логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...

Stefan.Panihida.Goce

Панихида по повод 152 години од раѓањето на Гоце Делчев

 

Денес, по повод одбележувањето 151 година од раѓањето на великиот македонски револуционер Гоце Делчев, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со свештенослужители на Скопската епархија, отслужи Панихида пред Гоцевиот гроб, во дворот на храмот ,,Вознесение Христово” (,,Св. Спас”), крај Скопско кале.
На молитвеното застапништво за овој велик син на Македонија, Архиепископот ја произнесе следнава беседа:

 

Stefan.Panihida.Goce1

ДАЛИ СМЕ ДОСТОЈНИ ЧЕДА НА ГОЦЕ?

Возљубени потомци и почитувачи на Гоце,

            Еве, со денешниов ден, поминаа 152 години од раѓањето на Гоце, а по три месеци ќе се навршат и 121 година откако тој го даде својот млад живот за слободата на Македонија. Времето тече, поколенијата минуваат, но, и покрај откажувањата од него и предавствата кон него, споменот за Гоце меѓу нашиот народ останува, а и љубовта кон него не се намалува.

            Наоѓајќи се овде, пред неговиот гроб, покрај неговите мошти, на местово што тој го одбра за да почива – во главниот град на независна Македонија, секој од нас и сите заедно треба да размислуваме не само колку ние се гордееме со него, туку и колку и дали Гоце се гордее со нас?! Потребно е и да се запрашаме колку и дали за достојни родољупци нè смета Гоце и колку и дали, гледајќи ги нашите поединечни и заеднички дела, во нас согледува свои вистински чеда, кои ги чуваат и се подготвени да ги бранат неговите идеали и аманети, аманетите на неговите собраќа и соборци, како и аманетите на сите коишто своите животи ги положиле во буните, востанијата и борбите за слободна Македонија?!

        Зашто прославувањето на нашите народни јунаци и херои, на оние коишто, како и Гоце, се воделе со максимата на великиот поет (Хорациј), кој рекол: „Слатка и прекрасна е смртта за Татковината“, не смее да се состои само во одбележување на годишнините од нивните родендени и од нивните саможртви, туку треба да биде и во споделување на нивната љубов кон својата Татковина.

         Затоа постојано, а особено овде, стоејќи пред вечниот дом на Гоце, да се запрашаме: дали навистина Гоцевите родољубие и домољубие се и наши!? Па, Гоце и многубројните комити и борци, борејќи се храбро, се дадоа себеси за слободата на Македонија. А што, пак, даваме ние?! Бакнувајќи го Евангелието, Гоце и неговите соборци се заветуваа: „Слобода или смрт!“ – за Татковината, и на дело ги потврдуваа своите зборови! Колкумина од нас денес се подготвени да го речат и, особено да го исполнат тоа?! А во ова време на секојдневни искушенија, најмногу е потребно да внимаваме на себеси, на она што сами си го правиме, како на морален и духовен, така и на национален и политички план. Нема, или би била тешка иднината ако она што го работиме не се гради врз правда, вистина и љубов! Нашите предци се примери на кои и денес треба да се угледуваме, дека љубовта кон Татковината и кон родот се потврдува со дела и со жртви, и само на тој начин можеме да им се оддолжиме за сè што ни оставија. Крајно време е да го сфатиме тоа! Крајно време е да увидиме дека Македонија не е само парче земја, не е само географија, туку е библиска и овековечена земја, е земја, како што велеше Горан Стефановски, со „свето име“!

           Затоа да придонесуваме за да им биде и да им остане вечен споменот и на Гоце и на сите коишто себеси се дале за нашата слобода! Ние, пак, достојно да живееме според нивните идеали, и нашите идни поколенија да ги учиме на љубов кон верата, кон родот и кон Татковината, та да продолжат да опстојуваат и да торжествуваат и македонската држава, и Македонската Црква, и македонскиот јазик, и македонската култура и историја – и сè што е македонско!

Вечен нека му е споменот на Гоце, и довека нека траат неговите идеали и неговата и наша Македонија! Амин!

Stefan.Panihida.Goce4

Stefan.Panihida.Goce2

 Stefan.Panihida.Goce3

Скопска епархија

 

https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/152-godin%d0%b8-od-raganjeto-na-goce-delcev-2024/

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем,...

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

БEСEДА  за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

БEСEДА за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и...

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Одделувањето на човекот од демонот е исто што и барање Божја, а не човечка правда. Секогаш сме ние виновни и никој друг, затоа што сме различни од Богочовекот Христос.Да повторам:...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети великомаченици Екатерина и Меркуриј

Во денешно време се водат кампањи за рамноправен третман на лицата со посебни потреби од типот на оваа подгрбавена жена. Но дали ние не сме тие кои покрај овие луѓе...

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Одговорот е во слободата. Видливо демоноопседнатиот не можеше сосема слободно да одлучува за себеси и Христос можеше да му се смилува без учество на неговата слободна волја, додека, пак, суптилно...

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат...

« »

Православен календар

 

07/01/2026 -среда

Рождество на Господ Исус Христос-Божик

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја  8 јануари/  26 декември  2026

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја 8 јануари/ 26 декември 2026

Дојдете сите верни ум да подигнеме кон Небесата, со Ангелите да ја восфалиме ОнааКоја е поширока од Небото,умилно песни да...

Тропар на Рождество на Господ Исус Христос – Божик  7 јануари/25 декември 2026

Тропар на Рождество на Господ Исус Христос – Божик 7 јануари/25 декември 2026

Глас 4Раѓањето Твое, Христе Боже наш,светот го озари со светлината на разумот;преку неа, служителите на ѕвездите се учеаод ѕвездата, да...

Тропар на светата преподобномаченица Христова ЕВГЕНИЈА  6 јануари/24 декември  2026

Тропар на светата преподобномаченица Христова ЕВГЕНИЈА 6 јануари/24 декември 2026

Евгенија, света Евгенија – небото повикува, вселената се радува.Природата светителке е во твоите раце – од благодат врз благодат огнот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная