистинска храна и вистински напиток, за вистински лек. Светиот дух преку светите нетлени енергии. Бог Отец преку постојаното создавање и промисла за овој свет. За неговото постоење. За неговото спасение. На тој начин Бог му служи на човекот, на тој начин и човекот треба да му служи на Бога, во се и секогаш предавајќи му се Нему, на Неговата света воља, на Неговата света промисла. Амин. "

По Божествената Литургија, Неговото Високопреосвештенство ја освети иконата на Св. Никола, Мирликискиот Чудотворец, зографисана од Славица Лазаревска.

 
 
 
 
 

Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

21/06/2026 - недела

Петровденски пости; (риба)

Св. Ефрем, патријарх Антиохиски; Преп. Зосим Финикиски; Пренос на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная